Македонска Молитва

Еве со што се занимава креативата во МТВ:

Опции за гледање на коментари

Избери го посакуваниот начин за прикажување на коментарите и кликни на „Активирај“ за да ги видиш измените.
Слика на дамјан

Прилично

Прилично инспиративно видео... for me to poop on.

Слика на гоце

Ова е молитвата

Ова е молитвата на Ниче Димовски, идолот на Тапа нациостот, еден од виновниците за бруката со Хунзите, потпретседател на семакедонски конгрес.

Типов вика дека Македонците се најстар народ, Клеопатра е Македонка, мермерот на гробот на Исус го правеле Македонци, како Македонскиот народ во 2009-та ќе влезел у некаква си четврта димензија и ќе почнел да комуницира телепатски преку мислите. Поради ова Американците граделе толкава амбасада тука...

--
Лоша вест: Македонија ќе се подели на два дела
Добра вест: Нашиот ќе биде поголем

Слика на Tapa user

Ова е молитвата

Види го ти Гоцка...УДБА ради :)))))

Ниче е измислен тип однезнамкој за токму таквите типци ко дамјан и гоцка да можат да си ги оправдуваат своите тврдења дека можат со право да кењаат и упоредуваат со други чија работа навистина се вреднува. Штета што и Џо Петрески не е умешан у причава па да може да се заокружи едно цело.
_________________________
http://www.youtube.com/watch?v=o9t6iysUy3A

Слика на гоце

Ниче е реален,

Ниче е реален, го гледав кај газот на народот. Тоа што е откачен до даска не те аменстира од дружбата со него.

--
Лоша вест: Македонија ќе се подели на два дела
Добра вест: Нашиот ќе биде поголем

Слика на Tapa user

Мора да си на

Мора да си на тежок сканк за да кажеш дека Ниче е реален...Јас сум се дружел, минато време. А ти си му ко сродна душа карактерно, сега секогаш и во вечни векови. :)
_________________________
http://www.youtube.com/watch?v=o9t6iysUy3A

Слика на гоце

Да бе, баш се

Да бе, баш се договаравме да донесеме сибирски амеби, роднини на Македоните. Прво Македонците, па амебите, па Србите.

--
Лоша вест: Македонија ќе се подели на два дела
Добра вест: Нашиот ќе биде поголем

Слика на Tapa user

Да бе, баш се

Добро е што еволуцијата стигнала до мороните, инаку ќе ми беше досадно без тебе ;)
_________________________
http://www.youtube.com/watch?v=o9t6iysUy3A

Слика на дамјан

Ова е молитвата

Tapa user wrote:
Ниче е измислен тип однезнамкој за токму...

Па Тапа и тебе затоа те измисливме.. па шо ти фали.

Слика на Tapa user

Разликата е

Разликата е дамјане што мене може ти и гоцка под прозор да ми пљукнете. :chaos:
_________________________
http://www.youtube.com/watch?v=o9t6iysUy3A

Слика на дамјан

не пљукам ја

не пљукам ја под сечиј прозор

Слика на Tapa user

Да де. Ама не од

Да де. Ама не од шо не сакаш, туку од шо не ни можеш. :sreden:
_________________________
http://www.youtube.com/watch?v=o9t6iysUy3A

Слика на Сељачиште

Теши се

Теши се химлерче

Слика на Tapa user

Ова му доаѓа ко

Ова му доаѓа ко света троица....Луд, Збуњен, Ненормалан. Само шо еден по еден се јавуваат.

Шо ти згреши Химлер сеа? :(
_________________________
http://www.youtube.com/watch?v=o9t6iysUy3A

Слика на дамјан

И ТИ СИ

И ТИ СИ МАКЕДОНИЈА!

Слика на Tapa user

Добро бе, на

Добро бе, на крај сите краишта, што кур вас ве заболе за тоа како „суперишка“ ја води МТВ и што дозволува да оди во етер кога и онака гледате МТВ само кога има „лига на шампиони“, а погодувам дека ни тоа не го гледате?

Кој фактор си ти, или тој или па оној другиот и сите вие да оценувате и осудувате дали и на кој начин некој си прави „бајрам на мозок“ со вакви видеа?

