Дали го подржувате законот за забрана на пушење на јавни места ?
Да, целосно го подржувам.
45% (45 гласа)
Не, воопшто не ми се допаѓа.
12% (12 гласа)
Јас сум пушач но го одобрувам законот.
10% (10 гласа)
Јас сум пушач но не го одбрувам законот, каде се моите права?
13% (13 гласа)
Море све у пм, до цигарите ли дојде?
20% (20 гласа)
Вкупно гласови: 100
»
- Додај нов коментар
- 5427 читања

Само не ми е
Само не ми е јасно што ќе правиме кога ќе идеме у диско и наместо на цигари ќе смрди на пот.
--
Лоша вест: Македонија ќе се подели на два дела
Добра вест: Нашиот ќе биде поголем
Sheep by P.F. (Animals - 1977)
Ова ме потсети на Ирска : кога таму го забранија пушењето во пабови во 2004 година, во прво време алтернативната смрдеа беше комбинација на пот и комина :) , се додека менаџерите не почнаа да употребуваат озонери во системот за вентилација...
Btw, гласав со не затоа што последните измени на законот за заштита од пушењето се тоталитаристичко претерување, посебно во делот кај што се предвидуваат казни за пушење по улици, паркови, и др. јавни места од отворен тип. Само заборавиле да предвидат моментална егзекуција за сторителите на овие прекршоци... Со ова Владата само покажува колку е надмоќна во своите самоволија и репресии над истите оние кои ја изгласале...
А бре Македонче, пак чорба, а?
mINd tHe GaP...
ниеден reductio ad
ниеден reductio ad absurdum нема да ги исчисти моите невини бели дробови од сите срања кои ми се наталожени унатре, од страна на моите зависни сожители на оваа планета.
полнокрвно да .
za zabrana
Е тогаш ке се тушираш почесто.
Зависник
...ич не е заебанција. Ама ич.
Ако постојат институции за третирање на останатите типови на зависности (не сум сигурна што правиме со алкохоличарите), тогаш од паричките што ни ги земаат со секоја купена кутија цигари, наместо да се користат за стимулирање на производството на тутун, нека се направи едно лечилиште за пушачи. И да го забраниме производството и прометот на цигари.
Се’ додека најлегално се продаваат цигари и се смета на данокот од нив, со овој Закон ќе може само качак да се витка. Може и за лична хигиена да се искористи, во недостаток на тоалетна хартија.
I'm Winston Wolf, I solve problems.
Хм . . .од пусто
Хм . . .од пусто слепо трчање кон најмилата ни ЕУ, ќе се сопнеме по пат, глава ќе искршиме. Така било у ЕУ?!? Па? Ене Грција не е у ЕУ?
Неоспорно е правото на непушачите да не бидат труени од нашите димови, но неоспорно е и нашето право да си се труеме колку сакаме. И како што ние, користејки го тоа право не треба да им ги нарушуваме правата на непушачите, така треба и тие (законодавецот во случајот се грижи за непушачите) да го користат своето право, без притоа да го нарушуваат нашето. Само вака станува збор за ПРАВО на избор, поинаку е се репресија на мнозинството.
Лидерот најмил, ќе мора да биде спремен дека овој закон може лесно да падне пред уставен,. иако не верувам дека овде нма кој да потегне таква иницијатива, а „невладините“ не се палат на вакви теми-нема паричка у ова.
А и зошто би, кога самите прозиводители на цигари, кои највеќе би изгубиле ако се намали пушењето, не се заинтересирани? Зошто не би финасирале они (цигарџиите) некоја акција-кампања за заштита на правата на пушачите?
Во германија мисламд ека им паднал законот пред уставен, аи и се нашле фраери кои регистрирале здруженија на пушачи, и кафаните ги направиле клубови за пушачи, каде секако се пие и алкохол :)
Ќе мора и кај анс така да се снаогаат кафанџиите. Тие исто така многу губат, еве слушам дека делот за непушачи во сите скопски кафиќи е скоро по правило празен. Не е ок знам, ама ете, непушачите прифаќаат да бидат со пушачите, бидејки ако е поинаку, би требало да седат сами.
