1 декември, 2008 - 20:43
[веб кирилица]

Македонија го призна Косово

од Незнаен јунак на 9 окт 2008 - 23:33

Преземено од A1 [www.a1.com.mk]
__________________

Владата на Република Македонија вечерва донесе одлука за признавање на Косово. Одлуката е донесена во координација со Владата на Црна Гора, која претходно соопшти дека го признава Косово како независна држава.

„Воспоставувањето на дипломатски односи очекуваме да се случи наскоро, потпишано во името на Владата на Република Макдонија и Владата на Република Косово“, изјави пред новинарите шефот на македонската дипломатија Антонио Милошовски.

„Ова прашање, рече тој, воопшто не е дилема и сметам дека ова е еден многу добар сигнал кој оди во вистинска насока“.

Прашан дали можеби одлуката не темпирана? Милошовски дециден: „Одлуката не беше поврзана со гласањето во ОН, иако начелно од српска страна на повеќе држави во светот меѓу кои и нашата беше укажано дека чувствително и значајно е времето односно периодот пред донесувањето на таа одлука со цел можностите таа одлука да помине да не се нарушат“.

Инаку во заедничката изјава на црногорската и македонската Влада се истакнува дека одлуката за признавање на Косово од страна на Македонија, како земја со кандидатски статус за членство во ЕУ, и Црна Гора, како земја-потенцијален кандидат за членство во ЕУ, е резултат на исцрпна политичка проценка и се заснова на заклучоците усвоени од страна на Советот за општи работи и за надворешни работи на ЕУ од 12 февруари 2007 и 18 февруари 2008, како и на Европскиот совет од 14 декември 2007.
Одлуката е донесена во координација со Црна Гора

Македонија и Црна Гора, се вели во изјавата, конзистентно го поддржуваа процесот на преговорите меѓу Белград и Приштина, а планот на специјалниот пратеник на Генералниот секретар на ОН за решавање на статусот на Косово го сметаа за добра основа за изнаоѓање решение, кое ќе придонесе за трајна стабилност и за нови европски и евроатлантски перспективи на регионот. Прокламирањето на независноста на Косово уследи по пропаѓањето на сите напори на меѓународната заедница, преговорите меѓу Белград и Приштина да резултираат со решение за статусот на Косово.

„Поаѓајќи од фактот што институциите на Косово се определија целосно да ги имплементираат принципите и одредбите предвидени во Планот на специјалниот пратеник на Генералниот секретар на ОН за решавање на статусот на Косово, двете земји ќе го поддржуваат градењето на демократските институции на Косово, во функција на создавање мултиетничко општество, во кое ќе бидат гарантирани правата на сите етнички заедници на културен, религиски и јазичен идентитет“, стои во изјавата.

Опции за гледање на коментари


сликата на Zelka
а шта кажу - од Zelka на 10 октомври, 2008 - 07:57

а шта кажу „брача“ срби?

сликата на Julls
Ги враќаат - од Julls на 10 октомври, 2008 - 08:06

Ги враќаат амбасадорите дома, и ги повлекуваат своите од кај нас и ЦГ. Како и со сите.

И така,го сретнав Фикрет и Фикрет ми даде нешто бело и ми рече,на пробај,у пизду материну е добро

а шта кажу - од METhAMORPH на 10 октомври, 2008 - 08:30

Zelka напиша:

а шта кажу „брача“ срби?

Јас колку што гледам ептен се нафурани на црногорците... Признавањето од страна на Македонија е некако во сенка на црногорското признавање.

сликата на Julls
Колку смрди - од Julls на 10 октомври, 2008 - 08:02

Колку смрди ова, одма после резолуцијата во ООН.

И така,го сретнав Фикрет и Фикрет ми даде нешто бело и ми рече,на пробај,у пизду материну е добро

сликата на dimitar27
Не да смрди - од dimitar27 на 10 октомври, 2008 - 08:31

Не да смрди Јуле . . .корне . . .

Кој знае кој свртил телефон, ОД ОДМА да се признае КОСОВА, и тоа ен за недела две-УТРЕ ! ! !

