3 декември, 2008 - 21:49
[веб кирилица]

Пост изборна летаргија

од cubanec на 21 јан 2003 - 09:41
Една работа ми е многу симптоматична кога се случува промена на власта. Секогаш се прави голема кампања за борба против криминалот. Не маркетиншка, туку сериозна, со стегање на сите вентили одкаде што криминалот црпи средства пропратено со голема акција на овластените органи за гонење на оние кои се огрешиле....

Втора работа која што е исто така веќе видена во политиката при промена на власт е што новата опозиција у принцип е пасивна. Имала владата или не 100 дена, новата опозиција секогаш ја фаќа период на летаргија. Мислам погледнете какви апсења има на највисоките нивни структури, а тие го оставаат она бедно детиште со виткана коса да дава стерилно – неинвентивни прес-конфереции, кој што никаков, ама баш никаков ефект немаат меѓу масата....


Веќе подолго време, неможам да забележам некој текст што се однесува на политиката или пак на политичката состојба. Не дека не се случуваат работи на таа сцена ама едноставно како да нема внатерешен порив да се напише и анализира нешто. Тоа што го сретнав некаде напишано беа само нафрлани зборови, без да приметам некаква сериозна анализа или пак квалитетно прокламиран став. 100-те дена на новата влада уствари си одаѓаат онака природно без тоа некој да го бара од некого. Сакале ние или не сите сме во една ситуација на исчекување и чекаме нешто да се случи што би ни ги продефилирало ставовите во однос на политичките збиднувања.

Јас драги БАГРА пациенти ќе пробам да опишам до каде јас ги разбирам состојбите до кој се донесени нашите политички елити. Немам ни јас некој голем внатрешен порив да го направам тоа, ама мислам дека долго време сме оставени во исчекување нешто да се случи а и не е лошо да го дочекаме истекувањето на 100-те дена на новата влада малце поподготвени.

Една работа ми е многу симптоматична кога се случува промена на власта. Секогаш се прави голема кампања за борба против криминалот. Не маркетиншка, туку сериозна, со стегање на сите вентили одкаде што криминалот црпи средства пропратено со голема акција на овластените органи за гонење на оние кои се огрешиле. Тоа несомнено предизвикува релативно подобрување на состојбите на пример во стопанството, зголемување на буџетот, створање на релативен ред во јавниот живот и чувство кај обичниот човек дека се прави ред во државата. Така после секоја промена на власта можете да ги чуете сите ситни шверцерчиња, шемаџии како плачат дека им е стегната работата, како се стегнати сите контроли, понатаму сите директорчиња како се жалат дека мора да ги пријават сите давачки, кафанџиите плачат за работното време, возачите за казните за погрешно паркирање и сите некако тоа преќутно го одобруваат. Затоа што на сите им се допаѓа да живеат во држава каде што ќе завладее редот. Сепак работите не се решаваат за 100 дена. Не е проблем за секоја политичка елита да ги скроти своите инвеститори за првите 100 дена. Проблемот секогаш се појавува понатаму кога ќе почнат инвеститорите да го бараат својот дел од лојалноста. Политичките елити на власт сега се наоѓаат во ситуација на жнеење на политички поени, со створањето на ред во државата. Сепак после онаа еуфорија од власт која ја испративме у бестрага и после целата расклиманост на државата ни по сите шавови, ова стегање на работите и воспоставување на правниот поредок на сите ни доаѓа добро. НО, најлошото но во целата ситуација е што сето ова е веќе видено дека трае кратко. Борбата со криминалот ќе заврши на главните идиоти од претходната власт. Туј таму ќе настрада и по некој ситен и одкога ќе се нажнеат сите политички поени кој што можат да се нажнеат од овој дел на политиката, почнува трошењето на политичкиот рејтинг. Искрено се надевам дека оваа коалиција на “Guns’n’Roses” подолго ќе ја држи борбата за политичко докажување одколку желбата за трошење на она што е постигнато. Според сите досегашни потези и најави, а и лично мое претчуство е дека овој пат принципиелноста во работата малку подолго ќе се задржи кај елитите на власт. Сепак за овие први 50 дена од владеењето, најглавната работа која според мене ја направи оваа власт е што вистински почнува да ги владее поранешните кризни територии иако тоа го прави малку споро.

Втора работа која што е исто така веќе видена во политиката при промена на власт е што новата опозиција у принцип е пасивна. Имала владата или не 100 дена, новата опозиција секогаш ја фаќа период на летаргија. Мислам погледнете какви апсења има на највисоките нивни структури, а тие го оставаат она бедно детиште со виткана коса да дава стерилно – неинвентивни прес-конфереции, кој што никаков, ама баш никаков ефект немаат меѓу масата. На сето тоа уште ја бојкотираат собраниската работа, каде што најквалитетно можат да се изборат ако ништо друго за сопствената заштита. На крајот таа партија трпи огромно борби меѓу своите мангупи со своите фракции а нејзиниот претседател го нема никаде. За да не излезе тотално од игра и да заврши на буниште како истрошена политичка елита ДПМНЕ го истура нејзиниот втор човек да ги изеде сите гомна што претходно ги посра неговиот лидер со неговата братска десна рака. Затоа сега Ѓорчев се поздравува со Ахмети, ќе најавува враќање на разговорите кај претседателот, подршка на потпишаното во Охрид а сеуште незнаеме до каде ќе оди оваа лигава насока на неговата партија во замена за цврстиот десничарски став што го фураа во најлошото време за оваа држава. Нормално е после изгубени избори новата опозиција да ја потресат шокови во своите редови. Различно овој пат е што ДПМНЕ за разлика од СДСМ многу неспремно го дочекаа падот. Луѓето викаат дека секој понекогаш паѓа, но некој паѓа на нозе а некој на глава. ДПМНЕ овој пат падна на глава и тоа многу боли, сега ќе треба да вложат екстра напор и енергија за да се дигнат на нозе и да продолжат со политичката борба. Уопште нема да ме чуди ако тоа ги кошта и размена на целото раководство, па макар паднал и лидерот.

Секогаш кога пишувам за политичките елити, имам некакава потреба да напишам нешто и за таканаречениот „трет пат“ или „центар“ или... „лузери“. А што да напишам овој пат за нив? Циле заборавив како изгледа освен што се сеќавам дека е дебел. Дебел е исто и Ѕинго (да не беше неговото име немаше да употребам Ѕ во текстов) а и Чашуле е дебел. Другите се нешто послаби у линијата и толку. Стварно незнам што да напишам сега за нив. Појма немам на пример дали „Нова Демократија“ е на Чашуле или на Чедо Петров, а и што ќе ми е да знам... како да тоа има некаква врска со нешто. Заеби... малите лузери ќе ги пишуваме повторно кога на некој ќе му фали пратеник или два за „ново парламентарно мнозинство“.