Е сега, сака тоа да им се направи на пушачите. Да се избркаат скроз (за кафани под 40м2) или да се стават во кафези со стакло за поголемите кафанчуги. ПОголема дискриминација од ова . .нема. И само затоа што правиш нешто кое со никаков закон не е забрането?!?
Малку за парите: Пушачите плаќаат најголеми давачки за секоја кутија која ќе ја испушат. Со тие пари може да се покријат трошоците за лекување и на непушачите. Да не зборам што пушачите живеат во просек 15 год мање од непушачите, па и тука им шпараме пари на здравството :)
Ова знаевме сите дека ќе дојде кад-тад, ама секогаш чекаме да дојуе нож до коска, епа сега е дојден. Или ќе чекаме до догодина кога ќе биде целосно забрането пушење на јавнно место? Како трганел ГВУЈО наш силен маж (мојот лидер), до тогаш ќе забрани и по дома да пушиме, а може да забрани и да ни пушат. Е тогаш сигурно ќе се „дигнеме“ пошо ќе ни биде ДИГНАТ :)
Не знам, ај ќе видиме дали за ова некој ќе изреагира, глеам ЕДНООКИ нешто пробуваат, ама немаат сајт (или имаат?) и некако слабо се промовираат, само 2-3 секудни во нивното ионака кратко филмче.
Да се договриоиме како луге, мегусебе, дали има потреба од вака рестриктивни закони, или тоа се прави од пуста немоќ да се донесат други закони , па ај ке тренираме строгост на пушачите и тетките со ајвар??
ДА прекинам да пушам, сега за сега не арзмилувам, ама ако продужат вака да не тертираат . . .ќе мора и з атоа да се размилува. Мразам бе кога некој сака на сила да ми помогне, мислам дека така повеќе ми одмага, ма колку му била намерата благородна.
ГРУЈО ЦАРЕ, остај не да пушиме-та уште тоа му остана на народецов од ефтина занимација,
ОСТАЈ НЕ ДА ПУШИМЕ за да не го попушиш ! ! !
П.С.
За оние кои сепак ќе мора зимава да ја ПОПУШАТ надвор на ладно, еве практично помагало:
http://www.suck.uk.com/product.php?rangeID=69#
De gustibus non est disputandum ! ! !
кое решение го
кое решение го предлагаш ти да се заштитат другите луѓе од димот на оној што пуши?
Гас маски? --
Гас маски? ;)
--
Лоша вест: Македонија ќе се подели на два дела
Добра вест: Нашиот ќе биде поголем
Јас ви
Јас ви предлагам масовна преселба во Шведска :) Овде ви е дозволено да го пушите по улици колку што сакате, а за оние што се загрижени за своето здравје постои најдобрата никотинска опција во светот : http://en.wikipedia.org/wiki/Snus
mINd tHe GaP...
Сегашниот
Сегашниот закон е добар, со мали модификации. Забраната за пушење на улица или во парк нема смисла. Ќе се тргнеш 2 чекори ако сакаш да се заштитиш од димот. Или просторија за пушачи во затворените установи, не влегуваш ако ти пречи димот.
--
Краткиот живот гори појасно
ОСТАЈ НЕ ДА
ОСТАЈ НЕ ДА ПУШИМЕ за да не го попушиш ! ! !
ДОБАР ДОБАР....
Фали опција Ја
Фали опција Ја сум непушач, ама ова не е закон туку смешка.
Значи НЕ за законот. И искрено се надевам дека некој ќе го донесе на Уставен. Каде што ќе тресне како ја од брдото покрај Пролом Бања кога бев трето одд.
--------
Danger could be my middle name. But it's John.
Фали опција Ја
Хммм.... зошто? На кој член од уставот му противречи?
