Почна забивањето во земја ...
Во својата последна колумна, „економскиот аналитичар“ Ден Дончев(*) ја прикажува состојбата на државната каса. Не дека многу му верувам на драгион ни Ден (подоцна за тоа), но истите муабети ги слушнав и од друго, многу поверодостојно место - кое не сакам (и не можам) да го откријам.
Со други зборови, работата е „чабар“. Државната каса е толку празна, што во неа живеат само пајаци, кои си плетат мрежи.
Според изворите, членовите на владата се растрчани по цел свет, особено по Европа, и молат за пари. Не сакаат да признаат дека биле дури и кај ММФ, на кој пред некоја година триумфално (и крајно глупаво) му ги вратија кредитите (со минимална стапка, и долг рок на враќање), само заради тоа што не сакаа овие (ММФ) да им мрчат за начинот на кој ја водат економијата во државата.
Контакти имало и со UBS и Deutche Bank (со овие вториве е потврдено). Владата моли за секој цент, во Дојче Банк за минимални 50 милиони евра, кои не можат да покријат ниту едномесечно работење (ма ниту двонеделно!). Ај, тие 50 мил. некако и ќе ги врати - со подигањето на дивидендата од Телеком, околу 45 мил. евра, а остатокот од тековни приходи. Ако претходно Дојче Телеком не објави дека е во голема криза и дека ги суспендира исплатите на дивидендите.
Но, што потоа?
Само да потсетам што ќе се случи ако владата не може да си ги исполни обврските:
- Нема плати за државните службеници (Владата е најголем работодавец во државава, поголем од исте други заедно).
- Нема пари за увоз на струја, нафта, репро-материјали
- Кредитниот рејтинг на државата ќе опадне драстично (ова е можеби и најтешката последица). Опаѓањето ќе предизвика долгогодишни, ако не и децениски последици. Аргентина сеуште не може да добие нормален кредит откако пред 10-ина години објави мораториум на исплатата на своите долгови. На пример, за ист вид на кредит (за поддршка на платниот биланс), Грција плаќа камата по стапка од 2.6%, а Аргентина 6 или 7%.
- Погорните проблеми ќе повлечат лавина, вистинско цунами од проблеми за сите приватни стопански субјекти, од кои повеќето ќе мораат да банкротираат.
Уште еден индикатор на проблемите е издавањето на државни обврзници со огромна камата, во што почнаа да се тркаат и со НБРМ. Не ми е јасно кои се тие кои ги купуваат овие обрзници, кога е очигледно дека тешко ќе бидат исплатени. Од друга страна, ако имаш „валкани“ пари - добар начин да ги испереш.
Во медиумите сѐ повеќе се појавуваат плуканици по гувернерот на НБРМ, Петар Гошев, кој тврдоглаво стои на ставот дека денарот мора да се брани и дека државата мора да си ја намали јавната потрошувачка. Нема сомнение од кого се инспирирани овие тиради.
Be afraid, be very, very afraid.
---
(*) Ден Дончев, економски аналитичар. Успешно не „изанализира“ кога беше директор на Телеком, во деновите на најцрниот монопол, кога Телеком не исплаќаше ниту денар дивиденда на државата. Човек кој беше кадар на Љубчо Георгиевски и кој му повогна да украдат десетици милиони евра. Факинг „економски аналитичар“.
- Додај нов коментар
- 3684 читања

Оф леле, не
Оф леле, не сакал и не можел да го открие изворот.
Колку е минимумот популарност за статијата да се појави на насловна?
Оф леле, не
хи шел олсо сеј дис онли уанс...
__________________
Седите дома со пенисот и маусот во рака и замислувате музеи.
-vikky
Почна забивањето во земја ...
Со самото тоа, твоето излагање автоматски станува неинтересно за никого, освен можеби за љубителите на дневнополитички хороскопи како, на пример, д27. Sorry.
Изоставувањето на изворот е cardinal sin при какво било излагање кое претендира да биде сфатено озбилно. Не се признаваат анализите, ајмо следеќи...
