1 декември, 2008 - 19:58
[веб кирилица]

Полициска криминална држава

од Незнаен јунак на 5 окт 2008 - 15:27

Преземено од Мирјана Најчевска [kvadraturanakrug.blog.com.mk]
__________________

Што ни нуди новиот Закон за внатрешни работи (во нацрт):

1. нуди прецизно дефинирање на приоритетите на Министерството за внатрешни работи. Според членот 2: заштитата на животот, личната сигурност и имотот на граѓаните е сместена на трето место (зад: остварување на системот на јавна и државна безбедност и спречување на насилно уривање на демократските институции утврдени со Уставот на Република Македонија). Ова е многу интересно поместување во однос на Законот за полиција каде што, според член 3: Основна функција на Полицијата е заштита и почитување на основните слободи и права на човекот и граѓанинот...

2. тоа е отуствои на контрола. Или, контролата си ја врши МВР само на себе. Надворешна контрола може да врши Народниот правобранител во границите на досегашните овластувања и Посебна собраниска комисија (врз основа на поднесени извештаи и податоци кои и ги дава самото МВР, без можност за било каква истрага).

3. се проширува кругот на луѓе кои можат да употребуваат мерки и средства на присилба (од формулацијата на предложениот член 6 може да се заклучи дека тоа се однесува на сите вработени во МВР).

4. се легализира кодошењето (според член 23: (1) Управата може да собира податоци со користење на тајни соработници. (2) Соработката со државјани на Република Македонија и со странци се воспоставува на доброволна основа и никој не смее да биде присилен да биде таен соработник на Управата). Дали доколку се се смени постоечкиот политички систем овие луѓе автоматски ќе бидат предмет на прогонување согласно некој Закон за лустрација?

5. вработен во МВР (значи и овластено службено лице и полицаец и висок функционер) може да биде и човек кој има направено тешки кривични дела под услов во судската постапка да не му е изречена забрана за вршење должност. Тоа значи дека може да биде убиец, силувач, педофил, ограбувач на банки, член на гангстерска банда, учесник во трговија со луѓе и во нелегална трговија со наркотици.

6. важна е правичната застапеност по етничка и родова основа, меѓутоа не е важна родовата структура на вработените од различни етнички заедници. Во пракса тоа значи дека во МВР може да се бара 50% од вработените да бидат жени, меѓутоа нема да се бара 50% од вработените Албанци да бидат жени.

7. во министерството мораш да се вработиш по оглас, освен кога станува збор за овластено службено лице. Овластените службени лица може да ги вработи некој по свој сопствен избор и наоѓање, без никаков оглас (ниту јавен ниту приватен).

8. многу ме интересира како ќе се квантификува нивото на работна успешност (кое се бара за добивање додаток за работна успешност). Дали е тоа број на лишени од слобода или број на пријави или број на започнати процедури пред суд или број на осудени? Од ова многу зависи и однесувањето на вработените во МВР. Имено ако се мери бројот на обвинети и осудени тогаш на вработените во МВР многу ќе им значи постапките на лишување од слобода и на собирање на податоци да бидат направени во согласност со законите. Во спротивно, најважно е да собереш еден куп народ и да го приведеш во полициска станица.

9. според член 98: Унапредувањето се врши во транспарентна постапка, врз основа на професионалните квалитети и квалификации на овластеното службено лице, неговите работни способности, завршените обуки во текот на работниот однос и начинот на извршување на работните обврски, независно од полот, расата, бојата на кожата, политичкото и верското уверување. Дали тоа значи дека може да се прави разлика врз основа на: етничка припадност, јазик, социјално потекло, друг вид уверување, мислење, возраст, сексуална ориентација, семејна или брачна состојба, имотен статус, ...?

10. доколку се погледне листата на критериуми за оценка на овластено службено лице можат да се заклучи дека од 13 критериуми, односот со странките доаѓа на 11 место. Дали е ова случајно или, ...?

11. според член 131: Работникот на Министерството, по претходна согласност на министерот, а на предлог од посебна комисија во Министерството може да извршува определени работи, самостојна или дополнителна стопанска или професионална дејност што не се во судир со внатрешните работи. Многу ме интересира кои се тие стопански и професионални дејности кои се во судир со внатрешните работи? Бидејки не се наведени, најверојатно претставуваат многу флексибилна категорија за која решава министерот лично.