Фали опција Ја
Не ниеден, нема да падне кај нас, ама имаме право да сањаме :)
На уставс е повикуваат по логика дека „сите сме еднакви пред уставот и законите“ па ако ен правиме ништо противзаконско, не треба да не двојат од другите. Секако, во праксата за мнооогууу нешта не е вака, и тоа е нормално. Нема шанса за уставен суд, ама има шанса за „изигрување“ на зконот, а МОРА да се дозволи регистрација за разно-разни здруженија на пушачи, клубови, или како веќе ќе се викаат, и на истите да им се дозволи здружување заради остварување на заеднички цели, па така, и отворање на клубови каде ќе може да се пуши. Ова можно е?
De gustibus non est disputandum ! ! !
колега сеге
колега сеге беше у чикаго. и прво нешто што го прашав е дали успеа да запалиш цигара?
тој ми рече дека успеал но надвор на улица (у соба од хотел не се рачуна)каде што на кантите имало некој додаток да се изгази догорчето. на следното мое прашање како те гледаа луѓето кои проаѓаа, ми одговори као евреј у фашистичка германија.
Би сакал чомбе да се умеша да ни даде гледиште од негова перспектива.
Јас сум пушач но треба да прифатиме дека пушењето е одамна станато демоде и полека изумира. Па мајке му... во турција забранија пушење! у туркије! еј
Поентава на ова е да клечиш надвор на -20 и да се осетиш како црнец!
Јас дадов збор и реков дека на 2-ри јануари ги оставам. ви предлагам и вие тоа да го направите.
Ја кога
Ја кога оптегнав една цигара на сред бел ден на Курфурштенштрасе среде Берлин, жими све минувачите ме гледаа со сожалување слично на она со кое јас би гледал некој алкос како се тетерави пред пиљара. После, така, поскришно пушев пошто стварно непријатно ми беше.
Абе демоде е и
Абе демоде е и да си стрејт, па . .ја не пратам моде :)
И кажи кај ќе ги оставиш цигарите, да ги земеме ние :)
De gustibus non est disputandum ! ! !
Koj ve ebe be!
Особено треба овој закон да се применува на отворено и во паркови. Само на најхардкор идиоти може да им биде прифатливо да се пуши во паркови. Прво, опасно е да се пуши во места со зеленило и дрва, а второ, кај кур тресете цигари? Случајно да не си носите пепељари со капаче од дома и да си ја носите пепелта да ја фрлите дома? Како не бе, тресете на земја и по тревата. Таму вашите и моите деца (кога-тогаш) си играат. Сегде треба да забранат да се пуши. Преку глава ми е да бидам жртва на пушачи. Иди у клуб некој навечер, кога ке се вратиш мораш одам да се тушираш. Иди у сендвичара или ресторан, ке седне некој морон позади (или уште полошо ДО) тебе, па ти уживај во вкусот и аромата на јадењето што си го платил исто колку што и моронот го платил своето. Сум се возел у такси, каде таксистот запалил цигара без да ме праша дали ми смета. Е време е вие да бидете жртви. А тоа дека се труете, ич к*р не ми чуе. Очи вадете, слепи идете. Важно ми е мене да не ме гушите. ВИ ДОЈДЕ КРАЈОТ! :) :) :) :) :)
Koj ve ebe be!
Отсекогаш ме воодушевувала широкоградоста на ваквите луѓе, едноставно ЛУЃЕ ! ! !
У парк па пепелта сметала? Да речеш пикавците-ќе бидеш целосно у право, ама пепелта бе тупославе?? Пепелта док падне на милата ти трева (btw зелена трева е многу тешко запалива) го снемува.
Се согласувам целосно за во такси, посебно кога таксистот пуши, ама кај нас таксистите не сваќаат дека додека се возиш и за тоа плаќаш возилото е изнајмено од тебе, и ти одбираш каде и како ќе се возиш, се додека е тоа во границите на законите.
