Ете така, отварам денешно Време и читам, што ќе читам. Ќе го носеле Аце наш преку Драч, не смеело преку Солун. Јас навистина незнам до кога владава наша ќе размислува вака нерационално. Идејата за споменик на Александар е супер, меѓутоа ако малце се потруделе и размислеле, можеле со еден удар да решат 2 ако не пак и 3 муви.
Споменик на Александар на коњ според мене е чиста глупост, требало да го направат во љубовна поза и тоа хомосексуална. И така веќе е историски докажано дека човекот имал чудни сексуални ориентации, впрочем го имаше веќе на филм, па мора да било вистина. Со самиот тој чин ќе бевме нашироко прифатени во Европската Унија па и во НАТО. Познат факт е дека со Европската Унија раководат педерчињата во Брисел, и цело време ене се залагаат за права на хомосексуалци.
Со тој чин ќе се истакневме како земја со најширока демократија во регионот и автоматски ќе бевме осудени од Грција, кои на времето го осудија и филмот за Аце. Поради таа осуда а поради самиот чин дека се работи за хомосексуална скулптура Европската Унија автоматски ќе мораше да се стави на наша страна, и само ќе потврдеше дека ете Аце сепак бил наш. Нам немаше да ни пречи, пошто економската ситуација ќе процветаше од одма, од сите оние туристи што ќе почнеа да доаѓаат од Европа за да ја видат скулптурата, плус ете ќе се промовиравме во општество што е едно од најнапредните во историјата на човештвото.
Покрај сите оние уставни промени што ги направивме до сега, при што сите малцински групи па и до 1 човек се со поголеми права од мнозинството, оваквиот чекор ќе беше само најлогичен и разбирлив. Уште една мува, никој немаше да сака да гради црква или било каков верски објект на плоштадот. За авторката на скулптурата само слушнав дека била млада и дека ова и било едно од првите уметнички дела. Ако правеше скулптура на Александар во хомосексуална поза, тоа само по себе ќе беше една радикална идеја, возвишена и голема како Микеланџело и Систинска Капела, Леонардо Да Винчи и Мона Лиза, што само ќе ја промовираше авторката во уметница од голем калибар, која твори далеку пред своето време...
Последни коментари