Му збореле на Господ и Господ им враќал. WOW И шо сеа? Ќе ја разводниме дотаму „од каде тој брадоњата горе знае Македонски, и кој го научил??“ Или од кај знаеш бе даме. Може и Господ е Македонец. Нели, прво Македонците па амебите...

Моите лични недоразбирања со дотичниот Димовски тука гоце се најде за сходен да ги употреби во форма ко божем ја да сум го режирал ова парче глупост. Смали бе брат од тоа травата, некоја тешка прскотиња ќе да е...Башка, Трендо ви е блиску ебаго, нека ве научи како се мава сеир, а не да се бламирате со реплики од типот „теши се химлерче“.

Постојат на светот милиони телевизиски канали, одберете си го оној кој најмногу ви одговара и бркајте работа.

Токму ВИЕ потврдивте дека видеово има каков-таков ефект.

Мене и онака ми е гајле :) Јас сум паган, ама вие атеисти и што и да сте, се испречивте да критикувате некое парче секташка монтировка. Цареви :)

_________________________
http://www.youtube.com/watch?v=o9t6iysUy3A

Слика на дамјан

Мене лично

Мене лично гајле ми е ако некој си прави бајрам со мозокот, си збори со господ и слично. Не ми смета дури ни да го пушта тоа на телевизија.

По малку ми смета кога тоа го прави со мои пари, али и преку тоа можам да поминам.

Тоа што ми смета е подршката што ја добиваат овие луѓе и евентуалното влијание кое можат да го извршат врз младите (па и постарите) луѓе. Не знам колкава подршка имаат реално, но очигледно во дел од општествово имаат. Е тоа е веќе алармантно. Тоа се луѓе на кои им се пере мозок, луѓе кои утре ќе се регрутираат да гласаат вака или така. Не дај боже луѓе кои ќе се регрутираат за нешто полошо.

Се мислам дека би било неодговорно да не се изкритикува овој изблик на лудило, шовинизам или што-ли-е.

Не знам дали ти е јасно, но обврска на сите нас граѓаните е да го градиме ова општество да биде едно функционално, граѓанско, со запазаени права на луѓето, толерантно и рационално. Патеката по која тргнале овие воопшто не води кон тоа.

Слика на Tapa user

Мене лично

дамјан wrote:
По малку ми смета кога тоа го прави со мои пари, али и преку тоа можам да поминам.

Видеото е од приватна продукција и е финансирано со приватни средства. Тоа го знам пошто го имам видео видеово уште од пред една година...И е тешка моронштина. Ама не е тоа поентата. Значи, од твои, или од било кој баграш, не се потрошени пари за ова.

дамјан wrote:
Тоа што ми смета е подршката што ја добиваат овие луѓе и евентуалното влијание кое можат да го извршат врз младите (па и постарите) луѓе. Не знам колкава подршка имаат реално

Поддршка, само од домашните. Можат само да се надеваат.

дамјан wrote:
Не знам дали ти е јасно, но обврска на сите нас граѓаните е да го градиме ова општество да биде едно функционално, граѓанско, со запазаени права на луѓето, толерантно и рационално. Патеката по која тргнале овие воопшто не води кон тоа.

Мене ми е совршено јасно, а патеката по која тргнале овие се вика профит-патриотизам и трае цел живот а нема никаков ефект бидејќи се работи за луѓе кои значително влијаат прри намалување на просечната вредност на IQ на популацијата на Македонија, а такви луѓе ни за пазарџии ен ги бива, камоли да креираат правци и да изигруваат „пастири“...

Јас сосема необично ја доживувам „загриженоста“ на баграва околу ова.
_________________________
http://www.youtube.com/watch?v=o9t6iysUy3A

Слика на METhAMORPH

Ова е молитвата

гоце wrote:
Ова е молитвата на Ниче Димовски, идолот на Тапа нациостот, еден од виновниците за бруката со Хунзите, потпретседател на семакедонски конгрес.
Типов вика дека Македонците се најстар народ, Клеопатра е Македонка, мермерот на гробот на Исус го правеле Македонци, како Македонскиот народ во 2009-та ќе влезел у некаква си четврта димензија и ќе почнел да комуницира телепатски преку мислите. Поради ова Американците граделе толкава амбасада тука...