12. предизвикувањето неред и насилничкото однесување претставуваат полесна повреда на дисциплината, меѓутоа непристојното однесување спрема странките е потешка повреда на дисциплината? Могу е интересно дека за повреди на законот за кои граѓаните се казнуваат со глоба од 200-900 евра, за полицајците може да се случи да бидат дисциплински казнети со опомена или со намалување на платата многу под сумата за прекршочна казна.

Заклучок? Ви дозволувам сами да го изведете.

Опции за гледање на коментари


сликата на гоце
Криминалци - од гоце на 5 октомври, 2008 - 15:42

Криминалци редовно вработени во МВР-то ќе го штитат уставниот поредок и институциите на сметка на граѓанските слободи. Кодошењето заедно со прислушкувањето, по пример на толку омразените комуњари, пак ги враќаат нашите клеро-фашисти. Контролата на МВР-то ќе ја вршат тројки.

--
Лоша вест: Македонија ќе се подели на два дела
Добра вест: Нашиот ќе биде поголем

сликата на Tapa user
Гоцка, не ти е - од Tapa user на 5 октомври, 2008 - 15:52

Гоцка, не ти е малку пренапумпан насловот?

Како што кажа и самата Најче:

Цитат:

ова е сосема нов (туку што набран) Закон за внатрешни. Како што реков уште е во нацрт (значи не е поминат на Влада, колку што знам).

мирјана56

На што и одговорија:

Цитат:

Па што тресеш глупости кога незнаеш.
(Desnicar 4 Октомври, 2008 - 00:09 | одговори)

Значи, законот сеуште не е поминат ни на расправа, а ти рипна со реплика од „Тетовирање“- „Полициска држава, мамата мамина да ви ја еее“.

А заклучокот од целово менување на полициски закони е:

Цитат:

секоја нова Влада си го прилагодува на своите цели.

Како СДС, така и ДПМНЕ.
_________________________
http://www.youtube.com/watch?v=o9t6iysUy3A

сликата на dimitar27
100 пати сум - од dimitar27 на 5 октомври, 2008 - 20:19

100 пати сум кажал дека ако се остават овие вака без опозиција, ке ебат мамата на државава, не дека се они многу доби или лоши, ами дека секоја власт прави све што може да има поголема контрола врз рајата/
За Мирјана, после прочотувањето не нејзината „критика“ за кумпјутеризацијата на училиштата, нема потреба да се коментира. Таа (иако зима плата од некои владини проекти) е најгласен противник на оваа влада, што е сосема легитимно, ама да напишеш дека е глупост да се комјутерзираат школите, пошо може деца да се сопнат од каблите, и дека немаме решение што кога ќе снема струја . . .не знам, смешно е, ај да напраиме комЉутери на нафта да работа, гарант има такви „на запад“ [се смее]
Како и да е, ако и за овој (не е ни предлог) закон, се дозволи да помине како оној за работните односи, нас овде ќе ни биде бајаги полошо за живеење.

De gustibus non est disputandum ! ! !

сликата на гоце
100 пати сум - од гоце на 5 октомври, 2008 - 21:39

dimitar27 напиша:

За Мирјана, после прочотувањето не нејзината „критика“ за кумпјутеризацијата на училиштата, нема потреба да се коментира. Таа (иако зима плата од некои владини проекти) е најгласен противник на оваа влада, што е сосема легитимно, ама да напишеш дека е глупост да се комјутерзираат школите, пошо може деца да се сопнат од каблите, и дека немаме решение што кога ќе снема струја . . .не знам, смешно е, ај да напраиме комЉутери на нафта да работа, гарант има такви „на запад“ [се смее]

Јас сум бил у 150 од 500 школи у Македонија и тврдам дека нема основни услови да се компјутеризираат. Еден куп од нив се стари пред распаѓање, клупи од мое време, со ќумбе у сред училница. Технички ќе се реши струјата во погоелемиот дел, ама вистинското прашање е кои професори ќе ги учат тие деца? Тоа е уште поголема трагедија од состојбата во која се наоѓаат. Тоа кој направи профит од комјутеризацијата е друг муабет.