За прв пат со СДС да се сложам делумно, немаше никаква причина да се одбијат амандманите кои ги доставија, да се грижиме за Гораните, да имаме гаранции за нашето уставно име, и да се среди границата.
Арно ама . . .политика-ко и увек, КУРАВА [се смее]
Србите ќе си го земат амабасадорот од кај нас, а нашиот у Београд ќе го прогласат нон-грата, ко и на секоја друга земја која го признава Косово, не знам само дали на германија и УСА истото го направија, не сум сигурими.
Нас не ни се исплати да идеме против мегународното право кое во случајов со Косово е прекршено, зашто па ние во спорот со Атињанине се повикуваме на истото тоа мег. право.
Како и да е, ме нервира зошто ова се случува на сила и на брзина.
Србите ќе се навикнат, пошо сила Бога не моли

De gustibus non est disputandum ! ! !

До сега не протераа ни еден друг амбасадор. - од METhAMORPH на 10 октомври, 2008 - 23:50

dimitar27 напиша:

Србите ќе си го земат амабасадорот од кај нас, а нашиот у Београд ќе го прогласат нон-грата, ко и на секоја друга земја која го признава Косово, не знам само дали на германија и УСА истото го направија, не сум сигурими.

До сега не протераа ни еден друг амбасадор. Ги повлекоа своите во тие држави па пред некој ден пак ги вратија.
Али затоа на Македонија и Црна Гора као покажуваат сила [се смее] Смешки.

сликата на Julls
е покажуваат - од Julls на 11 октомври, 2008 - 13:40

Не покажуваат сила, колку што го сфатив овој овде министер за надворешни. Лути се. Не протераа други од причина што тие го признале Косово пред резолуцијата, а нашите и ЦГ после. И тоа одма после, следниот ден.

И така,го сретнав Фикрет и Фикрет ми даде нешто бело и ми рече,на пробај,у пизду материну е добро

сликата на Tapa user
И тоа на истиот - од Tapa user на 11 октомври, 2008 - 13:41

И тоа на истиот ден кога Владо Черноземски го скина Александар Караџорџевиќ во Марсеј [се смее]
_________________________
http://www.youtube.com/watch?v=o9t6iysUy3A

сликата на Julls
Ах каква - од Julls на 11 октомври, 2008 - 14:16

Ах каква радост...

И така,го сретнав Фикрет и Фикрет ми даде нешто бело и ми рече,на пробај,у пизду материну е добро

сликата на Tapa user
Не е тоа радост, - од Tapa user на 11 октомври, 2008 - 14:58

Не е тоа радост, или е случајност, или намерна случајност [намигнува]
_________________________
http://www.youtube.com/watch?v=o9t6iysUy3A

сликата на dimitar27
е покажуваат - од dimitar27 на 11 октомври, 2008 - 19:12

Julls напиша:

Не покажуваат сила, колку што го сфатив овој овде министер за надворешни. Лути се. Не протераа други од причина што тие го признале Косово пред резолуцијата, а нашите и ЦГ после. И тоа одма после, следниот ден.

И така,го сретнав Фикрет и Фикрет ми даде нешто бело и ми рече,на пробај,у пизду материну е добро

Јуленце, поакжуваат некоја си сила, или целата фрустрација на анс ја испољаваат, ама ако, само и на нас можат.
Целосно ги разбирам, како што и знам дека и они нас не разбираат (не целосно)
Во врска со резолуцијата на ОН за идење на суд за законитоста на Косово, НИШТО, таа евентуална пресуда во корист на РС, ниту има некаква важмносг ниту правна сила, едноставно е советодавна, или у превод „Шијо ми га Џура“
Ако, они мислат дека направиле голема дипломатска добивка., и нек се радуваат, им треба, ко и нам.
Све у свему, реалноста е дека РК е држава и крај, тоа што нам или на РС не ни одговара тоа, тоа е наш(нивен) проблем

De gustibus non est disputandum ! ! !

