4 декември, 2008 - 03:32
[веб кирилица]

Невидливиот розев еднорог

од гоце на 23 сеп 2008 - 00:19

Невидливите розеви еднорози се суштества со гоелма духовна моќ. Го знаеме тоа бидејќи се способни да бидат невидливи и розеви во исто време. Како сите религии, Верата на Невидливи розеви еднорози е базирана на логика и вера. Имаме вера дека се розеви; логички знаеме дека се невидливи бидејќи не можеме да ги видиме.

Сума на главните верски определби:

  1. Нашата Дама Еднорог е розева и невидлива.
  2. Таа преферира пица со ананас и шунка спротивно на фиферони и печурки. За последните е кажано дека ги јадат само следбениците на подлата Пурпурна школка (на пропаста).
  3. Следбениците на Невидливиот розев еднорог имаат повеќе Свети празници од сите други религии заедно, така што Свет празник од друга религија веднаш е Свет празник на Невидливиот розев еднорог. Светите празници верниците ги користат да посеат семе на сомнеж и несигурност во мислите на зависниците од други религии. Најсветиот ден во годината е 1ви Април. Тоа е денот на кој Таа препорачува да најдеме религиозен лудак и да кажеме „ПОстојат исто толку докази за постоење на твојот бог/богови колку што постојат за Невидливиот розев еднорог. Зоште не го провериш нејзиниот веб сајт, можеби ќе научиш нешто?“
  4. Значаен број за следбениците на Невидливиот розев еднорог е 42. Тоа е одговорот на прашањето „Што е смисолот на животот, универзумот и се?“. Што е најважно, ако се соберат бројките на годината во која таа се покажа, (1+9+9+4) ќе добиеме 23. Ако додадеме 4 (нејзините копита), 2 (нејзините уши), 2 (нејзините очи), 1 (нејзиниот рог) и 1 (нејзиниот опаш) и ако додадеме 9 резултатот е исто така 42. Ова го потврдува значењето на 42.

http://www.palmyria.co.uk/humour/ipu.htm
http://en.wikipedia.org/wiki/Invisible_Pink_Unicorn

Опции за гледање на коментари


Хахааааа! Баш - од monthy на 23 септември, 2008 - 01:08

Хахааааа!

Баш пред некое време ја читав "религијава" и се убив од смеење....

Само сега кога ќе ти се наврти Димитар и неговото право да не биде навреден... А? Што ќе правиш????

сликата на гоце
Хахааааа! Баш - од гоце на 23 септември, 2008 - 01:29

monthy напиша:

Што ќе правиш????

Ќе чекам да дојде 1-ви Април и ќе му кажам „Постојат исто толку докази за постоење на твојот бог/богови колку што постојат за Невидливиот розев еднорог. Плус Невидливиот розев еднорог го признава уставното име и идентитетот, а е и Мајка на еден од најголемите македонски синови - Букефал.“ [се смее]

--
Лоша вест: Македонија ќе се подели на два дела
Добра вест: Нашиот ќе биде поголем

сликата на Tapa user
Хахааааа! Баш - од Tapa user на 23 септември, 2008 - 13:21

гоце напиша:

ќе му кажам „Постојат исто толку докази за постоење на твојот бог/богови колку што постојат за Невидливиот розев еднорог.

Ова потврдува во несигурност во твојата верба кон невидливиот розев еднорог.

Башка, твојот рогоња од коњ може вода да и носи на мојата Вечерка, и останатите божици кај кои ќе одам после мојот земски живот.

_________________________
http://www.youtube.com/watch?v=o9t6iysUy3A

сликата на dimitar27
Ова мислам - од dimitar27 на 23 септември, 2008 - 09:12

Ова мислам еднаш беше објавено на баграва, но нејсе, и тогаш се смеев, не дека не е смешно и дека не личи на повеќето религии кои се денес во светот. Да не ве учам, големи сте, плус никој од никого овде не бара да верува дека некој е невидлив или дека друг воскреснал.
Мада, тешко вакво учење да опстане 2 милениума, со милјадри следбенци, но да не те чуди, све бива [се смее]
Кажи Гоце, кај е сега моето право да се љутам? Нели на оние правила за форуми има „да не се наредува по полова, расна, верска итн основа“? Ја кога ги викам Албанците Шипци, невредувам,ок, а ти мене кога ме викаш ИДИОТ, само затоа што сум одбрал да верувам во нешто (ко ти во друго), тоа не е невредливо?
А бе децо . .блазе си ви, да даевте мозочето малку да одморев . . . [се смее]

De gustibus non est disputandum ! ! !

сликата на гоце
Ова мислам - од гоце на 23 септември, 2008 - 11:13

dimitar27 напиша:

Кажи Гоце, кај е сега моето право да се љутам? Нели на оние правила за форуми има „да не се наредува по полова, расна, верска итн основа“? Ја кога ги викам Албанците Шипци, невредувам,ок, а ти мене кога ме викаш ИДИОТ, само затоа што сум одбрал да верувам во нешто (ко ти во друго), тоа не е невредливо?

Идиоти се тие што не се доволно паметни самостојно да мислат, така да веруваат во книга која е напишана пред 2000 години. Омразата им е верен придружник.

--
Лоша вест: Македонија ќе се подели на два дела
Добра вест: Нашиот ќе биде поголем

сликата на dimitar27
Ова мислам - од dimitar27 на 24 септември, 2008 - 08:06

гоце напиша:
dimitar27 напиша:

Кажи Гоце, кај е сега моето право да се љутам? Нели на оние правила за форуми има „да не се наредува по полова, расна, верска итн основа“? Ја кога ги викам Албанците Шипци, невредувам,ок, а ти мене кога ме викаш ИДИОТ, само затоа што сум одбрал да верувам во нешто (ко ти во друго), тоа не е невредливо?

Идиоти се тие што не се доволно паметни самостојно да мислат, така да веруваат во книга која е напишана пред 2000 години. Омразата им е верен придружник.

--
Лоша вест: Македонија ќе се подели на два дела
Добра вест: Нашиот ќе биде поголем

Омразата се гледа кај е присутна, фала [се смее]
De gustibus non est disputandum ! ! !

сликата на GoodBytes
Прекрасна - од GoodBytes на 23 септември, 2008 - 02:05

Прекрасна религија, очигледно дека е вистинита и лесноприфатителна, дури и повеќе од Летечкото Шпагети Чудовиште (нека ми прости истото). Всушност, за да нема скептици и на сите да им е јасно дека госпожата е Врвниот Бог, ќе додадам еден онтолошки и еден морален аргумент за постоењето на IPU како божество, во надеж дека тоа мое дрзнување нема да ја изнервира еднорожната госпожа (тоа за другите, а ЈАС си верувам, мене не ми треба доказ).

Онтолошки доказ за тоа дека IPU постои и е Бог:
1. Нека IPU е Бог кој го означуваме со Х (икс).
2. Бидејќи можеме да го замислиме Х, значи Х постои.
3. Оттука и IPU постои и е Бог.

Морален доказ за тоа дека IPU постои и е Бог:
1. Постојат лица кои се атеисти или веруваат во други богови.
2. Некои од тие лица се морално инфериорни во споредба со верниците во IPU.
3. Оттука, IPU постои и е Бог.

... постојат уште 664 други докази, ако има сепак скептици.
--