Мој впечаток е дека образованието константно се уназадува. Оценки со врски, немотивирани професори, лоши програми, веронаука...

--
Лоша вест: Македонија ќе се подели на два дела
Добра вест: Нашиот ќе биде поголем

сликата на dimitar27
100 пати сум - од dimitar27 на 6 октомври, 2008 - 00:33

гоце напиша:
dimitar27 напиша:

За Мирјана, после прочотувањето не нејзината „критика“ за кумпјутеризацијата на училиштата, нема потреба да се коментира. Таа (иако зима плата од некои владини проекти) е најгласен противник на оваа влада, што е сосема легитимно, ама да напишеш дека е глупост да се комјутерзираат школите, пошо може деца да се сопнат од каблите, и дека немаме решение што кога ќе снема струја . . .не знам, смешно е, ај да напраиме комЉутери на нафта да работа, гарант има такви „на запад“ [се смее]

Јас сум бил у 150 од 500 школи у Македонија и тврдам дека нема основни услови да се компјутеризираат. Еден куп од нив се стари пред распаѓање, клупи од мое време, со ќумбе у сред училница. Технички ќе се реши струјата во погоелемиот дел, ама вистинското прашање е кои професори ќе ги учат тие деца? Тоа е уште поголема трагедија од состојбата во која се наоѓаат. Тоа кој направи профит од комјутеризацијата е друг муабет.

Мој впечаток е дека образованието константно се уназадува. Оценки со врски, немотивирани професори, лоши програми, веронаука...

--
Лоша вест: Македонија ќе се подели на два дела
Добра вест: Нашиот ќе биде поголем

ОК ОК, се согласувам дека се нема услови, нит дека наставниците знаат, нит дека секаде е средено за да има компј.
И сега? Да не се купат никад компј. до кога? Ај да чекаме 20 год, да дојдат нови наставници кои знаат да работат на компј. па тогаш белки ќе може?
Ќе има проблеми, секогаш имало кога има промени, ама ако промените се за нешто подобор, секогаш ке ги подржам.
Затоа пак, нема да подржам закон ко овој за муријава, ти текнуе?
Тука е разликата, дали подржуваме или плукаме нешто затоа што мислиме дека не е ок, или плукаме само затоа што така ни чини, или е од левите или денсите.
Дај објанси ми зошто е лошо да има компј, по школите (не условите), па да сконтам ека тоа е грешка на владава.
Глеам отвборена тема друга за скоканлинцата, не сум ја отворил, ама знам за што е, и некња се скинав од смеење кога видов у ВЕСТ. МИслев дека е заебацнија, ако не е е убер-глупост. ЕТЕ, глеаш, ако сум ВМРОвец (така ме прогласивте) се смеам на идиотските идеи на милиот ти лидер [се смее]

П.С.
И не заебавај со тоа незнаен јунак, напиши се, да га јебем, ко да не се знаеме кои сме и шо сме??
МИслам . . ако е од страв-преглупо е, ако е финта, досадна е [се смее]

De gustibus non est disputandum ! ! !

сликата на гоце
100 пати сум - од гоце на 6 октомври, 2008 - 01:36

dimitar27 напиша:

Дај објанси ми зошто е лошо да има компј, по школите (не условите), па да сконтам ека тоа е грешка на владава.

Сакаш компјутерџија да ти каже дека е лошо да има компкутери по школите? [се смее] Не лошо да ги има, под услов да се користат активно, но не за сурфање за време на час. Досегашното искуство ме прави максимално скептичен, во што набрзо и ќе се увериме.

--
Лоша вест: Македонија ќе се подели на два дела
Добра вест: Нашиот ќе биде поголем

сликата на dimitar27
100 пати сум - од dimitar27 на 6 октомври, 2008 - 08:26

гоце напиша:
dimitar27 напиша:

Дај објанси ми зошто е лошо да има компј, по школите (не условите), па да сконтам ека тоа е грешка на владава.

Сакаш компјутерџија да ти каже дека е лошо да има компкутери по школите? [се смее] Не лошо да ги има, под услов да се користат активно, но не за сурфање за време на час. Досегашното искуство ме прави максимално скептичен, во што набрзо и ќе се увериме.