сликата на Julls
Види, они сила - од Julls на 11 октомври, 2008 - 20:35

Види, они сила ќе покажуваат со нас преку дипломатија, нема више амбасадор, сега конзул, одјеб. Оној еден (не го знам де по име, министер тука) више дава предлог да се врати Србија со БЈРМ во односите со МКД. Вика, они безобразни, па и ние, шо да не!? И нема да ме изненади. И јас викам дека тоа меѓународниот суд со Косово нема ништо да биде, ама многу пиздарски потег од првите им комшии ова, ептен се накурчија, одма после резолуцијата де...оној Гејтс следниот ден дојде во Скопје, и кажа таму,с еа другари со се Подгорица ајде, иначе ќе ве ебеме доживотно (мада и вака и онака ќе не ебат доживотно). Јас не знам до кај ќе иде ова, ќе дознаам дали уште работам [се смее] за некој ден! Мислам, од кај да знам колку се накурчени...уредникот тука вика, не, останува на политички односи, ама јас длабоко допирам во политичките односи со работата.

И така,го сретнав Фикрет и Фикрет ми даде нешто бело и ми рече,на пробај,у пизду материну е добро

сликата на Tapa user
Види, они сила - од Tapa user на 12 октомври, 2008 - 01:04

Julls напиша:

да се врати Србија со БЈРМ во односите со МКД

Да се врати? Па кога „скренала“?
_________________________
http://www.youtube.com/watch?v=o9t6iysUy3A

сликата на Julls
Еј, не драпај - од Julls на 12 октомври, 2008 - 07:16

Еј, не драпај мадиња...во дипломатските односи Македонија е Република Македонија овде. Мислам, доста више збориш работи кои изгледа не ги ни познаваш..тука живеам три години, гледам, знам, пратам, РАБОТАМ во државна тука институција. Ај више ако може да не ми реплицираш со непроверени информации.

Едитирам (од Макфакс инфо, да не вадам од српски сајтови, нели)
Србија би требало да ја нарекува Македонија, БЈРМ порача српскиот министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ, откако Скопје ја призна независноста на Косово.

„Македонија покажа дека недоволно го цени ставот на Србија”, вели Дачиќ во интервју за агенцијата Фонет и наведува дека „Србија ја признала Македонија, под нејзиното име, тогаш кога од нашите пријатели Грците беше вршен силен притисок да биде призната под името Бивша Југословенска Република Македонија (БЈРМ)”.

И така,го сретнав Фикрет и Фикрет ми даде нешто бело и ми рече,на пробај,у пизду материну е добро

сликата на Tapa user
Изостави ги - од Tapa user на 12 октомври, 2008 - 12:17

Изостави ги билатералните дипломатски односи со Србија, така цел свет не вика со уставно име. Знаеш добро за што зборам. Што се однесува до изјавата...за прв пат Србите да бидат пишман-аџии...што кажува тоа за нивниот карактер? [се смее]
_________________________
http://www.youtube.com/watch?v=o9t6iysUy3A

сликата на Julls
Не знам на што - од Julls на 12 октомври, 2008 - 17:13

Не знам на што мислиш, кажи ми.
Пишманџии? Што кажува? И тоа незнам.
Ама знам дека ти знаеш и ќе ми објасниш.

И така,го сретнав Фикрет и Фикрет ми даде нешто бело и ми рече,на пробај,у пизду материну е добро

сликата на Evil_Genius
А бре Девојко - од Evil_Genius на 12 октомври, 2008 - 14:35

А бре Девојко те реазбираат сите овде дека си имаш твои интереси и дека ти е јако да си живееш у београдска бановива и се е тоа ОК. Ама молимтисе немој да обајснуеш као тоа цигаништава од север ни мислеле добро и ни биле најбољи комшии, искрено бетер се од грците, тие барем се отворено у своите намери а циганиве цело времем нешо лице се праи као браќа ова она и ќе ти се деси некоја ѓурултија ко со јован, на крај крајева кој ги ебе бе имаме интерес на косово и си гледаме наша работа.
Ајт поздрав
_______________________________________________________________
It's nice to be important, But it's more important to be nice.