Предлог имам, кажав, посебни клубови за пушачи, па непушачите нека не доагаат ако толку им пречи. Дека и ваа е лицемерна прикаска ко и многу кај нас, и дека и за оваа прикаска се докажуваме како врвни лицемери, ми потврди денес мојата посета на БРОЗ кафе. Таму одамна, уште пред закониве, има два дела: доле е непушачки, горе пушачки (поголемиот дел). И влегувам у кафич, доле нема никој, освен персонал, а горе пуно, нема празно столче?? И не, не пушат сите гости кои се горе, брат брату, некои 30-40% не пушат (пола ги познавам, другите видов дека не пушат). И сега? Кој кому и за кој мој глуми? Шо не си седнат доле непушачите? Или, еве, ако се со пушач во друштво, како не можат да го убедат да седне со нив кај непушашкиот дел?
Абе . . лигушка работа, ама пак е модерно . .и сега сите со сила ќе се праиме луди.
Скраптоман, ќе забораев, И „НИЕ“ тебе да ти ебеме све по дома (нема љутиш нели?) :)
De gustibus non est disputandum ! ! !
И јас поздравувам по дома
Башка, пепелот од цигари има азот кој им се допаѓа на биљкици. И да. Јас си ги носам дома пикавците, за разлика од масните најлони кои ги „заборава„ некој во големи количини и кои никогаш нема да се разградат.
I'm Winston Wolf, I solve problems.
Геолозите на
Геолозите на иднината староста на седиментите ќе ја одредуваат според најлоните во нив. :-)
Под "тресете",
Под "тресете", јас како непушач подразбирам и фрлање на пикавци. Ама ако треба да ти дојдам, да те седнам во скут и како на тригодишно дете да ти објаснувам, за да не се фаќаш за збор, уште одма да те информирам (и да ти олеснам), нема шанси!!! А за она ебење по дома? Па кога Скаптомант бил циција?!?!?:)
Не знам дали е
Не знам дали е ова правиот начин, ама стварно преку глава ми е од дишење на чад во кој било локал од Скопјево да влезам. Пушачи - пушете колку сакате - ама дома!
Целата
Целата приказна на протуркување и имплементација на овој закон се само тест кој што на одредени фаци им покажува колку граѓаните во одредена држава се спремни да заборават на своите базични слободи и да го подвиткаат грбот, да го проголтаат тоа што им се сервира... па ако се, тогаш зошто да не ги пратиме во земја 1000 километри далеку да војуваат за нафта или пак 2000 километри далеку да бидат оружени заштитници на хектари и хектари афионови полиња, или пак дома да ја ослабиме до толку националната валута, па да можеме да ја замениме со нова - глобална... или пак да градиме цркви на плоштадите и да воведуваме веронауки по школите...
Нема врска овој закон ниту су пушење, ниту со здравје!
Целата
хмм, what? кои базични слободи да ги трујат другите луѓе??
Целата
Имам впечаток дека не си разбрал кон што целам. Кога правиш таков тест мораш да дадеш и еден вид на позитивна стимулација за убедувањето кое што го пропагираш да биде, те. барем да има шанса да биде прифатено од пошироката популација.
Така што ултимативно, сите овие закони и целиот hype околу забраната за пушење немаат ама баш никаква врска со здравјето и со грижата на административците за добросостојбата на своите сограѓани.
А што се однесува до твоето прашање, да ти одговарам и на него - да, homo homini lopus est, така што и тоа е една таква базична слобода, ни се допаѓало тоа на нас или не.
Целата
туку?
Туку 2
Туку 2 коментара над овој на кој што ми реплицираш, има уште еден коментар од мене. Прочитај го.
слична, а и иста
слична, а и иста дедукција може да се примени во анализата на сите закони донесени од влада кои се однесуваат на граѓани.
благата параноичност воопшто не ја поништува врската на законот за кој зборуваме со здравјето на луѓето, како и со претпоставената грижа на административците за добросостојбата на своите сограѓани.
Целата
Па токму договорното откажување од одредени природни права и слободи е камен-темелникот на човековата цивилизација, на организираното живеење во општество. Ако не, тогаш се вика дивјаштво.
да де
Значи, како што реков - ни се допаѓало тоа на нас или не.