Според видеово и целата бела раса биле македоноиди и сите бели луѓе во себе носеле македонски ген :)
Мизерија. И ова иде на национална телевизија и се финансира со државни пари.

Слика на dimitar27

Ова е молитвата

гоце wrote:
Ова е молитвата на Ниче Димовски, идолот на Тапа нациостот, еден од виновниците за бруката со Хунзите, потпретседател на семакедонски конгрес.

Типов вика дека Македонците се најстар народ, Клеопатра е Македонка, мермерот на гробот на Исус го правеле Македонци, како Македонскиот народ во 2009-та ќе влезел у некаква си четврта димензија и ќе почнел да комуницира телепатски преку мислите. Поради ова Американците граделе толкава амбасада тука...

--
Лоша вест: Македонија ќе се подели на два дела
Добра вест: Нашиот ќе биде поголем

Оф леле . . од кај е ова? КО Србине ќе станеме не дај Боже. Ама тоа се раѓа кога сите од секаде те понижуваат и малтретираат се во името на правдата . . .смешно е видеово, па и Господ ни се обраќа??
А кој е чоекот кој го направил ова?

De gustibus non est disputandum ! ! !

Слика на гоце

Еве по интерет

Еве по интерет што вика за виедото:

Цитат:
Македонска Молитва автор на текстот: Ниче Димовски сценарио и режија: Владо Денчов одговорен уредник: Татјана Петровска текстот го читаа: Далибор Јовановиќ, Владо Денчов

Запамтете го името на Ниче, ваква легенда мајка два пути не раѓа.
Ниче од лево:

--
Лоша вест: Македонија ќе се подели на два дела
Добра вест: Нашиот ќе биде поголем

Слика на дамјан

Ова е молитвата

dimitar27 wrote:
КО Србине ќе станеме не дај Боже.

ех коа викав ја... вие идентитетот, името, бла бла.. ниш не ни помага после.

Слика на toomuchisnotenough

почнав да го

почнав да го гледам, али таков срам ме фати, што морав да го искључам по 30 секунди.
________________
миле воли диско.

Слика на fLeX

почнав да го

toomuchisnotenough wrote:
почнав да го гледам, али таков срам ме фати, што морав да го искључам по 30 секунди.
________________
миле воли диско.

Исто! Се повеќе и повеќе ми е убаво што не сум таму, да го гледам ова и да не ми е јасно кој тоа и мене ме истава у ист кош со истите оние кои ова го смилиле,направиле и пуштиле да оди на јавен и од нас спознорисан сервис.
Што и да мислиш, исто ти се фаќа:)

Слика на dimitar27

почнав да го

fLeX wrote:
toomuchisnotenough wrote:
почнав да го гледам, али таков срам ме фати, што морав да го искључам по 30 секунди.
________________
миле воли диско.

Исто! Се повеќе и повеќе ми е убаво што не сум таму, да го гледам ова и да не ми е јасно кој тоа и мене ме истава у ист кош со истите оние кои ова го смилиле,направиле и пуштиле да оди на јавен и од нас спознорисан сервис.
Што и да мислиш, исто ти се фаќа:)

Флексарица, ти па мислиш дека овде ние сме го глеале?? Јок бре, да не беше јутјубон, или во случајов баграва, ја немаше да знам дека постои ваква будалаштина, а мислам и повеќет овде. МТВ ја одамна неам на присет, ако некад ми затреба ке ја барам тогаш, до сега не се покажала потреба :)
За вакви верници ако мислиме дека се сите во државава (и пошироко) сосема ми е јансо од каде таков подсмев и огорченост кон истите.
П.С.
Ечеленте, да да „деца на свеќето“??? WTF??? И мене сега многу ствари ми се појасни :)

De gustibus non est disputandum ! ! !