сликата на Julls
Расчепкај - од Julls на 12 октомври, 2008 - 17:11

Расчепкај малку, тикво и ти. Не сум у београдска бановина. Ја ради цигаништата на југ можам као мањина да наебам, и да, си ги гледам во овој момент своите интереси. Дал ни мислеле овие циганишта добро или не, не навлагам. Јас неам проблем овде од никој никаде ради тоа што сум македонка. Чак што више, „готиве то они“. И у београдска бановина а и на другиве места.
Честитам за интересите, мене ме заболе за комплетниот аспект интереси на целава работа. Ја лично ни доле ни овде неам интерес од Косово. Овде уште помалку. Шо е до мене, Косово чао од 81 е. Шо е до мене, Косово нека е слободна сама и најсама држава...и за тоа ме заболе, боље ќе ми е да не плаќам данок за нив.

И така,го сретнав Фикрет и Фикрет ми даде нешто бело и ми рече,на пробај,у пизду материну е добро

сликата на Новица
граници - од Новица на 10 октомври, 2008 - 15:27

хехе сега и официјално се граничиме со пет држави.

часовите по географија ќе се сменат [се смее]

инаку, меѓународното право е одамна мртво исто како и ОН.

веројатно сега ќе видиме како силата и на некои други прашања.

--
Don't attribute to malice what can be explained by incompetence.

сликата на Tapa user
http://www.kosovothanksyou.co - од Tapa user на 10 октомври, 2008 - 15:32

http://www.kosovothanksyou.com/

Ах, и специјален поздрав до нашите новосоздадени соседи:
http://www.youtube.com/watch?v=emG9tswvdwo

Уште малце, па ќе може и на Војводина да и честитаме независност, а на белграѓани, конечно ќе им се исполни сонот да живеат како паши [се смее]

сликата на Zelka
убав ден да се - од Zelka на 10 октомври, 2008 - 16:39

убав ден да се чуствувате горди што сме македонци?
нели?

Lirim per Kosova. Oj hoj - од Robomarket на 12 октомври, 2008 - 01:39

Lirim per Kosova. Oj hoj hooj, честито. Не можеме да градиме добри односи ако се тегавиме околу признавањето! И не можеш да игнорираш 2 милиона луѓе.

Се надевам дека трампата беше лукаво спроведена за атер на некои “ситни“ гаранции за спокојство во следните ХХ години.

сликата на Lans
српскиот - од Lans на 12 октомври, 2008 - 17:22

српскиот министер нема што да ни порачува нам,нека им порача на своите срби да:
1.раѓаат деца
2.престанат да ги продаваат имотите во косово
3.да се вратат на косово
англичаните пробаа да ја држат индија па не успеаја 100 000 британци на 100 милиони индијци,зошто би им успеало на србите?
а и ние не сме далеку од истата судбина со овој македонски менталитет
1 дете,2 стана, 3 коли.
мижи асан,тулумби паѓаат.
а инаку лошо се продадовме за ова прашање.ниту границата е завршена,ниту пак заборавивме дека 2001 од косово летаа гранати на наша територија.ама па од друга страна,каде е прохор пчински и мангата јован?во србија.а и денденес уште пејат песни во кои прилеп е во српска територија.
србија до токија.мај ес...
крајот е близу.

сликата на PLAYLIFE
Ми се стресоа - од PLAYLIFE на 12 октомври, 2008 - 20:31

Ми се стресоа коскиве што ни го протерале амбасадорот;)Цел живот за се и свашта протеруваат и повлекуваат амабасадори. Пацовска политика е тоа. Автономијата која Коштуница им ја нудеше е поголема од таа што во договорот од Рамбуе ја одбија. Кога се палат на национализам и пацовизам, евентуално ќе направиш такви грешки. Башка, не гледам како они толку нас добри, кога ако се пролиста историјата... Нема врска. Косово е реалност, и мора да живееме со тоа. А сега што нив не им се допаѓа...