--
Лоша вест: Македонија ќе се подели на два дела
Добра вест: Нашиот ќе биде поголем

Не ми глуми сега, кажи поарно ли е никад да не се почнеше??
Ќе има грешки, и ке им пробиваат заштите и ке сурфаат деците, зар мислиш негде „на запад“ нела(ло такви проблеми? И ке им се смеат деца на наставници пошо знаат 3 пути више од нив да раб со ПЦ.
АМа некад мора да почнеме. Се согласувам, треба од одма да се предвидат проблемите и да се направат напори да ги има што помалку, ама не може да ги нема воопшто.
Ова е исто ко причана на другаркати Најчевска, „а што кога ќе снема струја“ ?? Е ај, што кога? Да измили лидерот компљутери на ќумур?
De gustibus non est disputandum ! ! !

100 пати сум - од Сељачиште на 6 октомври, 2008 - 08:35

dimitar27 напиша:

Ова е исто ко причана на другаркати Најчевска, „а што кога ќе снема струја“ ?? Е ај, што кога? Да измили лидерот компљутери на ќумур?

Ќумур да те сќумури, не е тоа поентата! Поентата е дека струја, вода и факинг кров се сепак поприоритетни од компјутерите.

„еј, им дадовме компјутери на учениците, браво за нас!“
„а, оввааај, струја и кров?“

Не си свесен какви све не рушевини изиграваат школи во Македонија. Не си свесен! Не си видел веруј. Нема кров, ФАЛИ ЅИД, во вецињата можеш хорор-филм да снимаш... Прво тоа, после компјутери.

Еве вака гледај: имаш купче пари, и треба да ги спичкаш на школите. Што ќе купиш попрво: кров или компјутер (и двете ги немаш)?

сликата на dimitar27
100 пати сум - од dimitar27 на 7 октомври, 2008 - 08:44

Сељачиште напиша:

Еве вака гледај: имаш купче пари, и треба да ги спичкаш на школите. Што ќе купиш попрво: кров или компјутер (и двете ги немаш)?

Ама немој вакви тешки прашања, аман ?!?

Не знам дали има баш до толку уништени школи, ама еве да ти веруем, валда си видел штом збориш.
И сега ми кажуваш дека нема да има пари за кров? Ја мислам ке има, ако ради ништо друго, ами ради за да може да се стават комЉутерите, затоа ете и струја ке спроведат.
Не е поентата да подржувам оваа или онаа страна, поенатта е дека уек е боље да се направи НЕШТо одошто НИШТО.
Овие помаранџиве прават НЕШТО, успут и грешат многу, ама барем прават.
Плавине не правеа НИШТО (а види чудо пак грешеа), з аова имаш и изјава од задњето премиерствување на БЦ, кога сам рече „Споро работиме затоа што внимаваме да не погрешиме“.
Е сега, кој како гледа, ја мислам дека е боље да се почне па успут да се учи, одошто никад да ен се почне.
Иделаната варијанта „да се почне со научено и да нема грешки“ ја има у идеалниот свет, во кој за жалние не живееме.
De gustibus non est disputandum ! ! !

100 пати сум - од Сељачиште на 7 октомври, 2008 - 09:27

dimitar27 напиша:

Овие помаранџиве прават НЕШТО, успут и грешат многу, ама барем прават.

Ова што го прават боље да не го прават. Со вакви правачи, гласам за „ништо“.

сликата на dimitar27
100 пати сум - од dimitar27 на 7 октомври, 2008 - 14:48

Сељачиште напиша:
dimitar27 напиша:

Овие помаранџиве прават НЕШТО, успут и грешат многу, ама барем прават.

Ова што го прават боље да не го прават. Со вакви правачи, гласам за „ништо“.

Епа за „ништо“ гласаа некои 18 % , другиве телци гласаа за „нашто па макар и некогаш грешно“
Јеби га, ја одамна викам дека демократија не е добар систем, ама кој ме слуша мене [се смее]

De gustibus non est disputandum ! ! !