Слика на fLeX

Димац, па мора

Димац, па мора маму му некаде да е објавено ова:) Ако ова е менталитетот, интелегенцијата и лудилото на моменталниот владеачки режим, примете мое сочуство!
Што и да мислиш, исто ти се фаќа:)

Слика на dimitar27

Димац, па мора

fLeX wrote:
Димац, па мора маму му некаде да е објавено ова:) Ако ова е менталитетот, интелегенцијата и лудилото на моменталниот владеачки режим, примете мое сочуство!
Што и да мислиш, исто ти се фаќа:)

Па . . .може не баш вака, ама многу близу сме до ова лудило. Да, фала за сочувството :)

De gustibus non est disputandum ! ! !

Слика на дамјан

не стигна до

не стигна до делот кога бог им одговара?

Слика на excellent

Ќе си дозволам

Ќе си дозволам да го цитирам Него:

5:55 > Чеда мои, деца на сонцето И НА ЦВЕЌЕТО.

Веќе ми се појасни многу работи.

--------
Danger could be my middle name. But it's John.

Слика на aceva

ита човеков

ма, го навјасале од сите страни, па што ако си ги потпрепишал својот говот од ЛАили Сан Франциско, па шо. И ете ти го тука у околина, седните на едно кафе разјаните се, а од мене прашај што праел од трета до триесет и третата година младиот месаја.

I'm Winston Wolf, I solve problems.

Слика на дамјан

а еве му го и

а еве му го и другарот, пошто е pdf, праќам линк до дискусијата на коа има извадоци.

http://kajmakot.softver.org.mk/zabava/Najhejterskiot_naslov_ever_i_naci-like_promocija/

Слика на Mentor

...

УФ добро е....за малце си реков Рикна Баграва :)

Слика на Сељачиште

ни се

Слика на Новица

ни се

Сељачиште wrote:
ни се смеат

Нашево е за смеење и за плачање... него нели и хрватите имаа една екскурзија како не биле словени, туку израелци нешто така?

--
Don't attribute to malice what can be explained by incompetence.

Слика на гоце

Имаа да. Ептен

Имаа да. Ептен беше забавно и тоа со разликите меѓу хрватскиот и српскиот јазик. Ние ко по обичај касниме.

Не ни се смеат само тие, цел свет ни се смее:
http://blogs.ft.com/brusselsblog/

--
Лоша вест: Македонија ќе се подели на два дела
Добра вест: Нашиот ќе биде поголем

Слика на дамјан

Персијци .. тоа

Персијци .. тоа беше некоја фикс идеја на Туџман.

Кај нас им требаа само 10тина години да го научат српскиот и хрватскиот модел

Слика на Сељачиште

Ако стварно

Ако стварно испадне дека ние сега одиме онаму каде што другите беа 91-ва, ако испадне дека дури и во посраниот национализам касниме 18 години (колку тогаш касниме позади развиениот свет, ако позади посраниот касниме толку?) е тогаш дури ќе видите што е срање.

Ако некој глупак мисли дека е тоа нужна државотворна фаза и дека на нас, ете, тоа ни фали за да тргнеме напред - да му се напрдам у уста

Слика на дамјан

Сите

Сите показатели се во таа насока.

Слика на Tapa user

Ако стварно

Сељачиште wrote:
национализам - нужна државотворна фаза












Можеш Сељо слободно да си се изнапрдиш сам на себе во уста.

_________________________
http://www.youtube.com/watch?v=o9t6iysUy3A

Слика на Сељачиште

Ако стварно

Tapa user wrote:
Сељачиште wrote:
национализам - нужна државотворна фаза

Можеш Сељо слободно да си се изнапрдиш сам на себе во уста.

Ти озбилно мислиш дека чорапи и плавуши со знаме се некаков аргумент?? Тоа на кајгана така, тука ќе се помачиш малце повеќе ако сакаш да дебатираш.

Ја не реков дека национализам не постои, па сеа ти да ме уверуваш во спротивното. Ти читаш ли бе што ти се пишува? Ја ти велам дека во нашиот конкретен македонски случај национализмот може да биде (и е!) погубен, дека не и прави арно на земјата.