СМРТ ЗА КОМУЊАРИ и АНАРХИСТИ [намигнува]

:) - од scaptomant на 12 октомври, 2008 - 22:37

Пред нецели десет дена, на една од омнибус страните на македонскиот дел од мрежата, излезе анкета правена на некоја српска страна, на тема "Која страна ја поддржувате во спорот помеѓу Македонија и Грција?". Околу 70 посто од анкетираните ја поддржаа Грција. Никогаш не ни биле браќа и никогаш нема да ни бидат. За пиење ракија сите се браќа и другари, кога ни требаат никаде ги нема. Ви текнува какви немири направија кога си одеше ЈНА? Цели касарни ги искорнаа. Вадеа оружје на Македонските војници. Како викаше еден од Албанските пратеници во Македонското собрание, "Србија до Токија, ал' мала је ко Нокиа". Што се однесува до Албанците, јас одма би ги помножил со нула, ама они ни се реалност. Нужно зло и пред нас и пред странците, кои во моментов ни одговара да ги тинтраме. Faliminderit!

rofl - од ivo_pop на 13 октомври, 2008 - 22:43

Ако за време на поранешна Југославија постоеше изрека Скопје гради - Белграт кради. тогаш кој во минативе 20 год не краде ????
Кога имаме мака тогаш ни се браќа кога не ни требаат тогаш се слчува ова.
98 година од некои ВМРО-вци,''патриоти''!!!(барем во моја околина)-Ако!!! така им треба!!! боље со нив ке живееме отколку со србите.Не на нас нема да ни се случи ова.Неколку години потоа истите се кријат во источна Македонија(нивните села)a јас се наоѓам во Тетово во касарна !!
Да ве потсетам не пишувајте глупости пред време пошто одамна за празници во Тетово не се вее нашето знаме.Во периодот на Милошевиќ албанците на косово ги уживаа истите права како денес во Македонија.Се започна од ''човечки права''како и тука.
Не ситетесе не некого кој е немоќен пред западот.
Друго.Колку толку имам поминато се на се 6-7 месеци во мојот живот во Србија.Ниту еднаш никој не ме нарече јужно-србијанац или сл.
Заклучок; раѕликата помеѓу нивниот џган и нашиот е тоа што они имаат националисти-будали а ние националисти-пички.

сликата на dimitar27
rofl - од dimitar27 на 14 октомври, 2008 - 14:32

ivo_pop напиша:

Во периодот на Милошевиќ албанците на косово ги уживаа истите права како денес во Македонија.

Се заебаваш нели? Кога си бил ти таму и си ги видел „правата на Шиптарите на Косово“?
Бараа паметам тогаш Косоварите да дојдат таканаречените „Плави шлемови“, војници на УН.
Има пратија Србите ПЛАВИ ШЛЕМОВИ, ЈНА, засилена со ПОЛИЦИЈАТА која носеше ПЛАВИ ШЛЕМОВИ.
Брат ми иде со нив, а на тоа амфибијата горе седи батка со пушка у една и цигара у друга рука и возејки низ шиптарските села ги известува граганите:
„Изаџите Шиптари-стигли плави шлемови“ [се смее]
Не дека се многу арни шипуринките, ама после доагањето на власт на Милошевиќ, немаа ни П од нормални човекови Права, ма колку ова небратски звучело за Србите.
Кај нас приказната беше сосема трета, имаа доволно права, а се одеше да им се дадат(лош избор на збор) уште повеќе.Паметам дека кога беше ВМРО со ДА на власт, уше тогаш купија слушалици за у собрание, што значи имале намера да се зборува двојазнично нво највисокиот законодавен дом во државата.
Ама некому му се брзаше . . .мннноооогуууу, пусто не се трпи да не си ВЛАСТ ! ! ! [се смее]

De gustibus non est disputandum ! ! !