Цитат: ја - од дамјан на 17 октомври, 2008 - 20:05

Цитат:

ја одамна викам дека демократија не е добар систем, ама кој ме слуша мене

затоа ние живееме во систем Република, а не во систем Демократија. Во системот Република алатката демократија се користи само за некои работи.

сликата на гоце
И сеа демек - од гоце на 5 октомври, 2008 - 21:44

И сеа демек пошто не донесен законот не треба да го дискутираме? Можда некој од влада чита багра па ќе рече дека ова е непатриотски закон кој е насочен против вечниот македонски народ и нема да пројде.

А за полициска држава може и без законот да збориме. Колку џандари има во моментов у Македонија?

--
Лоша вест: Македонија ќе се подели на два дела
Добра вест: Нашиот ќе биде поголем

сликата на Chombe
И сеа демек - од Chombe на 5 октомври, 2008 - 23:06

гоце напиша:

А за полициска држава може и без законот да збориме. Колку џандари има во моментов у Македонија?

Баш ме интересира колку џандари има у МК.

Еве у УСА има 663,535 според овој сајт http://www.theiacp.org/faq.htm или околу 836,787 сосе федерални агенти, андеркавер, маршали и све остало (кодоши не се урачунати), според овој сајт http://www.ojp.usdoj.gov/bjs/lawenf.htm

Или процентуално, според http://www.census.gov/main/www/popclock.html, у моментов у САД има 305,341,260 жители (бројкава се мења секоја секунда, можеш да приметиш ако идеш на сајтот), значи џандар на секој 460 односно 365 жители (ако рачунаш сосе федералци(*) )

(*) Тука не се рачунаат другите федерални служби, CIA, NSA, ATF итн...

сликата на гоце
И сеа демек - од гоце на 6 октомври, 2008 - 00:24

Chombe напиша:

Или процентуално, според http://www.census.gov/main/www/popclock.html, у моментов у САД има 305,341,260 жители (бројкава се мења секоја секунда, можеш да приметиш ако идеш на сајтот), значи џандар на секој 460 односно 365 жители (ако рачунаш сосе федералци(*) )

За македонија да има џандар на секои 365 жители потребни се околу 5500 полицајци вкупно. Све ми се чини дека таа бројка е накај 20000.

На пример у Русија има по еден од новото КГБ на секои 300 луѓе.

Шампиони сме.

--
Лоша вест: Македонија ќе се подели на два дела
Добра вест: Нашиот ќе биде поголем

сликата на Tapa user
И сеа демек - од Tapa user на 6 октомври, 2008 - 01:25

гоце напиша:

Колку џандари има во моментов у Македонија?

Недоволно.

Доволно ќе има џандари кога братучед мој(14годишник) во 18 часот попладне ќе може да отиде слободно до Мекдоналдс(во аеродром) по сендвич, без да биде опљачкан од некој локален клошар. Да му земе и пари и мобилен и саат и све на него. Што е најтрагично - со вперен пиштол!

Гоцка, не сакам да и посакам на ќеркичката твоја еден ден плачејќи да ти се врати дома како ја ограбиле пајташи пред влез или недај Боже, силувале. Размисли малку со таа твоја џаначка глава.

Ако не си криминалец, ако не се косиш од законските регулативи, нема никаква потреба да се плашиш од полиција, нели?
_________________________
http://www.youtube.com/watch?v=o9t6iysUy3A

сликата на гоце
Ајде да - од гоце на 6 октомври, 2008 - 02:44

Ајде да заведеме полициски час, ќе се намали бројот на силувањата и пљачките. Законите какви и да се ќе се почитуваат или следи затвор.

--
Лоша вест: Македонија ќе се подели на два дела
Добра вест: Нашиот ќе биде поголем

Ајде да од Tapa user
сликата на GoodBytes
И сеа демек - од GoodBytes на 6 октомври, 2008 - 20:03

Tapa user напиша:
гоце напиша:

Колку џандари има во моментов у Македонија?

Недоволно.

Проблемот со нашата полиција воопшто не е во бројот. Мрзи се (ај така упростено да ги наречеме), а никој не ги контролира. На пример, тие кои треба да патролираат, си седат/спијат дома или гледаат утакмица по кафани, па дури и станица. Ако времето е ладно или врнежливо, тоа го прават заедно со шефот, кој нормално, нема по невреме да ги малтретира своите момци.

