Време е да се соочиме со вистината - забраните за употреба на дрогите не функционираат и никогаш нема да профункционираат!
Обидите да се спречат луѓето да го прават тоа што сакаат да го прават, кога тоа не прави никаква штета на било кого друг, се осудени на пропаст сè додека луѓето сакаат да ги прават тие работи.
И за на крајот на уводот, тоа што се залагаме за легализација на дрогите не значи дека сме наклонети кон нив. Легализацијата е перфектно логична позиција која треба да ја делат сите, без оглед на политичките убедувања.
Решението:
Зошто легализацијата на дрогите е единственото разумно решение
Решението на војната против дрогите е очигледно! Но зошто не е на усните на СИТЕ политичари?
Еве го:
1. Легализација на сите дроги
2. Дозвола луѓето да произведуваат/растат сè што сакаат
3. Класификација на дрогите на такви за кои треба рецепт од доктор и на такви
кои можат да се продаваат отворено (како марихуана и алкохол)
4. Дозвола само за личности над 18 (или на било која друга возраст одредена
со закон) легално да купуваат дроги. Потешките дроги ќе бидат препишувани од
доктори/фармацевти/хемичари, но само после консултација со која ќе се обезбеди
сигурност дека корисникот ги знае сите ризици и ќе се одредат безбедните дози.
Марихуаната ќе може да се продава во трафики и продавници исто како што алкохолот
се пордава сега
5. Стандардизација на дрогите
6. Третирање на зависноста како болест и обезбедување на медицински услуги кои
ќе им помогнат на зависниците да се справат со нивниот проблем
7. Оданочување на дрогите и искористување на профитот за часови по училиштата,
контрола на квалитетот, помош за зависници и обучување на соодветни медицински
лица
8. Остри казни за било кој што ќе обезбедува дрога за малолетници (да речеме
10 години затвор)
9. Остри казни (големи парични казни и затвор) за секој што ќе повреди друг
додека е под влијание на дроги. Не треба да се прави разлика дали е во прашање
алкохол или било која друга дрога. Возењето под дејство на дроги исто така треба
да се третира како тежок прекршок, сеедно дали некој е повреден или не. Тоа
е обид за убиство. Остри казни (служба на општеството во период од неколку години
или затвор) треба да бидат применети во случај на возење под дејство на дроги.
10. Давањето на дрога на друга личност без нивна согласност треба да се смета
за сериозен прекршок, казнив со затвор.
Резултатите од легализацијата на дрогите:
Основање на цврсти темели за нашата иднина и за иднината на нашите деца
Решението кое го предлагаме треба да има јасна порака до сите: Ако си на одредена возраст препишана со закон, можеш да правиш самиот со себе сè што сакаш, сè додека не предизвикуваш штета, сеедно дали намерно или не, на било кој друг. Ако користиш дроги и направиш било каква штета, или пак правиш нешто под влијание на дроги, како на пр. да возиш, што може да предизвика штета, тогаш си во голема невоља.
Како цивилизација треба да ги респектираме индивидуалните права, а како индивидуи треба да обезбедиме дека ги почитуваме правата на другите, а со нашите постапки не смееме да повредиме некој друг. Со слободата доаѓа и одговорноста, а со одговорноста доаѓа и спремноста да ги прифатиме последиците од нашите дела.
Со легализирањето на дрогите од точките 1-10 од погоре ќе го постигнеме следното:
1. Луѓето кои сакаат да користат дроги ќе можат да го прават тоа без да бидат
криминалци
2. Децата нема да доаѓаат ов контакт со криминалното подземје во степен како
сегашниот. Ретки ќе бидат тие луѓе кои ќе имаат било каков допир со криминалците
3. Смртта од дроги и медицинските трошоци рапидно ќе опаднат затоа што квалитетот
на дрогите ќе биде контролиран и нема да бидат мешани со штетни супстанции кои
во најголемиот број на случаи ги предизвикуваат медицинските проблеми. Прекумерните
дози ќе бидат многу ретки затоа што корисниците ќе си ја знаат правилната доза
4. Сите пари направени од дилерите на дрога ќе останат во меинстримот на општеството,
а не да одат за финансирање на други криминални активности.
5. Уличниот криминал скоро и ќе исчезне, заедно со неговата главна причина,
добивање на пари за зависникот да стигне до неговиот следен фикс
6. Зголеменото делење во општеството помеѓу полицијата и граѓаните генерално
ќе дојде во обрата ситуација, затоа што повеќе „злосторствата без жртва“ нема
да се нелегални
7. Наместо милионите кои се слеваат кај криминалците владите ќе можат да собираат
даноци на дрогите кои ќе се продаваат легално и лиценцирано во специјални дрогерии,
аптеки, продавници и трафики. Не може да се победи ваква влада! Разбудете се
политичари!
8. Новиот респект за индивидуалните права ќе ни го зајакне општеството
9. Возењето под дејство на дрога ќе биде сериозен престап и во случаи кога никој
не е повреден
10. Детската фасцинација од дрогите, чиј дел е предизвикан од сегашната нелегалност
и анти-естаблишмент диспозиционирањето, ќе се намали рапидно. За дрогите ќе
може отворено да се дикутира, и иако експериментирањето нема да престане (како
што никогаш не ни престанало во случаите со цигарите и алкохолот), интересот
за потешки дроги ќе опадне, затоа што нивните „улични“ врски со дилерите ќе
исчезнат.