ok - од ivo_pop на 14 октомври, 2008 - 22:55

„Изаџите Шиптари-стигли плави шлемови“ - плави шлемови кои зборат така плус српски ? -ма дај...кој е толку глуп да поверува на тоа ? [се гази од смеење] Ова ми изгледа како вицот за отровните печурки и слобо.
Не можам ништо да гарантирам што се случувало во косово 90тите.Но едно знам дека во косово како покраина тие имаа одредени права.Имаа школи,факултети многу други институции на албански јазик.Ја лично имам видено лична карта на србинка од косово во која пишува најпрвин лична карта на албански а потоа на српски значи до таму оделе тие права.
Како би реагирал ти кога некој нон стоп бара некакви ''права''?,Како би реагирал на секој бунт против својата држава?-како тој бунт ке биде прикажан на запад? Каде завршија нашите и српските бранители?
а каде борците за ''права''? Знаеш дека бунтот кај нас можеше да се сопре за 24ч ? Кој го одолговлекуваше тоа и ги осудуваше акциите на нашата полиција?
А тоа дали србите правеле некаков геноцид или сл врз албанците може да се препише на националистите од кои таа земја(како и повеќето на балканов)страда.
У контекст на ова еве едно старо видео http://www.youtube.com/watch?v=EEhgwdJldeU од чичко Chomsky сеа некој го поштува помалку нокој повеќе али милам дека ок е чоеков

сликата на GoodBytes
Премногу - од GoodBytes на 13 октомври, 2008 - 00:48

Премногу почнавме да му се тресиме на сè и на секого. Ние сторивме што нам ни чинеше, Србија нека си стори што ним им чини. Македонија не води агресивна политика кон ниедна друга држава од Балканот, нека биде реален секој сосед и нека процени.
--

сликата на dimitar27
Јуле, qр да не те - од dimitar27 на 13 октомври, 2008 - 09:01

Јуле, qр да не те боли за работното ти место, нема да те пипнат, а и да те, за тебе бар има работа на повеќе места, па и таму [се смее]
Србите се накурчени, сосема нормално, ама не мислам дека ќе направат некои подрастични нит подолготрајни бељи. толку беше, го нон-гратираа амабасдорон, до мојега, све фунцкионира исто, на ниво на конзулат, што е уствари 98% од работата на амбасадите.
Колку ни се Србите блиски, секој што малку се заинтересирал за историјата на народецов на овие простори знае. Можеби и највеќе беља токму тие имаат направено, рака под рака со Грците.Тоа го докажаа и кон почетокот на деведесетите, ако случајно мислевме дека тоа било во подалечната ни историја.
Затоа многу ме нервира кога некој ми вика „Зар Љунгине ти се поблиски од Србите“?
Искрено, исто ми се блиски, односно далечни, ко Киро Глигоров сум, еквидистанца [се смее]
Како и да е, не мислам дека на оваа тема помегу народите ќе се јават проблеми, ќе остане вака на кошкање дипломатско и препукување по форуми. Страно изгледа кога ќе помисламд ека ние со сите соседи сма закарани до коска, ама па од друга страна, све некако ми изгледа дека со причина е така.
Не ми се свига тоа, и сакам што побрзо да се смени, секако на взаемно задоволство на (сега веќе) петте соседи.
И да, се согласувам со погоре напишаното од некој „колега“:
За ракија пиење и заебанции, со секого сме блиски, дури и со грцине [се смее]

De gustibus non est disputandum ! ! !

сликата на Julls
Еве една - од Julls на 14 октомври, 2008 - 16:10

Еве една меѓународна студија...ме мрзи да преведувам, кој сака нека чита..
КАДЕ ОДИ МАКЕДОНИЈА

И така,го сретнав Фикрет и Фикрет ми даде нешто бело и ми рече,на пробај,у пизду материну е добро

сликата на Tapa user
Еве една - од Tapa user на 15 октомври, 2008 - 15:37

Julls напиша:

Еве една меѓународна студија...ме мрзи да преведувам, кој сака нека чита..
КАДЕ ОДИ МАКЕДОНИЈА

V tem mesecu ni vpisanih novic!
_________________________
http://www.youtube.com/watch?v=o9t6iysUy3A

сликата на Lans
Еве една - од Lans на 16 октомври, 2008 - 17:34

Tapa user напиша:
Julls напиша:

Еве една меѓународна студија...ме мрзи да преведувам, кој сака нека чита..
КАДЕ ОДИ МАКЕДОНИЈА

V tem mesecu ni vpisanih novic!
_________________________
http://www.youtube.com/watch?v=o9t6iysUy3A

толку била издржана статијата
крајот е близу.