Moше просто да ја изоставиш целата реченица каде што не откриваш и ќе беше в ред - ни раскажуваш што пишал ден дончев. Ама вака... не ти требаше воопшто тоа.
Хехе, што се
Хехе, што се потресовте толку?
„Изворот“ ме замоли да не кажувам, бидејќи зборувавме off the record. Инаку, работи во едно министерство, на висока позиција, каде што му се достапни информациите.
Пиевме кафе, си муабетевме за темава, и баш денес го гледам и Ден(и) бој како пишува за истото, и всушност - го потврдува кажувањето на мојот „deep throat“. Не дека не може да се погоди на каде сме тргнале (удолу).
Си велам, баграџииве ќе ги интересира.
Всушност, повеќе ве интересирало кој е издаицата.
Ете, не ме земајте мене за релевантен (бидејќи и не сум) - читајте го Ден Дончев. Или чекајте, па ќе видиме.
Во меѓувреме, напумпајте ги гумите на точаците и купете си макарони.
ме здоболе мене
ме здоболе мене (а веројатно и другите) ќошот за тоа кој е издаицата. реакцијата беше во врска со инфантилната ти претенциозност.
__________________
Седите дома со пенисот и маусот во рака и замислувате музеи.
-vikky
Почна забивањето во земја ...
Абе Сељаченце . . ? Мене за економија и за Џаџ ќе ме подучуеш, или потаплуеш? Или имаш нешо да ми објасниш, пошто гарант више разбираш економија и од економисти, како шо више знаеш све од сите?
Патетик . ..
Џаџ, прави се момциве, најбоље да ја немаше уводната реченица. Сега демек Ден е шупак лоповски неспособен, ама пошо плука по владава, ај ќе го цитираме?
И со прикаските за деца: Ќе нема плати. БУУУУ, плашете се децо, ќе нема леб, ќе има рат,. БУУУ, лошите чичковци ќе ве остават гладни. Ако за името не можеме да ве убедиме дека ќе не изолираат сите и ќе заглавиме, сега народе плашете се за лебот насушен ! ! !
ХАХАХА, не заебавј, и од тебе е превише :)
Инаку,само си замислувам шо ќе се десеше да потпишеше владата договор со ММФ, тоа ќе беше страотна грешка, која ете не враќа назад, пак неспособниве се задужуваат итн. А вака, кога не се со ММФ, пак се кретени, смотани, како може со ММФ да немаме аранжман, срам да ни е итн.
Синоќа глеам на РТС, збори Динкич (така беше?) и него го критикуваат зошто земал од ММФ парички, а он одговара дека во најскоро време сите држави во регионов ќе земат пари од ММФ, па дури и се клади со новинарката дека ќе биде така, и дека тогаш сите Срби ќе видат колку способна била владата им. И сега? Кој е прав?
За издавањето записи: Знаеш дека тоа е еден од основните механизми за собирање на парите од пазарот, и за финансирање на државата? Буџетот, мај френд, не треба да е полн, ако е полн, тоа значи дека државата вади од стопанството и не враќа назад. Буџетот треба да е влези-излези, ко мојава сметка, се пуни со плата (и останати приходи) се празни со трошкови (кафанските си ги плаќам у кеш-да не ме кара жена ми)
Ај, Селанче, објасни ни каде погрешивме, вака хороспоски ко шо само ти знаеш.
Море . . . некоја ничим докажана елита која знае за секоја тема СЕ' ?!?
Како останавте да кликате тамо по тоа тастатурите за ситна пара на олку памет, мене навистина не ми е јасно. Ќе да е ради Грујо, он не дозволи да напредувате, паметам и док учевте ви правеше опструкции, едвај подзавршивте школија :)
Ја ќе си седам кај шо сум, очигледно има огромна конкуренција во мојава (и во секоја друга) струка „надвор“, посебно појачана од овие „комјутерџииве“ кои се знаат, освен како да не им пага интернетот секои 2 саата :)
De gustibus non est disputandum ! ! !
