декриминализација сега?!
една од главните претпоставки врз која што почива јавната политика против дрогата вели дека легализираните дроги би довеле до значително зголемен број нивни уживатели, со очигледни негативни последици по поединците и општеството. теоријата заснована врз ваквата претпоставка е ненаучна на суштинско ниво, бидејќи не дозволува да биде проверена: доколку изведеме експеримент (преку легализација или декриминализација), работите наводно неповратно би се оттргнале од контрола препоставката останува непроверена, бидејќи ниедна земја не би се осмелила на ваков опасен експеримент.
или можеби би се?
како некој што се смета за информиран љубовник на добриот молекул, се најдов засрамен пред себе си кога дури мината недела разбрав дека во 2001 португалија ги има декриминализирано сите видови дроги, што ќе рече дека казните за обичните уживатели се административни, а не криминални.
минатиот петок, институтот като ги промовираше наодите од истражувањето за резултатите од измената јавна политика. како најважен би го издвоил фактот дека бројот на адолесценти што користат дрога е значително намален, а во некои случаи и повеќе од преполовен:
за останатите резултати, вклучувајќи го и извештајот и видео записот од минатопеточната презентација, ве упатувам на блогот на авторот.
за жал, јавната политика по ова прашање сеуште е е мотивирана од страв, патернализам и предмодерни морални норми. веројатно ќе треба да помине уште десетици години пред некој сериозно да ги земе предвид емпириските резултати од овој смел и прогресивен експеримент.
- Додај нов коментар
- 3500 читања

тмине, мислам
тмине, мислам дека е чиста утопија да размислуваме во тој правец, а истото би се однесувало на нашата ни држава, со оглед на тоа дека има уште купишта леб да се јаде до таков потег на која е и да е влада, гарнитура, луѓе.
ако мислиш дека некој наш фиљан чоек ќе се најде за сериозно да го разгледа (не да погледне резултати, само да разгледа) овој експеримент, мислам дека ќе се разочараш.
кога открив дека имам глауком, др ми рече: е сега да си во некоја фина држава, медицински грас ќе си имаш на регуларна база, и нема да имаш потреба од хемијава што ти го ебава окото додатно. да не зборам за другите ефекти на лековите за ова.
јебига, со надеж дека барем ќе доживееме некоја промена по ова прашање, ќе си мислам на медицинските својства, позитивни а и негативни на ксалатанот и на конопот. преферирам второто, поарно е од еден куп аспекти.
И така,го сретнав Фикрет и Фикрет ми даде нешто бело и ми рече,на пробај,у пизду материну е добро
Цитат: тмине,
од негде ваљда треба да се почне, вака или така овие луѓе ќе си одат, па ќе дојдат нови, добро е и нив да не ги изненади оваа тема
Цитат: тмине,
У САД коа треба да се протне некој непопуларен закон, го ставаат у пакет со 2-3 закона кои имаат bipartisan support.
Така треба и ние „љубителите на добриот молекул“ да направиме. Да се излезе на протести за декриминализација на лесни дроги ама и за право на неоданочено печење ракија и правење бесвес` од неа.
И ај после тие од Припор и Таор да видам да дојдат и да не тепаат. ;)
Абе се мислам
Абе се мислам дека изборот за избор ни е тесен. Имаме колку што знам два табори да бираме, и еве, колку години....19, имаме 2 избора. Смрди на тиња и не се мењаат, никако да се појават нови, а мора да признаеме 19 години не се малце, ама ич!
Да не бидам разбрана у погрешен правец, јас сум за целиов муабет, сметам дека контраефект може да биде само нешто подобро, а не полошо (иако, нели ни таа можност не е исклучена) ама сум малку песимистички свртена кон менувањето на луѓево. Мислам дека од кога сум родена се едниве или другиве (океј, од кога станав веројатно свесна за себе), па дека ништо не се сменило никад!
Ацева, ти текнуе на син камен муабетот? 100% сум сигурна дека ти рече тогаш боље нек се декриминализира, легализира, па да не се дува секакво ѓубре. Барем ќе имаш регуларни места за продажба и нема да има изненадувања од типот: трева прскана со син камен.