Уште еднаш, јас алудирам на сосема друго... не велам дека непушачкото општество е лоша работа. Напротив! Но велам дека овој закон, како и самиот тренд што моментално владее на стигматизирање на пушењето ултимативно не му е целта подобрување на сеопштото здравје.
А вакцините на
А вакцините на децата што ги даваат? Тоа што е, отров кој ги прави глупи и послушни?
--
Лоша вест: Македонија ќе се подели на два дела
Добра вест: Нашиот ќе биде поголем
А вакцините на
Не би знаел. Ама за тоа ако го прашаш Јаре мислам дека ќе има што да ти каже на таа тема. Го познаваш, нели? :)
ако успее....
ако успее не само што ќе се подобри сеопштото здравје, туку и ќе се намалат медицинските трошоци.
:)
--
Don't attribute to malice what can be explained by incompetence.
ако успее....
Напротив Новица, напротив. Ако си остане по старо, тогаш трошоците се ниски. Пушачите умираат многу порано од пушачите, у просек 10-12 години порано, така што во старсоната доба кога највеќе трошат за лекови (стари луге-пензионери) најмалку има пушачи. ПЛус, нема да арчи државата пензии за нас :)
ЗНачи поржете не нас сега, за да имате подобри пензионерски денови :)
De gustibus non est disputandum ! ! !
е да бе не праиш
е да бе не праиш арч за пензија... па жена ти ќе ти ја троши
Зељадине сине .
Зељадине сине . . ти си младо па не си размишљал за пензија, ја од моја 3о-та година за тоа размилувам :)
Не може бе телец жена ми да ја крка пензијата, или ако ја крка мојата, МОРА да се откаже од нејзината, зависи која е поголема. Значи, ќар е да останат пушачите активни, целосен ќар, и за нивните семејства (ќе умрат побрзо ќе остава наследсвтото за трошење), за нивните вдовици (да си се премужат со време) но и за општеството во целост (не правиме трошоци за пензии и здрсвтсво па останува повеќе за другите-као здравите) :)
De gustibus non est disputandum ! ! !
Целата
Јас не сум се договарал ништо со никој. Откажувањето е принудно и без алтернатива.
--
Краткиот живот гори појасно
Дупли аршини по глава можат да ти с
Вредностите според кои се водиме и не водат во животот се рамката од која сакале не сакале не се бега. Убаво е да се гледаат овие мерила качен на рид, уште поубаво кога си во хеликоптер да речеме. Чат пат некои вредности, мерила се подкрепени и со цврсти аргументи (статиситки кои посочуваат колку од луѓето со рак на бели дробови се пушачи) некогаш и со искуства (тетка, мајка, комшиа починал од рак на бели дробови). За волја на вистината ќе кажам дека баба Стара како што ја викавме Сандра, бабата од комшии си ги надживеа децата, а рацете и беа пожолтени од тутун. Ајде да пробаме да ги игнорираме овие надлуѓе и да зборуваме за мнозинството.
Факт е дека на големо се труби во цел свет ете пушење цигари е штетно по здравје (поточно група несогорени чиклични јаглехидрати кои можат директно да се поврзат со ДНК да предизвикаат мутации, па со тек на години кога би се акумулирале клучни мутации да предизвикаат промена на клеточно ниво кое го нарекуваме рак). Да речеме ете дека можните последици од пушењето се едно колективно всадено знаење.
Друга работа, пред сто години нашите прародители поим си немале кои се тоа циклични јаглехидрати кои ја мутираат ДНК. Па ним да им се речело ете заради тоа и тоа не е убаво да се пуши, ме облева некое чувство кое ми вели дека бледо би бил погледнат.
Кој знае што ќе се смета за јаготките после сто години. Можеби јаготките имаат такво влијание како глувчинњата во Автосоперот на Даглас Адамс
Да се вратиме овде, денес.
Скраја да е далеку, пу,пу но ете сте се одлучиле готово, крај е! И решени сте да се самоубите. Сметате дека најдобро е да се скокни од зграда. Дали сте спремни со вас да го земете најдрагиот пријател и го присилувате да скокнете заедно (на кој меѓудругото само што му се родило дете со љубовта од второ одделение) или би скокнале сами?
