4 декември, 2008 - 02:16
[веб кирилица]

ОПЕРАЦИЈА „ИНДЕКС“ ВО ХРВАТСКА

од Evil_Genius на 21 сеп 2008 - 04:09

Преземено од Дневник [www.dnevnik.com.mk]
__________________

Ќе го дочекам ли тој ден вакво нешто да видам и кај нас

Хрватскиот министер за образование Драган Приморац во врска со корупцискиот скандал на загрепските факултети најави дека на сите што ги положиле испитите со поткуп оценките ќе им бидат поништени, а ако во меѓувреме дипломирале, нивните дипломи ќе бидат прогласени за неважечки.

- И доаѓа крај на корупцијата во образовниот систем. Освен полициската акција, во рамките на министерството за образование функционира надзорен одбор, кој ќе го спречи криминалот на факултетите. Сепак, сега не можеме да ја обвиниме сета академска заедница, туку вината ја сносат корумпирани поединци, против кои треба да се бориме. Ние сме подготвени на обвинителството да му ја доставиме сета документација што ќе ја побараат - истакна Приморац.Во рамките на акцијата „Индекс“, која се спроведува на загрепскиот универзитет за да се разбие мрежата меѓу професорите и нивните асистенти што земале поткуп од студентите за преодна оценка, досега се сослушани 95 лица, меѓу кои и 21 професор, тројца асистенти и четворица службеници. Дел од приведените студенти, во присуство на адвокат, признале дека ги купувале испитите, па дури и уписот на факултет, по што се пуштени да се бранат од слобода. Еден од студентите во истрагата откри и нови имиња на професори и посредници за кои првично не се знаело дека се дел од корупциската мрежа. Според портпаролот на загрепската полиција, Крунослав Боровац, од 95 уапсени на распит се уште 60 осомничени.

Полицијата вчера изврши претрес во становите и во кабинетите на професорите од четири факултети, кои за упис на факултет добивале поткуп и до 9.000 евра, а за полагање испит од 400 до 2.000 евра, и запленила над 80 индекси и околу 90 пријави за испити. Пронајдени се и 25.000 евра.Според локалните медиуми, се' уште не се знае против колкумина осомничени ќе бидат поднесени кривични пријави, бидејќи тоа ќе зависи од доказите и од изјавите на приведените во информативниот разговор во полиција. Домашните медиуми објавија и снимен разговор меѓу двајца професори замешани во скандалот, во кој едниот го прашува другиот што ќе биде со сиромашните студенти што немаат пари за купување оценки, а другиот му одговара: „Тие нека учат“.

Опции за гледање на коментари


сликата на aleksandra85
а зошто да не??? - од aleksandra85 на 21 септември, 2008 - 14:09

А зошто да не го дочекаме???
А може и нашиве веке ја прават оваа акција ИНДЕКС само кај нас може не се вика индекс може се вика ,,кафанчиња крај факултети,,

кога мудрецот ќе покаже кон месечината будалиот гледа само прст

како се викаше - од ackom на 23 септември, 2008 - 14:19

како се викаше оној докторот од медицински факумтет со битната вакцина?

сликата на aleksandra85
Факултет - од aleksandra85 на 25 септември, 2008 - 12:19

На тој доктор неможеш да му се фатиш на малиот прст.....
И за него мегу нас студентите се нема расчуено да земал пари за испит....
Во глобала медицински не е корумпиран ама оние кај битпазар ауууууууууууу
кога мудрецот ќе покаже кон месечината будалиот гледа само прст

сликата на GoodBytes
Факултет - од GoodBytes на 25 септември, 2008 - 15:55

aleksandra85 напиша:

медицински не е корумпиран

Да видам, да не верувам...
--

сликата на aleksandra85
Дојди види.... - од aleksandra85 на 26 септември, 2008 - 01:39

па дојди види...јас од лично искуство зборам немало досега такви инциденти како шо има кај битпазар
кога мудрецот ќе покаже кон месечината будалиот гледа само прст

Ах со тие лични - од Сељачиште на 26 септември, 2008 - 07:27

Ах со тие лични искуства... Од лично искуство знаеш дека на медицински нема корупција. А за битпазар? И за таму знаеш од лично искуство?

сликата на Новица
Факултет - од Новица на 29 септември, 2008 - 21:13

GoodBytes напиша:

Да видам, да не верувам...

дознав една приказна за докториве, за жал не ги знам имињата на вклучените.