И така,го сретнав Фикрет и Фикрет ми даде нешто бело и ми рече,на пробај,у пизду материну е добро
декризација сега!!!
ако даде господ (се крстам) се случи ВИЗНАТА ЛИБЕРАЛИЗАЦИЈА дефинитивно треба Португалија да се посети и на лице место да им се честита и изрази подршка со поздрав од нашите краишта за да се фати магијата. За жал во Македонија сеуште постојат места каде е забрането да се продаваат папири? да!! да!!. а камоли да зборуваме за легализација на лесни релаксирачки дроги. се надевам дека ке бидам жив да дочекам таква срека и слободно да си одберам кога и што ке дувам.
Хах бе не ме
Хах бе не ме смеј, 28.03.2009 тој датум запомни го. Наредниов период ќе биде интересен, не поради двете гарнитури што 15 години си префрлуваат топка (сега е само една). Едноставно не верувам во нареден период да се појави некоја трета опција. Зошто е така? Зошто на сите така им одговара. Јас сум за делумна декиминализација, само што во реалноста, со овој менталитет на народот, не верувам дека ќе се случи. Пробај, направи иницијатива, истражување од економска и здравствена точка, да имаш поджан предлог закон, собери 10.000 гласа. Ова како идеја само се збори, не глеам никој дека направил нешто во врска со тоа. Правен е муабетов пред 4-5 години, пола од луѓето што ги прашав, не ни сакаа да се потпишат. Кога можеа тогаш да се плашат, зошто некој би ти се потишал сега ? За слобода на говор не се собраа луѓе, па за декриминализација. Па и што е битно на крај, жуто е 100че, идеме на сонце, пичиња и шема.
Уште нешто, за вакво нешто да се протурка, треба сериозност и упорност :) кој ќе се замара со тоа.
WE SHALL OVERCOME :)))))
Ајдеее... Се
Ајдеее...
Се собраа потхедите на багра за да се тешат меѓусебно.
„Предмодерни морални норми“ - ова го немам слушнато досега.
Да се обложиме дека за недела дена ќе се соберат, не десет, туку сто илјади потписи за воведување на задолжителна смртна казна за сите дилери на дрога? Јас прв ќе се потпишам. Море, изборна измама ќе направам ако треба за да се изгласа ова.
[И немојте сега да менувате тези и да ми споменувате цигари и алкохол (кои се доволно штетни сами за себе). Збориме за дрога.]
Шо се „лесни
Шо се „лесни дроги“ ? Мене можда хорсарица ми е лесничка, јеби га, ја см тежок чоек, 0.1 тон скоро :)
И има право ЧОМБЕ, ако се легализиса ова, да се лагализиа и дрвење ракија кај сакам кога сакам и колку сакам :)
Џаџ, па ти со твоите „немодерни“ испади, ЌУТ тамо ! ! !
De gustibus non est disputandum ! ! !
домината паѓаат?
еве ги мексиканците:
__________________
Седите дома со пенисот и маусот во рака и замислувате музеи.
-vikky
Бројките се
Бројките се прилично фер. Од било што од ова во дадените дози мексиканецот и другар му ќе се напраат лом :-)
едино кај
едино кај есидот утнале, и тоа за цел ред величини. 15 микрограми ни мајка ми нема да ги осети. 150 -- више друг муабет. :)
__________________
Седите дома со пенисот и маусот во рака и замислувате музеи.
-vikky
никад не ги
никад не ги разбрав тие дозите на есидот... стално промашувам :budala:
па, мислам дека
па, мислам дека прагот на чувствителност е околу 30 микрограми, меѓутоа тоа веројатно не ти значи многу. за илустрација, хофманите веројатно* се 250 микрограми. па сеа нека ти текне како сте си играле со ножичките со другарчињата.
_____
* ова го претпоставувам заради тоа што тоа е дозата која хофман ја има кркнато на првиот трип, како и заради 25чето во петокраката.
Цитат: a law that
епа ќе мора 10пати да го носиш до дома пред да го земеш :)