„Комаја“ не трпи критики од новинари
Членовите на друштвото “Комаја“, се појавија во Основниот суд Скопје 1, да ги објаснат штетните последици по нив, од објавувањето на фотографија со голи членови на друштвото на насловна страна во весникот Шпиц во март 2007 година, за што покренале и приватна тужба против Васко Марковски, поранешен новинар на дневниот весник Шпиц и на Бранко Героски, поранешен уредник во истиот весник

Добринка Иванова Бенингер, Валентина Геил и Леа Стојковска, Македонки со странско државјанство, пред судот изјавија дека фотографијата на насловната страна во весникот од март 2007, со легенда „Овие луѓе ќе предаваат сексуално образование во училиштата“, им нанесле емоционални и финансиски штети. Тие бараат отштета во висина од 10 илјади евра поединечно, од новинарите Марковски и Героски.
Судијата, Милан Доганџиски, нареди психијатриско вештачење на претрпената болка и страв на тужителките, во Психијатриската болница во Скопје, што се очекува да се случи за два месеци.
Тужителките, што живеат во Швајцарија, односно, Германија, за написот и фотографијата дознале од своите родители, како и од претседателот на здружението во Македонија, Росано Чолаков. Сите се пожалија дека имале проблеми со колегите на работа, со пријателите, роднините и познаниците, додека им објасниле дека не е нивна вина што се појавиле на насловна страна во дневен весник во Македонија.
“Сеедно што истата фотографија е објавена на интернет страната на босанскиот магазин Дани во една позитивна конотација. Македонската верзија во Шпиц е во негативна конотација“, изјави Бенингер пред судијата.
Тужителките соопштија дека, оние кои ги познаваат во Македонија знаеле дека членуваат во здружението за развој на уметноста на живеењето “Комаја“, а биле запознаени и со програмите и активностите на друштвото.
Неколку години наназад, друштвото “Комаја“ се обидува да влезе во македонскиот образовен систем, каде на учениците од четврта година во средното образование, би им држеле предавања за сексуалноста. Имено, на тоа и се однесуваат текстовите на Васко Марковски, сега новинар во Форум, објавувани во период од 23 март до 11 април 2007 година. Тој истражува, дали “Комаја“ смее да држи такви предавања и дали воопшто има дозвола од Министерството за образование или од директорите на училиштата. Претседателот на “Комаја“, Росано Чолаков, го извести судот дека биле одржани неколку пробни предавања, а биле направени и анкети, според кои 96 отсто од учениците биле заинтересирани за предавањата. За тоа добил упатство од Министерството за образование, да се обрати до директорите, па тие да одлучат дали ќе дозволат предавања во своите училишта. Барањето на адвокатот на тужените, Љубомир Михајловски, да биде повикан службеникот од министерството, сегашниот актуелен министер за образование, Перо Стојановски, да сведочи, беше одбиено од судијата Доганџиски.
Судот на честа на Здружението на новинарите на Македонија, каде „Комаја“, најпрво побарала заштита, пресудува во корист на Васко Марковски и Шпиц
- Додај нов коментар
- 5369 читања

Не туку мрчете.
Не туку мрчете. Да ве видам дали имате муда (или дунди) да искочите голи на плажа во земјава.
Ја имам, ама тие
Ја имам, ама тие што ќе треба да ме гледаат немаат. :-)
Ја имам, ама тие
Ја „пиштол“ не би излегол, али ко Борат на плажа, неам гајле. Јес да поголем џибер ќе изглеам но, „џибер сам ал сам најлепши!“.
Ја неам, од
Ја неам, од објективни естетски причини.
И така,го сретнав Фикрет и Фикрет ми даде нешто бело и ми рече,на пробај,у пизду материну е добро
зошто има еден
зошто има еден по маица?
зошто има еден
Изгорен е од сонцето.