па не е нешто
па не е нешто рокет сајенс да се види дека работата е сјебана кога нбрм и владата се натпреваруваат кој ќе земе поише кеш од економијата.
--
Don't attribute to malice what can be explained by incompetence.
Макро и микроекономија
Макроекономија е сметката на Македонија, а микроекономија е сметката на мојата фирма или мојата лична сметка. Ова последново веќе влегува во наноекономија. И не би рекла, баш, дека можеме да ги поистоветуваме принципите на полнење и празнење во обата случаја, како што пластично се обидува да објасни Димитар.
Проблемот е што јас како вработена во јавна (не е куќа) институција добивам редовно плата - и тоа зголемена од пред некој месец, а страв ми е да помислам од кое тоа производство или бар промет ја добивам платичката. Тоа значи дека проблемот ми е на ниво на лична совест, сега за сега.
I'm Winston Wolf, I solve problems.
Макро и микроекономија
Така е Ацева. Пробав да подобјансам попластично, не дека овде некој не знае што е макро а што микро.
Разликата помегу мене и државава е што јас РАБОТАМ и ЗАРАБОТУВАМ, додека државичево . .. Немаме од што да покриеме трошоците. Ниедна влада не смогна сили да ја намали таа огромна и масивна јавна администрација, сите си ја галат пошто им се наога за избори. Замисли да се најде јунак да рече, ќе отпуштам 20% (а треба 40) од јавната админисрација?? Тоа се некои 25000 луге, по 4, 100,000 народ одма гласа против. Братучеди баби и дедовци не ставам у математика.
Ацева, друго ми е муабетот: Сама кажуваш дека плата добиваш редовно, ПЛУС зголемена (после 10 год верувам), така? А некој сака да протне муабет (на едена друга тема овде) дека еве каснат платите, после избори нема да добие никој ни плата ни пензија. Не е педерски тоа? ДОби плата за месец Март? Или кога ја добивате? Ако не добие јавниот сектор плата, тогаш ќе може да почне да мрчи (целосно со право) до тогаш е све јадење бурек за свои цели.
De gustibus non est disputandum ! ! !
Македонија има
Македонија има страотен трговски дефицит кој не гледам дека ќе биде намален ни во следниве ХХ години, а во меѓувреме власта упорно ќе вработува “кадар“ во државните институции за да ја покрие со ханзапласт хроничната невработеност. Економската реалност на земјава е дека индустријата нема капацитет да покрене (компетентни) количини за извоз а ние упорно увезуваме и користиме предмети, стока и услуги кои можеме и самите да ги снабдиме. Заклучок: мрзлив народ, мрзлива и необразована влада. Покрај една ЕУ, земја со работна снага од околу милион треба да живее стабилно и да просперира, да користи од основни економски стимулации.
еве нешо за
еве нешо за грците и нивните 2 %: http://www.spiegel.de/international/europe/0,1518,617915,00.html
Трагедијата е што и да снемува пари нема да намалат вработувања во администрација, полесно се зема кредит одколку што се губат гласови. У време на мрежи и компјутери 2000000 народ се менаџираат со макс 4000 службеници плус наставници и доктори. А по пресметката на димитар, јасно се гледа дека ниедна влада нема да си пука у колено и да расчистува администрација - тоа ќе значи тотален политички колапс - засекогаш. Не се криви владите, криви сме ние самите што сме третина у јавна администрација. Ако се деси економска катастрофа најодговорни ќе сме си сами т.е. третината од вработената популација и останатите 2/3 овци кои молкум ринтаат (празен од ?... сизифов камен ?) за да ја подржат.
--
Linux is free, as long as your time has no value.
Мајка ми за
Мајка ми за некој месец ќе иде у пензија (работи во администрација) и на нејзино место ќе донесат двајца, иако доволен ќе биде еден копмјутер...
А тоа дека ќе се намалува, ќе мора, тие пристапни преговори така некако ги замишљам...
