Постот во Црквата Православна

Опции за гледање на коментари

Избери го посакуваниот начин за прикажување на коментарите и кликни на „Активирај“ за да ги видиш измените.
Слика на JohnFoe

постот е уау

Слика на skalica

постот е уау

JohnFoe wrote:
постот е уау

Ти се молам, Господи, прости му, иако ме навреди без причина.

Слика на гоце

Сакаше да каже

Сакаше да каже дека сите што постат ради Исус се идиоти. И у право е, ништо лично ;)

--
Лоша вест: Македонија ќе се подели на два дела
Добра вест: Нашиот ќе биде поголем

Слика на skalica

Денес е ден за сеопростување

Драги форумџии, денес е празник Недела Сиропоустна („Прочка - Поклади“). Овој ден во Црквата Христова е од големо значење. Денес, секој со секого треба да се измири за сите да можеме, растоварени, да го започнеме Великиот Велигденски пост.

Секојдневните обврски продолжуваат. Во нив ние сме активни чинители. Значи, од нас многу работи ќе зависат.

Богоугодно би било ако тоа биде во согласност со Одредбите на Црквата. Сè треба да биде правилно насочено. „Двигателот“ (нашиот разум) треба сите наши делови да ги насочува кон Севишниот - сите да Му служат Нему. И стомакот, и рацете, и ноѕете, и ушите, и очите - сè. Ако, пак, малку „подзаборавиме“ на храната (телесна) нема ништо (телесно) да изгубиме, а, живеејќи согласно Божјите заповеди, ќе можеме да се издигнеме над себе си. Тогаш ќе ја почувствуваме силата Божја и ќе се увериме дека Бог прави чуда, и дека лесно можеме нашите телесни потреби да ги ставиме во функција за бидат движечка сила во обезбедувањето на „подобри позиции“ на нашата, од Бога дадена, душа.

На сите членови на Форумов, припадници на Светата Православна Христова Црква, што се подготвуваме да го започнеме подвигот на постот, Семилостивиот Господ Бог да ни помага подготвени да го дочекаме Христовото Воскресение.

На сите оние што, на било кој начин, се почувствувале повредени од мој напис, ги молам да ми простат, зашто, верувам, ако е човечки да си погрешиме - христијански е да си простуваме.

Господ нека биде со сите нас.

Слика на JohnFoe

денеска е недела

простувањето е неважно

Слика на skalica

денеска е недела

JohnFoe wrote:
простувањето е неважно

Мене, не само што ми е важно туку, и многу потребно, брате JohnFoe. Поздрав.

Слика на JohnFoe

фино од тебе

фино од тебе што се понашаш christlike, ама у иднина пробај почесто да користиш еднина у своите искази (баш као ова погоре), и поретко да им кажуваш на другите што да прават и зашто тоа да го прават, и кој да биде со нив и како. поздрав.

Слика на Divine God

постење -

постење -
Недостаток на пари, или дуќани за месо и месни производи.

Агрегирање содржина