Љубовта и сексот не се веќе главна тема на Багра. Изгледа сите легнале
по нешто за новогодишните празници. И така во овој љубовен вакуум
дискусиите за дрога земаат замав. (Ова требаше у коментари да иде, ама
ај...)
Од коментарите кои ги има многу на број, можам да ги извлечам следниве
заклучоци:
1. Некои луѓе не ја читале архивата на Багра на тема дроги. Таму има
прилично добри, информативни и поучни текстови. Значи читајте!
2. Некои луѓе сеуште мислат дека можат на различни начини да убедат други
луѓе да прават, или да не прават нешто. Абе ај бидете сериозни...
3. Некои луѓе мислат дека се, хм, попаметни(?), по(...?), ако прават или
не прават нешто. Абе ај бидете сериозни x2...
Така сега ми текнува на реченива, приближно вака: 'Можеби не се сложувам
со твоето мислење, но ќе се борам со сите сили за твоето право да го
искажеш твоето мислење'. (Некој слободно нека го подобри цитатов и нека
го наведе неговиот автор, сега баш не ми текнува кој беше.[]-))
Обидете се да ја пренесете реченицава на тема дроги: 'Јас не сакам да
користам дроги, но ќе се борам со сите сили за право да ги користиш ако
сакаш.' или 'Јас мислам дека дрогите се срање, но ако сакаш ти да ги
користиш ќе се борам со сите сили за ти да го имаш тоа право.'
Дискусиите на тема дрога (треба/мора да) почнуваат и завршуваат на
точката легализација.
Да, да. Сите аргументи кои ви требаат ќе ги најдете во статистичките
податоци од Холандија.
Сега можеме да блебетаме дека во Македонија, не знам, и дете од прво
оделени може да купи алкохол во продавница и да се направи лом, или дека
толку и толку луѓе умреле од не знам која супстанца, и... Ама не.
Ситуацијата со дрогите е иста ко со било што. Да вулгаризирам, иди
купи скии и пушти се од прва по стаза во Маврово, и ќе загинеш. Научи
како се скија, вежбај... и ќе бидеш Херман Маер.
Затоа пак: дискусиите на тема дрога (треба/мора да) почнуваат и
завршуваат на точката легализација.
Декриминализирај, регулирај, оданочи. И секако, образувај
се...
Последни коментари