Пробај ова да го сфатиш: национализмот и конзерватизмот како идеологии функционираат во етаблирани општества со долга демократска традиција. Сфаќаш? Доколку земјата е со развиено стопанство и инфраструктура, со фунцкионално здравсто, судство, образование итн, кога ќе се оформи еден општествен систем кој треба да се сочува, да не се менува пошто е добар, дури тогаш има смисла конзерватизмот. Сакаш нешто што е направено да го сочуваш. До тука разбираш?

Меѓутоа, кога државата е сиромашна, скапана и посрана и кога ништо не фунцкионира, што точно сакаш да конзервираш со конзерватизмот? Национализмот сфати го како јаготка на купот од шлаг. Работиме, се трудиме, се мачиме, изградуваме убава држава и ни се свиѓа животот во неа: на крај, горди на сопствените постигнувања, се идентификуваме со постигнувањата и се прчиме наоколу. Тоа е национален идентиет и ништо друго! Види колку убави градови и села, колку успешни бизниси и спортски тимови. Еееее, тогаш се вистинските патриотски чувства. Јаготка на купот од шлаг. Убаво чувство на вредност и постигнување.

Јаготката, ако го нема шлагот, нема на што да стои. Куќата се гради од темелот. А темелот не е патриотизмот. Патриотизмот е кровот. Темелите се (ми се смачи да повторувам) инфраструктура, здравство, образование... Нашиот куп не е куп од шлаг туку куп од гомна. Јаготката која покушавате да ја ставите одозгора изгледа смешно и нема да ги направи гомната под неа помалку смрдливи. Ова го разбираш? Ни се смеат. Ни викаат „абе ало, каква јаготка, дај прво ова гомната тргнете ги и изматете го шлагот“. Но - не! Ова за локалниве „„„„патриоти““““ како тебе е виша математика.

Знаеш што е национален идентитет? Тоа е она за кое што пљампате наоколу а појма немате што значи. Замисли вака: идеш некаде во странство кај што не си бил до сега. Се запознаваш со за тебе нова нација, се соочуваш со нејзиниот идентитет. И знаеш што ќе биде тоа? Дали е чисто. Дали се џандарите пристојни. Дали се луѓето чесни и срдечни. Дали имаш кај да се измочаш. Дали имаш кај да паркираш кола. Дали ќе те згрижат ако ти се слоши. ТОА е идентитетот на таа земја во твоите очи. Идентиетот не се опскурни историски податоци и дилеми - ти нив како посетител најверојатно нема никад ниту да ги знаеш, ниту да те интересираат. Националниот идентитет е во сегашноста, а не во минатото. Минатото минало, затоа и се вика „минато“. Ова, јасно е?

Ги здоболе курот странските инвеститори дали сме биле наследници на Александар, дали сме се викале Македонија или Нова Македонија, ниту дали имаме розета у камен или немаме. Тие работи се во суштина не-важ-ни.

Да видиме што има горе на твоите слики.

Америка? Франција? Шпанија?

Знаеш ли колку развиени земји се тие, а колку ние? Кога Скопје ќе биде чисто ко Барселона, со железничка станица ко во Лион и со автопатишта со седумнаес ленти, јас лично ќе станам толку патриота и конзервативен, нема да ти се веруе. Ќе го мафтам она сонцено, на тераса ќе го закачам.

Хрватска? Србија?

Тоа ти се класични примери како бизарниот и глупав национализам без подлога (запамти ја оваа синтагма, затоа ја болдирав) штети, а не користи. Србите ги бомбардираа. Албанија соборува светски рекорди во корупција. Па тоа ли е љубов кон сопствената земја, airhead ни еден? Да те бомбардираат и да ти е корумпирана? Хрватска уште не може да се оправи и да дојде барем на она ниво на кое што била во рамките на екс-ју. Да, да, баш така! Знаеш ли, на пример, дека во 2008-ма, со сите чартери и ефтини авиокомпании, на дубровничкиот аеродром слетуваат помалку авиони отколку пред 20 години? Што ти зборува тоа? Дека и е поарно или полошо?

Друг пат ако имаш нешто да пишеш - пиши. Ова со пастање сликици ти нема врска. На кајгана така.

