1 декември, 2008 - 20:25
[веб кирилица]

Започна преродбата на азбуката и јазикот

од Незнаен јунак на 7 окт 2008 - 10:06

Преземено од Баба ми Трајанка [babamitrajanka.blog.com.mk]
__________________

Пред некој ден разбрав дека институтот за македонски јазик „Крсте Петков - Мисирков“ извршил ревизија на некои термини што се користат во нашиот јазик и притоа била донесена одлука, од стандардниот јазик да се исфрли зборот госпоѓица?! Сè уште не сум го проверил ова (но и нема зошто да се сомневам, затоа што е потполно во склад со однесувањето на институтот!), но, во најмала рака дури и да се работи само за план за такво нешто, веќе е отидено предалеку!

Отсега за сите жени (дури и за неверојатно младите и немажени жени) ќе се користи зборот госпоѓа. Иако значењето не е ни одблизу исто, ете некој одлучил дека може да биде. Сево ова е во склад со претераната „политичка коректност“, со цел да се „оневозможи“ дискриминацијата на жените (небаре дискриминацијата живее само во јазикот, таму во материјалниот свет никој не знае што чудо е тоа дискриминација!). Феминистичките активистки ситничарат до немајкаде, ама изгледа не размислиле за последиците од своите активности.

Само затоа што некој можеби се навредил од некој збор, не значи дека автоматски треба да го исфрлиме од јазичниот систем! Што станува со текстовите пишувани претходно? Веќе не се со стандарден јазик, затоа што се знае оти главниот лик на некоја приказна е немажена жена и следствено на тоа ја викаат госпоѓица? Како ќе ја преведат главната форма на обраќање на Робин Вилијамс кон малото девојче од филмот „Двовековен човек“: "Little miss"? Мала госпоѓо?! ХА!

Сличните ситничари кои работат на англискиот јазик, проблемот со „навредливите“ термини во однос на жените го решија со додавање на нов збор "Ms" што е кратенка од "Mistress" (господарка) и кој во никој случај не упатува кон брачниот статус на жената на која што ù се обраќате (ако таа така одлучи)! Замислете, англичаните не ги исфрлија од јазикот ни ултранавредливите шовинистички "Spinster" или "Old maid" со истоветно значење „стара мома“, употребувани за да се опише девојка која е во годините погодни за мажење, но не сака или не може да се омажи? Зошто? Веројатно зашто некогаш употребата била доста фрекфентна во литературата, а во најмала рака, оставиле да ги потсетуваат на сопствената глупавост....

И додека тие си додаваат нови зборови кога имаат проблем, ние ги поткаструваме постојните и се преправаме дека никогаш не постоеле! Можеби затоа англискиот јазик е најбрзорастечки јазик на планетава, а правопропорционално на истото, можеби ние претеруваме на моменти со пуританизмот! Или не?

Опции за гледање на коментари


Па пола од - од monthy на 7 октомври, 2008 - 12:18

Па пола од феминистичката идеја е заснована на критика на јавниот дискурс. И ако не гледаме како дискурсот (макар и по малку) влијае на реалноста онда не го разбираме воопшто феминизмот.

Англискиот јазик е првиот кој се реформираше, дури е издаден и речник на политички коректни зборови. Нема више cripple, midget, retard и сл. Збориме за јазикот кој го користат институциите, иначе никој не може да ти забрани да ги користиш овие зборови. Така и кај нас ќе биде. Во дневниот билтен на МВР кога некоја жена ќе убие некого, нема да можеш од нејзината титула да дознаеш дали е мажена или не.

И во тој смисол е фер, нели? Зашто нивните титули да зависат од нивната брачна состојба, а нашите не? Како они да достигнуваат некаква состојба на зрелост, а ние сме ја стекнале со раѓање....

сликата на Новица
што се подразбира под „стандарден јазик“...? - од Новица на 7 октомври, 2008 - 17:59

Ми се чини дека една работа е МВР во билтенот со службен јазик да се грижи за приватноста на граѓаните, а друга е лекторите да имаат задачи да го направат секој текст да биде „службен“.

--
Don't attribute to malice what can be explained by incompetence.

Лош и курвински - од PetarK на 7 октомври, 2008 - 22:54

Лош и курвински текст.

Лош е бидејќи не е јасно што се случило, што значи тоа „од стандардниот јазик да се исфрли зборот госпоѓица“?

Курвински е бидејќи повеќе од пола пост зборува за метапрашањето за статусот на „лошите“ зборови во јазикот, иако е сосема јасно дека главниот проблем му е суштинското прашање за пожелноста на „госпоѓица“.

сликата на dimitar27
Лош и курвински - од dimitar27 на 8 октомври, 2008 - 12:01

PetarK напиша:

Лош и курвински текст.

Лош е бидејќи не е јасно што се случило, што значи тоа „од стандардниот јазик да се исфрли зборот госпоѓица“?

Курвински е бидејќи повеќе од пола пост зборува за метапрашањето за статусот на „лошите“ зборови во јазикот, иако е сосема јасно дека главниот проблем му е суштинското прашање за пожелноста на „госпоѓица“.

