Нова сопка на планот за спас на Вол Стрит

По неколкучасовна дебата Претставничкиот дом одлучи да ги игнорира предупредувањата на Џорџ Буш, отфрлајќи го предлогот за интервенција во американската економија која е во сериозна криза.

За одобрување на планот за финансиска поддршка тежок 480 милијарди евра гласале 205, додека против се изјасниле 228 претставници. Најавено е второ гласање.

Само неколку секунди по објавување на одлуката, акциите на Вол Стрит доживеаа драстичен пад.

Републиканските членови покажале жесток отпор против финансискиот предлог на владата кој е најголем после Големата депресија во 1929-та година. Речиси две третини од нив одбиле да ја дадат својата поддршка.

Портпаролот на Белата Куќа изјавил дека американскиот лидер е многу разочаран од резултатот и најавил дека во текот на следните денови претседателот планира да се сретне со членовите на неговиот тим со цел да ги одреди следните чекори за излез од ситуацијата.

Планот кој претходно беше одобрен предвидуваше откуп на долговите на банките и ослободување на даночните обврзници од трошокот предвиден за спас од кризата која ја тресе финансиската индустрија на САД.

Слика на dimitar27

Јас мислам и за

Јас мислам и за оваа беља крив е „ЛИДЕРОТ“ , на Гоце најмилиот, да не не е?
Скапано ВМРОвчиште, ејј, проклетник, и цела америчка економија сака да ја сруши. Е мој куВац, не се даваме ние америте така лесно, кажи Чомбе :)

De gustibus non est disputandum ! ! !

Агрегирање содржина