После генијалната мерка на нашиот спортски и боксерски настроен Лидер со која се стави крај на блудничењето и пиењето во градскиот парк, следи уште една преродбеничка забрана со која ќе се одстранат уште две мошне опасни дроги, кафетинот и тауринот, кои ги трујат нашите најмили чеда.
Редбуллот, пијалак кој се добива од тестисите на бик, е познат по светот дека предизвикува тумор на мозок, како и намалување на муда. Министерството за вистина има силни индиции дека енергетските пијалаци служат како преодна фаза кон преминување на потешки дроги, како алкохол и хероин.
Меѓу младите посетители на градскиот парк владее паника. Еден млад човек кој сакаше да остане анонимен изјави: Се што ни останува после 19 часот е да посетиме аптека и да купиме некој легален транквилајзер, барбитрат или дијазепам „за мама“.

Последни коментари