станува збор за некоја терапиија која се дава за рак. истата била во ограничени количини и достапна само за *некои* пациенти. пациентот од каде ја знам приказнава некако успеал да добие шишенце (или што и да е во што се пакуваат) со добро подмачкување на вистинските места.

но, кога дошол на местото каде што ја администрираат терапијата сестрата изреагирала изненадено: од каде таа терапија кај овој пациент (кога се знае за кого биле тие посебни терапии)?

и повикала некој доктор и откако утврдиле дека пациентот не треба да ја има таа терапија, го зеле шишенцето и не дале друга терапија, замена или што и да е. на крај болниот си останал и без пари и без терапија...

--
Don't attribute to malice what can be explained by incompetence.

Факултет - од ackom на 25 септември, 2008 - 21:09

aleksandra85 напиша:

На тој доктор неможеш да му се фатиш на малиот прст.....

ме знаеш лично?

aleksandra85 напиша:

Во глобала медицински не е корумпиран

во глобала и МК е демократска мултиеничка земја пред портите на ЕУ, дури не ги извадиме розевите очила

Жан Митрев од aleksandra85
Ќе биде, неможе - од fLeX на 21 септември, 2008 - 15:22

Ќе биде, неможе ние да сме пофакмани од Хрвативе:) А дека сме помалце корумписани, чисто сумњам.

Што и да мислиш, исто ти се фаќа:)

сликата на гоце
Ха, кај нас ќе - од гоце на 22 септември, 2008 - 02:04

Ха, кај нас ќе ги фатат, ќе прекршат куп процедури и закони во апсењето, ќе има циркуз на телевизија, ќе почне судење, ништо нема да докажат, пак све на слобода и пак по старо.

--
Лоша вест: Македонија ќе се подели на два дела
Добра вест: Нашиот ќе биде поголем

сликата на Evil_Genius
Па да му - од Evil_Genius на 22 септември, 2008 - 02:53

Па да му ебеш...
Ваљда ќе научат нешто додека дојде ова на ред,
до сеа им брои некој колку акции им пропаднале од истиве причини?
Ја се надевав, појше на една сериозна акција, баш ко шо напрајле хрвативе онака за озбилно да го решат проблемот еднаш за секогаш, не за да се сликаат на телевизија.
Ај ќе покаже времево

_______________________________________________________________
It's nice to be important, But it's

Кај нас ваква - од TheWonderer на 23 септември, 2008 - 02:59

Кај нас ваква акција?!? Недеј, немој.

Таман го подзаборавија Заев, кој ќе ги слуша пак да ја пеат истата песна за некое професорче од Економски или Правен. Ако кај нас има ваква акција, реакциите ќе бидат:

а) види ги фашистиве што прават. утре и на тебе може истото да ти се случи (ко што беше за Бучко или Заев на пример);

или

б) глупости, пак апсат ситни риби. 400/2.000 евра пари ли се? што не го уапсат ЉуБчо, тешки миЉарди искраде! (ко што беше за цариниците и џандарите од граничниве премини, за кои бај д уеј цела држава и пола комшилук знаеше дека се здраво корумпирани).

Прогресивен народ сме ние, не сме ко Хрватине што су нам комунизам и Југу растурили.... Башка и веронаука у школо имаат уведено, сТрам ги било!

Life is a sexually transmitted disease

Хрватска, у - од Сељачиште на 26 септември, 2008 - 07:31

Хрватска, у принцип, не е значајно понекорумпирана земја од Македонија. Единственото нешто што ги „вади“ Хрватите е морето и неколкуте МИЛИЈАРДИ годишно чист кеш од туризмот. Таа е клучната разлика. Да не беше тој кеш од туризмот, ќе беа исто срање ко нас, босна, србија, албанија... Вака и покрај скапаноста во држаниот апарат пак имаат екстра пари за инфраструктура ово-оно.

сликата на гоце
За веронауката - од гоце на 26 септември, 2008 - 09:17

За веронауката нај срам да им е! Да бог да децата у манастир да им отидат.

Професорите, кога ќе ги апсат без да гледаат кој на која партија припаѓа, кога ќе обезбедат докази кои се издржани на суд, кога ќе поништат испити и на своите деца, тогаш пеки. Само што досегашните искуства не укажуваат дека вакво нешто може да се случи.

А Љубчо, него треба да го убијат. Никој нема да се буни за тоа.

--
Лоша вест: Македонија ќе се подели на два дела
Добра вест: Нашиот ќе биде поголем