Јас гласав: Море све у пм, до цигарите ли дојде?
Порака за по дома: Луѓе не ни треба закон да ни каже дека пушење цигари убива. Ни треба морал кој ќе има сила стоички да праша, која е разликата меѓу мене пушач на јавни места и .....
Поздрав.
Придружете се на кампањите на Facebook
Луѓето што се револтирани од овој закон (и сличните), на Facebook имаат организирано кампањи кои треба да ù укажат на власта дека нивниот број воопшто не е мал, т.е. треба да ги ревидира таквите закони (или народот ќе ја ревидира власта на следните парламентарни избори). Конкретно, можете да се придружите на:
► Групата БОРБА ПРОТИВ ЗАКОНОТ ЗА ПУШЕЊЕ
► Каузата Сакам да пушам и во трамвај!
или ако сте против повеќето вакви закони на:
► Групата СТОП за претераните законски КАЗНИ од 50€ (и нагоре)
► Каузата СТОП за претераните законски КАЗНИ од 50€ (и нагоре)
Цитат: Сакам
WTF какви дебили се ова
Љубеители на
Љубители на патувања во земји каде што има трамваи со отворен кров :)
--
Лоша вест: Македонија ќе се подели на два дела
Добра вест: Нашиот ќе биде поголем
Мене ме нервира
Мене ме нервира фактот што на едно чудо несредени работи, се фаќаат за некоја ваква, како забрана за пушење на јавни места. А јавно место не е надвор? Мислам, супер, океј, нека не се пуши, ама прво сакам се друго да ми е средено во државата па да се среди и ова.
Инаку, јас сум досаден пушач...досаден зошто пушам една кутија цигари по неколку дена, па не се сметам за некој хардкор пушач.
И како таков никаков пушач, највише мразам кога идам од „град“ смрдам на цигари...комплет...од глава до пети. Му смрдам на детено што спие у иста соба со мене, а тоа ми е искрено најгадно! Тоа го ставам во ист ранг како да се наљокам алкохол и да му дишам у фаца.
Во суштина јас поддржувам непушење во близина на деца, ние големите можеме да одлучиме што е добро што не е за нас. Тука би ставила казни од многу големи суми! Поготово ако не мораш да пушиш, ако имаш избор да излезеш и запалиш. Имав прилика да седам кај пријатели со мало бебе, кои опуштено се страствени пушачи и тоа го прават во истата просторија каде е нивното бебе. А имаат тераса....тоа ми е грозно. Јас моите две до три цигари дневно не ги ни споредувам со тоа! И јас ги палам кога детето ми спие, навечер..или ако не е дома! Луфтирање обавезно!
Ова со законов? Ова ми е смешно...како што во 1999 година ми беше смешен законот за радиодифузија а и ден денес не функционира како што треба. Ништо не функционира па ни тоа. Така мислам дека ќе биде и со ова...
Само тотално ме пиздат оние непушачите кои тука нешто се курчат со „цркнете пушачи“ и „ако ви е“. Да пропушите дај боже, за вас кои сте со такви дебилни идеи. Па да видите како тоа изгледа.
И така,го сретнав Фикрет и Фикрет ми даде нешто бело и ми рече,на пробај,у пизду материну е добро
така е Јулке,
така е Јулке, најглупо е што ја градиме куќава од кров. ама, ете, демек нешто се гради.
Плус, за закон кој се донесува а не се спроведува, крив е оној кој треба да го спроведе.
Еве пример за најозлогласениот закон донесен у МК евер:
Законот за забрана на работа на кафулињата после 00 во работен, и после 01 во викенд.Таков закон се носеше 3 пати до 2003, и секогаш беше „секое чудо 3 дена“ и си теравме по старо.
2003 лицето Костов Хари, во фунцкија на тазе премиер а претходно прв џандар у МК, го доесе и сега актуелниот закон. Педерски е, многу ми смета мене лично, ама . .еве опстана веќе 5-6 години, значи ако се сака, можело?!?
