Барам Дајте Музика
Испратено од GoGi_hk на 12 април, 2009 - 23:48
Пред некој ден, една другарка ми спомна дека се појавува на насловната шпица на втората сезона на Дајте Музика.
Правејќи се фраер, пробав да ја најдам под дрво и под камен за да видам како изгледало девојчево и да падне некоја заебанција, но не успеав. Во глобала, прилично сум изненаден што на youtube не можам да најдам многу од златните македонски серии, пример Опстанок, Наше Маало, Бушава Азбука, Дајте Музика...
Се наоѓа ли меѓу вас некој што може да го uploadне клипот сто ми треба и да прати линк? А се наоѓаат ли некои што ги имаат гореспоменатите серии на VHS и би можеле да ги шернат, па да се присетиме на старите добри времиња?
Поздрав и фала однапред!
»
- Најавете се или регистрирајте се за да испраќате коментари
- 1820 читања

Јебала те
Јебала те телефакинпатија :)
Ја вчера тргнав на барам ДАЈТЕ МУЗИКА, па се пишманив (ме замкнаа по кафани), а некако мислев дека ќе најдам на јуѕјуб, не знам зошто бев сигурен?
Не, мене никој не ми се фалеше, туку ја му се фалев на син ми дека ќе му пуштам музика од мое време, и дајте музика ми беше главна фора-таа му ја пејам нон-стоп :)
Ај . .све бива, може ја има некој . .
De gustibus non est disputandum ! ! !
Има некои
Има некои епизоди од бушава азбука на ѕоутубе ама ужасно ја преработиле и џабе везеш, не е то то а за дајте музика немам појма. И јас ги сакам ствариве. И Едно Лето со онаа култната мелодија што ја преработија суперхикс :)