Ја имам уште пар работи важни да ти пишам, кои тебе (и на 600.000 други како тебе) очигледно не ти текнуваат, ама ме здомрзе. Глеј ова погоре измозгај го, па ќе продужиме ако сакаш.

Ебем ти патриот кој и прави лошо на сопствената земја. Тоа е оксиморон.

Слика на Tapa user

АБЕ НЕ МИ ЈА

АБЕ НЕ МИ ЈА ОПИШУВАЈ СОСТОЈБАТА!!!

Знам јас каква е состојбата!

Преку куров од муабети за тоа каква е состојбата! Веќе и ебаните сомови на дното на езеро „Младост“ веќе разбраа каква е состојбата!

ДАЈ ГО РЕШЕНИЕТО БЕ!

Ете, гледаш шаткоидот Гвујо проба(дискутабилно), не го бидува. За претходните да не разврзувам прсти. ЗНАМ. ЗНАЕШ. ЗНААТ.

Ебате. Немој да ми го отрнуваш со муабети „ти наци-фаши“. Моето убедување не треба тебе или било кој шалабајзер кој ме прозива ич да го боли курот/пичката какво е, дали ти го разбираш тоа? Кој куров ми па вас ви даде за право да осудувате кој каков е?

По не знам кој пат, лично за мене. На прво место ми е суверенитетот и достоинството на мојата држава. Моментално ни едното ни другото го нема.

Тие држави, заради кои го напиша

Цитат:
Знаеш ли колку развиени земји се тие, а колку ние?

се таму каде што се, затоа што имале единство по клучните прашања за својата државотворност и развој. ЕДИНСТВО. Кај нас има „македонци, албанци и секаква друга клошараана“, има „вмровци, сдсмовци и останати гомнари“. За да македонецот прдне, треба да го праша албанецот дали би му пријала миризбата, па по пат на консензус со помалите клошари да заклучат дали смрдеата ќе може да се издржи. Некој ќе сака да отвори прозор, некој нема да сака да отвори прозор туку ако на македонецот му се прди нека излезе надвор, друг ќе рече дека македонецот може да го задржи прдежот и воопшто да не прдне. Вмровецот сакал да оствари билатерална соработка со бугарија за одредено економско прашање, сдсмовецот обвинува за бугарофилство додека во исто време шверца цигари и нафта за србија, албанецот е како осмиот патник....

И ти сакаш оваа вукојебина да изгради пат со седум ленти? Живти се!

на кајгана има барем копиљана, кои читаат и гледаат КАКО НЕ ТРЕБА да се води држава. Па може утре некој од тие ќе ја зазеде рачката од пентата на ова чамче, па ќе има три чисти во глава.

А вие бе прчови?? Вие што?? Сте се научиле да кењате бато...али кењате онака, здраво. Кењате за сите проблеми, а во ниеден текст од милијардата, нема ниту пример ниту решение од типот „еве вака треба!“ И што со тоа? Едно големо НИШТО. Јесда и онака не сте некој фактор, кој од кој по занимање, ама серете бе бато...труете.
Багра од едно собиралиште на веќе еманципирани интелектуалци стана одаја во која ечат дневнополитички брбушки кои па да го ебам, станаа и главна преокупација, а главната улога ја имаат само ДВАЈЦА.

Слика на дамјан

Цитат: ДАЈ ГО

Цитат:
ДАЈ ГО РЕШЕНИЕТО БЕ!

# првиот чекор е препознавање на проблемите (како безполезен национализам, некритичко мислење, непостоење на граѓански капацитет)
# вториот чекор е отфрлање на идеите кои водат кон проблемите
# третиот чекор е отфрлање или барем јавно испрашување на луѓето кои ги имаат или застапуваат тие идеи (т.е. да не се дозволува, проповедањето на демагогија и догми, а уште помалку донесување републички одлуки врз база на тоа, да поминат не-извикано)
# четврто е препознавање на можностите за решавање на проблемите
# петто, сортирање на можните решенијата според price/performance
# шесто, посветување на имплементирање на тие решенија

Тука негде меѓу сите точки треба постојано да се работи на подобрување на едукацијата и сензибилитетот на луѓето, за да имаме повеќе луѓе кои ќе можат да ги поминат тие точки.