Е, такви и милион да ги имаш, џабе ти се. Од друга страна, и малку да се полицајци, ако се агилни и ефикасни, ќе покриваат голема територија/народ.

1. Пример од Виена: наш човек паркира кола со едно тркало на тротоар и излегува да си купи цигари од автомат, 10 метра од него. Во меѓувреме, некој од околните дуќани пријавува во полиција, и таа успева да дојде пред курназов да влезе во кола и да замине. Му акаат казна во конвертибилна валута, нему не му текнува друг пат да го повтори прекршокот.

2. Пример од Скопје: маалски мангупи секоја вечер палат огнови со дрвени гајби и картони во покриен паркинг од зграда во Карпош 4, создавајќи опасност и за паркираните коли во непосредна близина, но и за зградата (за чадот и галамата да не зборувам). И покрај упорно пријавување во полиција, и на 192, од каде те пренасочуваат на број од полициската станица Карпош, и покрај гаранцијата од другата страна дека „кола сигурно ќе дојде“, никогаш не доаѓа ниту еден полицаец. Случајот „се решава“ кога копиљаците пораснуваат и повеќе не им е фора да палат картони по подруми и да се пијанчат со „Кратошија“.

Кај нас полицајците работат само кампањски, додека некој му дише во вратот на шефот, односно на неговите претпоставени нагоре низ хиерархијата. Кампања „Појаси“, кампања „Светла“, исто ќе биде и со кампањите за плукање и фрлање хартија. Истото важи и за инспекциските служби: се трујат 300+ луѓе, инспекција излегува на терен, поминуваат 2 дена, се враќаат во рутина.
--

сликата на Zelka
чим се - од Zelka на 7 октомври, 2008 - 07:51

чим се копиљаците шо палат од к4 значи се навикнати на ќутек и не си требал да викаш полиција:) маалски се решава тоа.
инаку тие у униформа се мрзи додека алфите мирни не седат!

сликата на GoodBytes
И јас сум експерт за МВР - од GoodBytes на 5 октомври, 2008 - 23:45

Како човек кој претпочита мала државна и локална администрација која се занимава само со есенцијалните сервиси кон граѓаните, и како човек кој сака држава базирана на слободи (значи и сериозна дебата ако треба некаде тие да се прекршат), не би бил задоволен ако ваков закон се донесе во иднина. Полицијата е орган кој треба да си ја врши работата „како да не постои“, со минимално влијание врз секојдневниот живот на луѓето и со особена претпазливост кон нивните права.

Понатаму, многу важна работа е на институции кои имаат моќ, особено ваква моќ како што има полицијата, да им се воведе систем на строга контрола и многу големи казни - за ни случајно некој да не помисли да ја злоупотреби таа моќ. За да се осигураме како граѓани дека контролата ќе работи, таа треба да е повеќеслојна, составена од неколку тела кои ќе пратат што се случува, независно едно од друго.

Како граѓанин кој ја плаќа полицијата и парламентот кој треба да го донесе таквиот закон, но и како евентуална жртва на истиот ако е лош, и јас сум експерт, односно имам право јавно да го кажам моето мислење... Анализиран текстот по точки како што ги напишала Најчевска:

1. Недоволно за аргументиран заклучок.
2. Недоволна контрола.
3. Кругот треба да се стесни, а не да се проширува.
4. Компарацијата со лустрација не е соодветна АКО законот вгради механизми за контрола, бидејќи се работи за различни типови кодоши.
5. Не сакам во МВР да работат криминалци.
6. Половата застапеност треба да се наметне и по етнички критериум.
7. Ова е нетранспарентно и треба да се исфрли како можност.
8. „Работна успешност“ треба да се мери според бројот на обвинети и осудени.
9. Недоволно за аргументиран заклучок.
10. Недоволно за аргументиран заклучок.
11. Доменот на „стопански и професионални дејности“ треба да се ограничи, а за доделување такви специјални права треба да одлучува комисија, па потоа да одобрува министерот.
12. Казните за неред и насилничко однесување на полицијата треба да се многу големи: високи парични казни, суспензија и отказ, зависно од степенот и повторувањето на делата.
--