4 декември, 2008 - 02:41
[веб кирилица]

Најголем експеримент од областа на нуклеарните истражувања

од Незнаен јунак на 10 сеп 2008 - 08:50

Преземено од Макфакс [www.makfax.com.mk]
__________________

Европскиот центар за нуклеарни истражувања (ЦЕРН) денеска ќе го започне најголемиот експеримент длабоко под земја, за што научниците ќе користат мрежа од 60 илјади компјутери.

Експертите, преку истражувањето, што ќе го спроведат во тунел длабоко под земја меѓу француско – швајцарската граница, сакаат да откријат на кој начин е создадена вселената по Големата експлозија.

Експериментот ќе се изврши со машина, акцелератор на честички, долга 30 километри.

Научниците сметаат дека при тоа ќе бидат создадени многу мали црни дупки кои ја впиваат целата материја околу себе, па дури и светлината, која иако патува со најголема можна брзина нема да може да им избега.

Тоа е причината која што ги подели научниците за овој експеримент, а дел од нив се обидоа да го спречат неговото спроведување и по судски пат.

Научниците од ЦЕРН истакнуваат дека црните дупки не претставуваат опасност, затоа што тие, според нив, ќе исчезнат веднаш по нивното создавање.

Целиот проект чини 10 милијарди американски долари.

Опции за гледање на коментари


сликата на гоце
БУМ! -- Лоша - од гоце на 10 септември, 2008 - 09:08

БУМ! [се смее]


--
Лоша вест: Македонија ќе се подели на два дела
Добра вест: Нашиот ќе биде поголем

сликата на Julls
Ова утре ќе - од Julls на 10 септември, 2008 - 10:19

Ова утре ќе рокне, така? Ако да, и ако клипов од Гоце е приказ на најлошата варијанта на експериментов, гудбај на сите вие о баграши [се смее] Ако не, ќе се дрндаме и понатаму...
Бтњ, не ми е сеедно ако не рокне сеа баш нешто. Ебате СФ...

И така,го сретнав Фикрет и Фикрет ми даде нешто бело и ми рече,на пробај,у пизду материну е добро

Ова утре ќе - од Сељачиште на 11 септември, 2008 - 19:36

Julls напиша:

Ова утре ќе рокне, така?

Ништо нема да рокне никаде. „Експлозијата“ која ќе настане кога ќе се судрат честичките во акцелераторот нема доволно енергија ниту да се упали обична сијалица. Акцелераторот е голем и моќен, а неговите сензори огромни токму поради тоа што се набљудуваат многу, многу ситни појави со многу, многу мала енергија во апсолутни рамки.

Планетава Земја е непрестано, секаде бомбардирана со честички од вселената со многу поголема енергија од оние кои ќе ги забрзуваат во акцелераторот. Акцелераторот служи честичките просто да се насочат и да се „сликаат“, а не да се создаваат не знам ти какви чудовишта кои ќе ја проголтаат земјата.

сликата на Itar_Pejo
Ова утре не - од Itar_Pejo на 12 септември, 2008 - 12:12

Сељачиште напиша:

... а неговите сензори огромни токму поради тоа што се набљудуваат многу, многу ситни појави со многу, многу мала енергија во апсолутни рамки.

... секаде бомбардирана со честички од вселената со многу поголема енергија од оние кои ќе ги забрзуваат ...
Акцелераторот служи честичките просто да се насочат и да се „сликаат“...

Хух, скап фотоапарат у п.м. А ако е така како што викаш погоре, зошто не се направат само сензори со многу помали димензии и се стават „секаде каде сме бомбардирани со честички со многу поголема енергија“ и не се „сликаат“ со многу помалку пари...
Итар Пејо

Прво, за да - од Сељачиште на 12 септември, 2008 - 13:34

Прво, за да сликаш нешто толку мало целата борба е како тоа мало да го донесеш на некое дадено местенце кое ти си го одбрал, каде што ќе го чекаш во дадено моментче кое исто ти си го одбрал. Бирањето на местото и времето во физиката стручно се нарекува „експеримент“. Тоа го нема во природното космичко зрачење.

Второ, не идејата да се сликаат самите забрзани субатомски честички (Принципот на Хајзенберг не дозволува такво нешто), туку да се слика микроскопскиот „ватромет“ кој ќе настане кога две субатомски честички ќе се судрат во внатрешноста на огромните сензори.

