1 декември, 2008 - 19:53
[веб кирилица]

Остваруваме: Лидерот ќе гради скокалници

од Незнаен јунак на 5 окт 2008 - 23:14

Преземено од вест [www.vest.com.mk]
__________________

После огромните успеси на олимијадата макдонскиот спорт ќе жари и пали и во скокови у далечина

Се работи за проект кој наводно ќе чини околу пет милиони евра, кои Владата веќе ги има одобрено. Притоа вице-премиерот Зоран Ставревски наводно побарал проектот за скокалниците да биде готов до 31 декември.

Време е македонските скијачи да им се посветат на скоковите, и да ги баталат останатите дисциплини, во кои и баш не се прославија, бидејќи Агенцијата за млади и спорт (АМС), ја планира изградбата на ски-скокалници во државава. Проектот кој би бил финансиран од Владата, се уште е во подготвителна фаза. Од АМС засега само собираат информации и искуства со цел да се запознаат со условите кои се потребни за изградба на ваков спортски објект. Локацијата за градење не е утврдена, а како први кандидати за домаќини на натпреварите во овој летечки зимски спорт, се наметнуваат скијачките центри во Кожув и во Маврово.

- Овој проект е во фаза на истражување. Се консултираме со стручњаци од земјава и странство и вршиме испитување на јавното мислење, со цел да видиме дали би била исплатлива изградбата на скокалница во Македонија. Во план се и патувања во Словенија и во Сараево со цел да се консултираме со тамошните стручњаци - изјави директорот на АМС, Драган Ѓурчевски, кој и самиот се уште не знае колку би чинел овој проект.

Како што "Вест" дознава, се работи за сума од пет милиони евра која Владата ја има одобрено за овој проект. Притоа вице-премиерот Зоран Ставревски наводно побарал проектот за скокалниците да биде готов до 31 декември. Од балканските држави само Словенија располага со врвна скокалници и тоа две, кои се и дел од Светскиот куп. Тука е пред се познатата Планица, од каде што и нашиве ски-стручњнаци ќе се обидат да црпат искуства, а другата е онаа во Крањ. Станува збор за огромен спортски проект, кој воедно би бил и единствен во нашето окружување, ако се земе в предвид дека ниту една соседна држава не располага со првокласна ски-скокалница, која ги исполнува олимписките норми.

- Ова е сериозна работа, и на тој начин и приоѓаме, затоа сакаме што е можно подобро да ја проучиме ситуацијава, пред и официјално да се започне со изградбата. Никој на Балканот, а камо ли во Македонија нема градено ваков импозантен спортски објект веќе подолго време, и затоа ќе треба детално да се подготвиме - додаде Ѓурчевски.

Тој не одреди конкретен датум, кога би започнала реализацијата на проектот, но се очекува тоа да биде веднаш штом ќе се изработи деталниот план, со одобрение од Владата. Најоптимистички прогнози на Ѓурчевски се дека тоа ќе се случи во текот на идната година, или пак во 2010. Околу ова прашање во Агенцијата веќе работат со полна пареа. Тие стапиле во контакт и со Меѓународната скијачка федерација, и се очекува да се состанат, бидејќи ќе станува збор за скокалница која ќе ги исполнува меѓународните натпреварувачки норми, со кои би можела да конкурира и за место во календарот на Светскиот куп.

Опции за гледање на коментари


Ова е опасно. На - од Robomarket на 6 октомври, 2008 - 00:08

Ова е опасно. На национално ниво немаме поим од таа дисциплина. Јас прогнозирам многу, мноогу работа за службите за итна помош. Може и каменоломите ќе проработат, гипс мипс нешо

сликата на Evil_Genius
А бе може личи - од Evil_Genius на 6 октомври, 2008 - 02:17

А бе може личи на лоша идеја вака на прва и со оглед на тоа дека немаме ниакво искуство у дисциплинава, ама пак ако погледнеш дека ова може и е најефтината инвестиција у зимскиве дисциплини, башка шо и натпреварувања траат ден два па и три, конкуренциа у мало па и на светски рамки е мошне мала, сигурно би било поефтино за одржавање понатака од патека за боб санкање или такмичарска патека за скијање а и треба значително помалку снежни денови ...
Ваљда би се исплатело, ако нишо друго за дигање чатал и праење реклама у светов. Па може и ќе научиме да скокаме некогаш и ние никад не се знае [се гази од смеење] За старт сигурен сум дека по австрискиве и швицарски села ќе најдеме некој заинтересиран да скока за МК [се гази од смеење]

_______________________________________________________________
It's nice to be important, But it's more important to be nice.

сликата на гоце
5 миљончиња за - од гоце на 7 октомври, 2008 - 01:07

5 миљончиња за скокалници има, 17000 € за куглање нема. Лидерот е јак спортиста, признава само спортови кои му се свиѓале дур бил мал.

Цитат:

До почетокот на Светското првенство во Бања Лука (БиХ) остануваат 18 дена, денови во кои секоја селекција ги врши последните подготовки. За жал, тоа не важи за нас бидејќи се поизвесно е дека Македонија во Бања Лука ќе нема свои претставници. Причина - немањето финансиски средства.

А, според планираното комплетниот аранжман за настап на СП каде се вклучени и соодветни подготовки требаше да чини околу 17000 евра, средства кои Кугларската федерација ги побара од Агенцијата за млади и спорт, како надлежна институција за развој и унапредување на спортот, со посебена поддршка за врвниот спорт.

Откако тој износ не бил прифатен КФМ ја преполовува сумата, на 8500 евра, за и тие АМС да не може да ги обезбеди. И што сега. Единствениот логичен одговор е апстиненција од СП бидејќи пари нема. И доколку се најдат тоа ќе биде само импровизација, без подготовки. Во таков случај и резултатите ќе бидат далеку од посакуваните, разочарувачки.

http://www.sport.com.mk/?ItemID=43ADA1B22E81C94FAE47A6A98BAB0515

--
Лоша вест: Македонија ќе се подели на два дела
Добра вест: Нашиот ќе биде поголем

сликата на Tapa user
Цитат: Шо ќе - од Tapa user на 7 октомври, 2008 - 16:30

Цитат:

Шо ќе одат кога и онака ќе изгубат

Е тоа е дух! [се смее]
_________________________
http://www.youtube.com/watch?v=o9t6iysUy3A