Ја иначе иам другар кој беше во Комаја, не знам дали е сеуште, некаде 2000-тата. Колку што знам све се бивши џанаци од Скотје. Живееја заедно у изнајмена куќа, тука негде центар, позади католичка, така нешто. Не се дрогираа, тоа знам 100% и беа вегетаријанци, ако не и вегани. Не ме фаќајте за збор. Нешто се бафтаа со кундалини, чакри и слични индијски рецепти (чикен тика масала, самоса, папди чат, се зезам ;). Имаа групни самотерапии, пееја, се забављаа секоја година у Корчула (од таму е мислам сликата), све ОК бе брат. И можеш кога сакаш да напуштиш „бандата“.
Абе ок си се луѓето, тотално ненасилно верување, сите беа ОК. Каму да се сите овакви. Да лепиш постери за ВМРО-СДСМ и слепо да веруваш што рече БранкоГрујо боље да не е?
Имав и еден друг ортак од Комаја, „Барба“ од Сплит, работеше со мене. Супер чоек. Џанак на времето у Сплит. И доаѓа војна у Хрватска, Хрвативе немаат „жива сила“ и регрутираат и џанаци. И ги праќаат негде пичке-матер у Херцеговина у некој камењар, едно дес`тина луѓе у напуштено село да чуваат тука нешто, да пазат. И овие директ у аптека, ја обиваат и се праат сарма со метадони, хептанони, што све дофатиле. И ортаков ми вика, брат, ни се јавуваат од команда по радио нешто, каква е состојбата, ова-она. Овие сите стонираат кур ги боли. И вика, за непун ден, доаѓаат некои хрватски „специјалци“, да видат што се дешава, коа не подбраа на клоци и шамари у сред аптека, апапаа...
Абе муабетов ми е, што сере тоа копитото дека овие не се способни да предаваат сексуално образование? Па кој е поспособен, тој што предава музичко, ОТО? Или некој психолог што завршил со 6-ка, некоја учителка од Радовиш ебате? Дај да го земеме онда Carlo Boss, наше дете, парче праи у Италија у еб*ње generic риби. Што се плашат луѓето, дека некој ќе ги тера на промискуитет? Башка си има тука план и програма, нема овие од тепка да предаваат.
зошто има еден
Средношколци и средношколки со отворени сексуални погледи и напредни вештини - непроценлива добивка за општеството.
--
Краткиот живот гори појасно
зошто има еден
Најдобри школки се средношколки. - (ц) Lt.Cmd. Tzekoff
Carlo Boss за
Carlo Boss за претседател!
Она типчено што
Она типчено што седи напред е најинтересно. Очигледно им е водач, и очигледно доста постар од останатите. Онака, со брадичката и вовлечениот стомак и патлакот меѓу нозе ...
Јас велам, добро се снашол да си има младо „мевце“ околу него (женско или машко, не знам што си сака човекот, а можеби и двете). :-)
Не е лошо човек да си направи вакво „здружение на граѓани“. Nice! :-)
Демек главниот
Демек главниот ги отвара чакрите на сите членови. Најинтересна е деветата, која се наоѓа кај простатата.
--
Лоша вест: Македонија ќе се подели на два дела
Добра вест: Нашиот ќе биде поголем
Демек главниот
Сум бил.
--------
Danger could be my middle name. But it's John.
Комаја (Кобајаги)
:)
Ха,ова го читав во Вечер и мислев дека оваа дружинава има право ама после сликава сватив зошто ги спомнувале во негативна конотација.
(Стварно се пресно сликани?)
Не сум сигурен
Не сум сигурен дека е во ред да се тужат новинарите ако те спомнат во негативна конотација, ама еве зјапам во сликава и никако не можам да сватам што не чини.
--
Краткиот живот гори појасно
„Комаја“ не трпи критики од новин
Музика, туш!
Цитат: Советот
--
Лоша вест: Македонија ќе се подели на два дела
Добра вест: Нашиот ќе биде поголем