Сензорите се огромни затоа што се потребни огромни електромагнети. Патеката на честичките се контролира со многу, многу силни вештачки магнетни полиња, внимателно просторно распоредени ефектно создавајќи еднодимензионална кружно затворена самата во себе „вселена“ низ која што честичката може да се движи - само напред/назад, нема горе/доле и лево/десно. Јадрото и намотките на тие екстремно силни електромагнети мораат да бидат огромни, исто како што се огромни и машините кои сето тоа го ладат на екстремно ниски температури (блиски до апсолутната нула). Калемот мора да биде многу, многу ладен за да добие суперпроводнички својства, а сето тоа за магнетното поле што ќе го направи да биде што по силно.

Забрзување на субатомски честички заробени во геометриски обликувано магнетно поле не е ништо ново и непознато, напротив сите сме користеле многу сличен уред: сите постари телевизори (со стаклена катодна цевка) се мали акцелератори. Во нив, електрони се забрзуваат и насочуваат за да удрат на внатрешната страна на екранот во точно одредено место во точно одреден момент.

Да, во право си, многу скап фотоапарат/камера.

сликата на Julls
Јас вака како - од Julls на 13 септември, 2008 - 07:21

Јас вака како што најавуваа, мислев некое лудило од катаклизмиште ќе се деси. Уф, ми олесна [се смее] Мислам...стварно не баш ја разбирам тематикава, па фала на објаснувањава као на дерле. Вака треба да ми с еобјасни а не бе Гоце клипои језиви како сеа уау! [намигнува]

И така,го сретнав Фикрет и Фикрет ми даде нешто бело и ми рече,на пробај,у пизду материну е добро

па редно е и на - од Pijandura на 10 септември, 2008 - 15:15

па редно е и на швајцарија да и се деси некоја пиздарија!!!!!

И...сеуште сме - од fLeX на 11 септември, 2008 - 13:15

И...сеуште сме тука:)
Што и да мислиш, исто ти се фаќа:)

сликата на GoodBytes
И... сеуште сме - од GoodBytes на 11 септември, 2008 - 16:35

fLeX напиша:

И...сеуште сме тука:)

Но, дали сме сите на број? Се шушка дека Господ ги пратил во Пеколот сите атеисти кои сметале дека научниците треба да си работат непречено...

Инспирација: Кажаа и останаа живи (буквално). [намигнува]
--

has the large hadron collider destroyed the world yet - од дамјан на 12 септември, 2008 - 13:40
Цитат: Тинејџе - од ackom на 13 септември, 2008 - 08:56

Цитат:

Тинејџерка во централна Индија извршила самоубиство затоа што се преплашила од извештаите според кои експериментот „Голем Тресок (Big Bang)“, кој се врши во Европа, може да доведе до крај на светот.

тука

гад дем

сликата на excellent
Мене најпобољи - од excellent на 13 септември, 2008 - 09:04

Мене најпобољи крај на експериментот ќе ми биде да излезе некој од тие научниците пред новинари и да рече нешто као:

Драги новинари (и Латас), еве, спроведовме експериментите и све, и заклучокот е дека стварно Господ го створил светот.

--------
Danger could be my middle name. But it's John.

Мене најпобољи - од Сељачиште на 13 септември, 2008 - 09:43

excellent напиша:

Мене најпобољи крај на експериментот ќе ми биде да излезе некој од тие научниците пред новинари и да рече нешто као:

Драги новинари (и Латас), еве, спроведовме експериментите и све, и заклучокот е дека стварно Господ го створил светот.

Нема шанси. Попрво ќе ја потпишат теоријата за повеќе универзуми (multiverse). Така (повторно) нема потреба од „Господ“ ниту како креатор ниту како регулатор.

Мене најпобољи - од дамјан на 23 септември, 2008 - 16:23

excellent напиша:

Драги новинари (и Латас), еве, спроведовме експериментите и све, и заклучокот е дека стварно Господ го створил светот.

... но, експериментите исто така покажуваат, дека он е геј.

сликата на toomuchisnotenough
група научници - од toomuchisnotenough на 23 септември, 2008 - 19:51

група научници од сад, финансирани од страна на конзервативците, конечно направиле машина што може да транспортира човек до кај господ, доколку воопшто го има.

го ставаат доброволецот унутра, стискаат копче, типот - пуф! го снемува.

по едно 15 минути, пак пуф! се враќа назад.

искача и вика:

- имам добра и лоша вест. добрата вест е дека има господ. лошата е дека господ е црнкиња.

Цитат:

он е геј