Следниот тест е за утврдување на зависност од алкохол. Се применува во Центарот за зависници „Acid Water - Кисела Вода“ (подобро име здравје...:) Прашањето ми е дали овој тест може да се примени ако зборот алкохол се замени со „шпанска серија“, „ТТТ“ (трева, табла, трип) или везење гоблен? ;)
1. Дали можете да испиете повеќе од другите, а тоа да не се забележи кај вас?
2. Дали некогаш сте пиеле за да се опуштите кога сте лути, изнервирани или тажни?
3. Дали некогаш сте се скарале со член на семејството заради вашето пиење или парите што сте ги потрошиле на него?
4. Дали некогаш сте донеле одлука да го ограничите пиењето на прослава или во кафеана, а да не сте успеале во тоа?
5. Дали ви е потребен пијалок во определен период од денот?
6. Дали некогаш сте одлучиле да престанете со пиењето на некое време, а не сте успеале во тоа?
7. Дали некогаш сте испиле пијалок скришум или сте си налеале повеќе трудејќи се тоа да не се примети?
8. Дали некогаш сте се напиле за да ја разбиете тремата или да се охрабрите?
9. Дали сте ја промениле количината на испиеното сега во однос на тоа колку сте пиеле порано?
10. Дали некогаш сте излажале колкава количина пиете?
11. Дали некој пат ви се случило кога ќе се разбудите наутро да не се сеќавате што сте направиле или рекле за време на пиењето?
12. Дали после една или две испиени чаши ви се јавува желба да се напиете уште една?
13. Дали некогаш вие или член на семејството сте се засрамиле од нешто што сте го рекле или направиле за време на пиењето?
14. Дали некој ве советувал да го смалите или да прекинете си пиењето?
15. Дали некогаш сте се чувствувале виновни заради пиењето?
16. Мислите ли дека луѓето кои не пијат се крути и здодевни?
17. Дали ви се чини дека својот пијалок го испивате побрзо од другите?
18. Дали мислите дека е претерано барањето никогаш повеќе да не пиете алкохол
19. Дали често пиете пред или по јадење или пред спиење кога сте дома?
20. Дали ви е вообичаено да го оставите половина од пијалокот оти повеќе не ви се пие?
21. Дали заради возење под дејство на алкохол сте биле казнувани, исклучени од сообраќај или ви била одземена возачката дозвола?
Ако со
ДА сте одговориле на повеќе од
6 прашања тогаш сте многу блиску да станете зависник. Ако со
ДА сте одговориле на повеќе од
10 прашања тогаш задолжително да побарате стручна помош (и да ми се јавите мене ;)
Дрпнато без прашање од :
http://www.vest.com.mk/default.asp?id=54756&rubrika=Revija&idg=3&idb=744
Последни коментари