Берлин одби веронаука во училиштата

Само 14,1 отсто од граѓаните во Берлин гласаа за предлогот на групата "Про-рели" да се смени законот така што учениците би можеле да бираат меѓу етика и веронаука, а муслиманите, католиците и протестантите би го учеле предметот одделно

Предлогот веронауката да добие ист статус како часовите по етика во училиштата во Берлин падна на референдум и покрена дебата во Германија за толеранцијата и интеграцијата на муслиманите.

Секуларната етика е задолжителен предмет во Берлин од 2006 година откако една Турчинка беше убиена од својот брат поради нејзиниот западњачки начин на живот. Додека веронауката, којашто е задолжителна во повеќето други германски држави, е изборен предмет во Берлин.

Поборниците за веронаука сакаа да се смени законот така што учениците би можеле да бираат меѓу етика и веронаука, а муслиманите, католиците и протестантите би го учеле предметот одделно. Но само 14,1 отсто од граѓаните со прво на глас во Берлин гласаа во корист на предлогот.

Тоа беше далеку од потребните 25 отсто гласови "да", односно 611.422 гласови од вкупно 2,45 милиони гласачи. Официјалните податоци покажаа дека 51,5 отсто се противат на предлогот, а 48,4 отсто го поддржуваат. На гласање излегле 29 отсто од гласачите.

Референдумот разбранува силни емоции во Берлин. Активистите за етика велат дека веронауката предизвикува поделба и воведува претежно христијанска агенда.

"Ова е показател дека оние во 'Про рели' (За религија) кои ова го претставуваа како прашање на 'слобода' - божем нe очекува инвазија од Русите - не се во допир со реалната ситуација во Берлин", изјави градоначалникот Клаус Воверајт кој силно се противи на мерката.

Кристоф Леман, кој ја водеше кампањата "Про рели", во која беа вклучени славни имиња од цела Германија, меѓу кои и конзервативната канцеларка Ангела Меркел, вели дека е разочаран од гласањето, но е задоволен од ефектот на референдумот.

"Ова беше корисна расправа", изјави тој за една телевизија. "Веќе неколку месеци Берлин, за којшто многумина мислеа дека е атеистички град, разговара за религијата".

По Втората светска војна властите се обидоа преку црквата да ги зацврстат вредностите кај луѓето скршени од ужасите на војната и холокаустот. Во Германија има речиси исто присуство на католици и протестанти, но Берлин има дамнешна секуларна традиција. Тука се наоѓа и најголемата муслиманска заедница, што се состои претежно од Турци, од околу 220 илјади жители.

Слика на гоце

Ццццц,

Ццццц, комуњари.

--
Лоша вест: Македонија ќе се подели на два дела
Добра вест: Нашиот ќе биде поголем

Агрегирање содржина