--
Лоша вест: Македонија ќе се подели на два дела
Добра вест: Нашиот ќе биде поголем
гоце
Ја не , затоа што ЕУ е најголемото царство на бирократијата.
--
Linux is free, as long as your time has no value.
Зелен на 6
:lollol:
--
Linux is free, as long as your time has no value.
почнало или не,
почнало или не, работите не одат на арно во стопанството. барем таму кај што ја работам, се гледа дека работата не оди. па сега дали било страв или дестабилизација или не знам што... едно е сигурно некои луѓе нема да земаат плата во месеците што следат.
--
Don't attribute to malice what can be explained by incompetence.
Да
Да парафразирам:
Сега ќе се појават апологети на владата кои ќе започнат кампања на оправдување. Ќе се труби колку е владата способна. Најповеќе за оправдување ќе се користи светската финансиска криза - нејзините ефекти ќе се препишат на кризата во Македонија. Генерално, ќе се оди кон стабилизација, со зајакнување на трендот на вработување во државните институции.
Сѐ е ОК. Не се секирајте. А ако нешто не чини, обвинете ја Светската Финансиска Криза.
Пред два месеци, оној шутракот Трајко Славевски, терциран од премиерот, тврдеше дека „Македонија нема да почувствува ефекти од светската криза, бидејќи ние не сме толку интегрирани во светската економија“. Не ме терај сега да пребарувам по весниците.
Кога има криза, светска или локална, тогаш се *штеди*. Не се расфрлаат пари од касата наоколу, не се караш со светските банкари (зошто на крај пак ќе мораш да им го попушиш), не се зголемува јавната потрошувачка (од асфалтирање на сокачиња, преку лажни поставувања на темели, па до зголемување на платите на вработените во администрацијата), не се вработуваат нови државни службеници (туку се отпуштаат постоечките).
Сега, се слуша дека сакаат да ги укинат и приватните пензиски фондови, т.е. да ги спојат со државниот, затоа што овој е веќе одамна brain-dead, вештачки одржуван во живот со инјекции од буџетот (дури до 40% месечно, велат). На пензионерите ќе им излезат на нос десетте проценти зголемување, затоа што сега ќе добијат 90% намалување...
judge напиша: не
Класична пропаганда, смешај ја лагата со вистината можда и она ќе пројде за вистина.
Кој се скарал со светските банкари ?! Тоа што ги вратија парите на ММФ не беше `скарување`. Напротив добија пофалба од самиот ММФ за политиката, бидејќи во моментот економските показатели беа такви- поволни.
--
Linux is free, as long as your time has no value.
абе ММФ не се
абе ММФ не се банкари? :) светска банка се банкари. :)
--
Don't attribute to malice what can be explained by incompetence.
Да
Ха ха ха
Ај пак Џаџе:
БУУУУ, плашете се децааааааа,СДСМ не е на власт, ќе пропаднетеееее БУУУУУ
De gustibus non est disputandum ! ! !
Никаде не реков
Никаде не реков дека нѐ очекува рецесија поради тоа што сдсм не е на власт.
Само тврдам дека ваква волунтаристичка, неразмислена и опасна финансиска политика немам одамна видено.
Впрочем, тоа вчера го потврди и топ аналитичарот на ММФ за европските земји во развој. Тој вели дека до есен можеби и ќе се додржиме, ама потоа ...
сдсм, вмро, амди бајрам - веќе никој не нѐ вади од бунарот.
Така е, од
Така е, од спетмеври ќе биде потешко.
Каѓи ми, искрено ако можеш, која друга власт (од досега видените) подобро ќе се снајдеше во оваа ситуација? Или кризата у светов не лијае врз нашава немаштија? И не, не рекол никој од ДПМНЕ дека нема да имаме криза, ами рекол Ставревски дека финансикса криза-криза во бакарскиот ресор нема да има кај нас како у УСА и Европа каде пропагаа банки секој ден.
De gustibus non est disputandum ! ! !
мај појнт
мај појнт егзекли
http://www.youtube.com/watch?v=EIHfs3V9O1c
--
Linux is free, as long as your time has no value.