Пиратите потонаа

Питер Сунде: Виновен. Фредрик Неиј: Виновен. Гофрид Свартхол: Виновен. Карл Лундстром : Виновен. Секој од обвинетите ќе добие по 1 година казна затвор и парични казни во вкупен износ од 3.620.000 долари. Пиратскиот залив падна!

"Судот на стокхолмскиот регион денеска осуди четири лица обвинети за прекршување на законот за авторски права. Обезбедувајќи вебсајт со добро развиени функции за пребарување, лесно аплодирање и простор за зачувување, и со тракер поврзан со вебсајтови, обвинетите го поттикнале криминалот сторен од лицата што споделуваат фајлови," стои во соопштението на судот.

Иако се обидуваа да се бранат како поединци, судот одлучи четворицата во случајот со Пиратскиот залив да ги суди како тим. Според судот, четворицата работеле заедно, биле свесни дека преку нивниот сервис се споделува авторски заштитен материјал, дека тие го олесниле истото и дека помогнале во прекршувањето на законот.

Во одлучувањето, судот решил да не ги зема во предвид техничките детали понудени од одбраната и да одлучува чисто врз основа на тоа дали постоела намера кај обвинетите, по што заклучиле дека има јасна намера на обвинетите да се поттикне споделување на дела заштитени од авторски права.

Иако судот ги отфрлил претераните барања за оштета поднесени од тужителот, сепак тој побара од 4-та обвинети да исплатат штета во вредност од 3,62 милиони долари.

Запрашан дали ова ќе значи дека и другите сајтови кои имаат линкови до торенти, како на пример Гугл, ќе бидат прогласени за нелегални, главниот судија одговорил дека одлуката се однесува само на овој случај.

Питер Сунде го прогласи судењето за "лажно," и на кратко порачал дека сите се изненадени од неговиот исход.

"Ние не можеме да платиме и не би платиле и да можеме. Ако ги имав парите, јас попрво би запалил се што поседувам," изјавил Сунде.

Адвокатите на обвинетите веќе поднесоа жалби против одлуката.

Слика на гоце

Цитат: На

Цитат:
На пресудата кратки и се нозете

И од тоа толку беше. Адвокатот на еден од осудените во случајот против Пиратскиот залив, побара повторување на судењето откако истрагата покажала дека главниот судија во случајот е член на истите организации за заштита на авторските права, како и неколку претставници на ентертејмент индустријата.

"Ова ќе биде истакнато во мојата жалба, па Апелациониот суд нека одлучи дали одлуката на првостепениот суд треба да биде ставена на страна и целиот случај да биде преиспитан," изјавил Петер Алтин, адвокатот на Петер Сунде, портпаролот на Пиратскиот Залив.

Според Алтин слична ситуација имале уште пред почетокот на судењето, кога заради можни врски со музичката индустрија, првиот судија на случајот бил исклучен.

Судијата Томас Норстром е член на Шведската асоцијација за авторски права, во која членуваат Хенрик Понтен, Петер Дановски и Моника Вадстед, кои ја застапуваа ентертејмент индустријата во случајот против Пиратскиот залив. Норстром е член и на Шведската асоцијација за заштита на индустриската сопственост група која се бори за воведување на построги правила за заштита на авторските права.

http://on.net.mk/default-MK.asp?ItemID=691C1708730C8B4F8F930C98ABE44D1C

--
Лоша вест: Македонија ќе се подели на два дела
Добра вест: Нашиот ќе биде поголем

Слика на toomuchisnotenough

еве какво

еве какво влијание имаше судскиот процес на членството во пиратската партија:


__________________
Седите дома со пенисот и маусот во рака и замислувате музеи.
-vikky

Слика на гоце

Никакво, или ти

Никакво, или ти фали линк?

-
Лоша вест: Македонија ќе се подели на два дела
Добра вест: Нашиот ќе биде поголем

Слика на toomuchisnotenough

од формирањето

од формирањето на партијата, некаде 2006, по благ пораст членството се стабилизира на околу 10к. од почетокот на процесот наваму, тоа расте на над 35к.
__________________
Седите дома со пенисот и маусот во рака и замислувате музеи.
-vikky

Слика на дамјан

сликата која ја

сликата која ја ставил не постои веќе таму

Слика на гоце

џабе им е, не ми

џабе им е, не ми е баш јасно како ќе се борат против енкриптиран p2p. а the pirate bay е сеуште online и така и ќе остане.

--
Лоша вест: Македонија ќе се подели на два дела
Добра вест: Нашиот ќе биде поголем

Слика на Новица

па ако

па ако судството е слично (а би требало да е) пресудата на судот нема да се спроведе додека не стане правосилна... така што следат жалби, за што ќе треба сигурно пар години. а второстепениот суд може и да ја урне првостепената пресуда.

--
Don't attribute to malice what can be explained by incompetence.

Агрегирање содржина