Морам да кажам, моите надежи беа дека до 2009 ќе ги бевме поминале чекорите 1, 2 и 3 .. за жал, некако ретерираме кон 0

Слика на Новица

Ако стварно

Сељачиште wrote:
Меѓутоа, кога државата е сиромашна, скапана и посрана и кога ништо не фунцкионира, што точно сакаш да конзервираш со конзерватизмот?

Еве неколку идеи:

Слабиот граѓански капацитет, авторитарната држава, величање на лидерот, и некои слични вредности кои општествово си ги носи од времето на СФРЈ.

:)

--
Don't attribute to malice what can be explained by incompetence.

Слика на Сељачиште

Длабоко сум

Длабоко сум уверен дека сите земји од екс. ју ги отфрлија добрите карактеристики на старата држава, а ги прифатија лошите карактеристики. Наместо обратно. Значи, точно спротивното од она како би требало.

Сеуште не можам да му се начудам и наплачам на податоков: на дубровничкиот аеродром чилипи во 1987 година (екс ју, и тоа измасакрирана од инфлација) слетале повеќе патници отколку во самостојна и патриотска Хрватска во 2007 година, кога се прчат со наводно рекордни туристички резултати!

Уште повеќе: ако се земе во предвид дека 1987 година немало ефтини авиокомпании, интернет-чартери и доколку се пресметаат трендовите на глобален пораст во авиосообраќајот низ светот, би се очекувало во 2007 на Чилипи да слетуваат најмалку два пати повеќе патници од 1987. Значи, Дубровник е осакатен за повеќе од дупло туристи/кеш со сите овие историско-религиозни наци-срања.

Мора ли и македонија тие гомна да ги јаде? Не можеме ли некако пофраери да искочиме и да одбереме алтернативен пат?

http://en.wikipedia.org/wiki/Dubrovnik_Airport

Слика на Julls

Tapa, ај бе друже

Tapa, ај бе друже патриота и големомакедонец кажи ми те молам со конкретен пример, што си направил ти
за твојата држава? Со што ти вака си го браниш името, јазикот и народот? Со што ти ебено допринесе
добро за твојата ти земја? Со расправии по форуми? Со растегање на слички од ајм прауд ту би...нанана?
Ајде, сакам конкретен пример. И што со тоа си напраил исто ме интересира?

И така,го сретнав Фикрет и Фикрет ми даде нешто бело и ми рече,на пробај,у пизду материну е добро

Слика на Evil_Genius

Tapa, ај бе друже

Стварно бе ај кажини со шо си допринел ти?

Еве на пример горе наведената се исели од државата, за да и помогне у напредокот :D
навистина чин на себежртвување :))))
_______________________________________________________________
It's nice to be important, But it's ....

Слика на Сељачиште

Џулс неколку

Џулс неколку години правеше шик радио емисија со што македонскиот етер го доближи кон оној на развиените земји. Ако не патиштата, тогаш бар радио емисиите да заличат на нешто. Ете тоа придонесе Џулс.

А ти?

Слика на Julls

И овде

И овде наведенава го прави и понатаму истото. Од овде кај што е. И овде кај што е прави емисии на МКД јазик за македонците овде. За Џ пари. Ела ти бе машко ако толку си вичен и си ја сакаш земјата, пријави со што помагаш во развивање на нешто од нашата земја. Јас барем се трудам. Со уше неколку ентузијасти овде. Да не ми дал некој признание? Не ми треба, фала. Од големомакедонци ко вас, неќам ни тапшање по рамо.

И така,го сретнав Фикрет и Фикрет ми даде нешто бело и ми рече,на пробај,у пизду материну е добро

Слика на гоце

Tapa, ај бе друже

Evil_Genius wrote:
се исели од државата

Дојдоа сељаците и ги избркаа граѓаните.

Пак да не гласате.

--
Лоша вест: Македонија ќе се подели на два дела
Добра вест: Нашиот ќе биде поголем

Слика на Tapa user

Нишчо. Арчам

Нишчо. Арчам воздух за беспари.

Агрегирање содржина