Така да . . мисламдека некои закони се носат однапред со намера да не се спроведуваат или да се спроведуваат реда ради, или селективно. Искрено се надевам дека и законов против пушење че биде еден од таквите.
De gustibus non est disputandum ! ! !
така е Јулке,
за да можеш да продолжиш да ги труеш сограѓаните?
Не ми се верува,
Не ми се верува, 2 години пробувам да се закачам и конечно успеав.
А да, уа за законов, тапа се, и се трудам да ги оставам цигарите. Здравствени причини инаку со задоволство би ги пунел џеповите на тутунските босови :D
па веќе стварно
па веќе стварно се досадни со тоа пушење на јавни места..епа ај кажете ми кога ке отидеш во кафич кај ке пушиш...значи забоди се во вецето и таму пуши...мн глупав закон е..а и тој законот за фрлање на отпушок е мн глуп...пред неколку дена видов цајкан како фрла отпушок на земја...епа извини ама како за сите така и за тебе :D
Во суштина
Во суштина ЗАКОН за забрана на пушење не треба (како таков-непромислен во својата идиотско-имбецилска форма). Секој сам треба да си биде свесен за тоа. Јас сум пушач,и ми пречи кога се гушам во премногу чад...Дома не пушам и не пушам ни кај другите по куќи...
Но ВАКВА ЗАБРАНА? ТОТАЛНА И НЕПРОМИСЛЕНА? ГЛУПАВО Е.Зада се казнува НЕПРОПИСНО ПАРКИРАЊЕ-ТРЕБА ПРВО ДА СЕ ОБЕЗБЕДАТ ПАРКИНЗИ. Со овој закон за ЗАБРАНА НА ПУШЕЊЕТО НА ЈАВНИ МЕСТА-само се посрамотија зашто прво требаше да се размисли малку со глава а не со газот-ПУШАЧИТЕ ДАЛИ ИМААТ СВОИ ПРАВА?
Значи сите ПЕДЕРИ,ХОМОСЕКСУАЛЦИ И ЛЕЗБЕЈКИ СИ ДОБИЈА ПРАВА ДА ПОСВОЈУВААТ ДЕЦА,ДА СТАПУВААТ ВО БРАК,ДА СЕ МАНИФЕСТИРААТ ЈАВНО...ИТН Оти нивните ПРАВА БИЛЕ ДИСКРИМИНИРАЧКИ...
НАРКОМАНИЈАТА СЕ ПОВЕЌЕ ЗЕМА ЗАМАВ,СЕ ЛЕГАЛЕЗИРААТ ТКН “ЛЕСНИ ДРОГИ“...
И нивните права се дискриминирани,нели? Па им дозволија се и сешто. И они се луѓе,точно. Се сложувам...
По аптеки се продаваат слободно ХЕМИСКИ НЕДОКАЖАНИ “ЛЕКОВИ“,СЕ ВАКЦИНИРАМЕ СО БОГ ЗНАЕ ШТО...
СЕ “ЗАПЛЕНУВААТ“ ТОНИ ХЕРОИН...
А законот ЗАБРАНУВА ПУШЕЊЕ?
НЕ МОЖАМ ДА НАЈДАМ ЗБОР ЗА ВАКВА ИДИОТШТИНА...
Да се мочам ја на Хелсиншкиот комитет и сите во него-И ТАКА ТАМУ СИТЕ СЕ ПЕДЕРИ.
Во суштина
Дечки, кај ме најде баш мене да ме копираш во никот, живти све!? Од толку никови, мене ми се запна?! Демек, твоето Константин е на кирилица т.е мешано кирилица-латиница , па нема шанси да не смешаат! Админи на Багра, ако ве има, ве молам реагирајте!
"Εν Τουτω Νικα"
Ај доста више
Ај доста више муабет. Законот е донесен, на сила е, казните се големи и нема бегање. Ај да смениме тема. Како ке биде времето од утре?!?!?:)