Петар звани КАПАК, браос
ААА; сега сконтав, тебе тоа „К“ после името ти е од прекароооот . . .Одлично [се смее]

De gustibus non est disputandum ! ! !

сликата на Муцко

Тие што се интересираат за лингвистиката, дали се запрашале што е изворното значење на народниот збор за обраќање кон жена „МОРИ“ (или „МОРЕ“, за обраќање кон маж)? Сиугрно дека овие „непреведливи“ зборови на други јазици, кои со сила сакаме да ги изгубиме од нашиот јазик прогласувајќи ги за „некултурни“, некогаш имале вистинско, полно значење? Кое значење би можело да биде тоа??

Забележуваме дека во полно јазици се додаваат некои посебни зборови, кога се реферира кон маж или жена (со што се потврдува дека личното име е на човечко суштество, и се нагласува полот). Таквите зборови од англискиот јазик ви се познати: „mister“, „missis“ и „miss“, додека во германскиот јазик постојат „Herr“ „Frau“ кои уште позадолжително се употребуваат пред личните имиња... Овие зборови не биле воведени отпосле со литературниот јазик, како што е тоа случај со македонските зборови „господин“, „госпоѓа“ и „госпоѓица“, ами си се јавиле автентично во еволуцијата на јазикот? Тогаш, кои се автентичните народни македонски зборови за обраќање кон некоја личност?? Веќе погодувате – тоа се „МОРЕ“ и „МОРИ“!!!

Тогаш, од каде дошле зборовите „господин“, „госпоѓа“ и „госпоѓица“ во македонскиот и другите словенски јазици? Сметам дека (мојава хипотеза треба да се потврди од еминентни лингвисти) овие зборови влегле преку Црковнословенскиот јазик, кој бил замислен како литературен јазик за сите Словени, а освен народните зборови во него биле додадени и „зборови на висок стил“ како заемки или преводи од грчките „зборови на висок стил“, кои биле во употреба во тогашната Византија. Притоа, грчките зборови „κυρίαρχης“ и „δεσπότης“ биле преведени со словенскиот „господар“, а потоа сите изведени грчки зборови од него биле преведени со словенски зборови изведени од „господар“ но со различни словенски наставки: „κύριος“ е преведен како „Господ“, „Κύριος“ како „Господин“, „Κυρία“ како „госпоѓа“, „δέσποτας“ како „Владика “, додека „δεσποινίδα“ е преведен како „госпоѓица“. Значи, сиве овие зборови се вештачки воведени во македонскиот и другите словенски јазици! Автентичните народни македонски зборови кои се употребувале за обраќање кон некоја личност се баш: „МОРЕ“ и „МОРИ“! Но, овие зборови биле насилно отстранети преку образовниот систем; првин се сметало дека оној што ги употребувал е необразован и некултурен, за подоцна да им се припише уште понегативен призвук – дека самата употреба на овие зборови означувала навреда?!? Само проверете го народното творештво – дали има барем еден случај, кога тие се употребени во смисла на навреда, па после дискутирајте околу нивната „навредливост“...

Согледувајќи дека овие зборови ги нема во повеќето словенски јазици, се прашуваме – да не се некоја посебна измислица на македонскиот народ!? Споредбата што ја направив со некои несловенски јазици, укажува дека ваквите зборови не се некој посебен феномен карактеристичен за македонскиот јазик, ами ги има во голем број од јазиците низ светот. Ако преку етимологијата навлеземе подлабоко во историјата на овие зборови, забележуваме нешто неверојатно: тие всушност се многу стари, се јавиле уште пред белата раса да почне да зборува на различни јазици!! Сосема е извесно дека англиското „mister“ има ист корен со македонското „МОРЕ“ (такви зборови со ист корен има многу: „brother“ со „брат“, „sit“ со „седи“, „beat“ со „бие“ ... сепак обата јазици припаѓаат во Индоевропската фамилија). Што е уште почудно, една од теориите за етимологијата на еврејското име Марија е дека значело „(млада) жена“, т.е. ќе да има ист корен со македонското... „МОРИ“!

Како би изгледало нашето народно творештво, кога зборот „МОРИ“ би го замениле со својот семанички еквивалент „госпоѓо“ или „госпоѓице“, во зависност од контекстот? Дури тогаш ќе ја сфатиме потполната убавина на нашите народни песни како што е „Јовано, Јованке“:

Краj Вардарот седиш, госпоѓице,
бело платно белиш,
бело платно белиш, душо,
сè на горе гледаш.

Jовано, Jованке,
jас те тебе чекам, госпоѓице,
дома да ми доjдеш,
а ти не доаѓаш, душо,
срце мое – Jовано!

Заклучок: ако веќе го исфрламе зборот „госпоѓица“, да го сториме тоа и со нивните сродни зборови „господин“ и „госпоѓа“, па да им ја вратиме на нашите автентични народни зборови „МОРЕ“ и „МОРИ“ смислата која ја имале во минатото, и во која смисла се употребени во нашето богато народно творештво! Муцко™

сликата на цепе
Добра теза. - од цепе на 15 октомври, 2008 - 18:28

Добра теза.