Дневник важи за најквалитетен весник кај нас, ама у делот со дрогите секогаш успеаваат не насмеат
Испитувањата покажале дека по вдишен чад од марихуана, за 12 секунди дразбата стигнува до централниот нервен систем предизвикувајќи еуфорично расположение. Тоа трае два-три часа, а потоа лицата запаѓаат во депресија и плачат. Од полицијата марихуаната ја сметаат за влез во светот на дрогата зашто оној што денес запалил една цигара, за два-три дена ќе побара 2-3, за една недела пет-шест итн.
ИНДУСТРИСКА ЗОНА ОБРАСНАТА СО КАНАБИС
Марихуана расте средБитола
Граѓаните што во овој дел обработуваат ниви раскажуваат дека ова диво растение тука го има од памтивек,а полицијата ќе бара Министерството за земјоделство да ги уништи стеблата
Стеблата од марихуана достигнуваат висина и до два метра
Стотици стебла од марихуана високи и до два метра го обраснуваат индустрискиот дел на Битола. Ова растение, со чие сушење се добива опојна дрога најмногу го има покрај патот што ги поврзува фабриките, низ коритото на реката Курделес, па се' до Основното училиште „Коле Канински“. Од полицијата информираат дека се работи за див канабис што никнал самиот, а никој не го посадил.
Битолчаните што во овој дел од градот обработуваат ниви раскажуваат дека тука марихуаната расте од памтивек. Некои слушнале дека од неа се добива дрога, а други, пак, мислат дека е диво безопасно растение. Знам дека тука има марихуана, но не сум забележал некој да ја бере. Претежно расте покрај патот, низ старото корито на Курделес, па се' до училиштето - вели Симе Јанкуловски.Мирко Неделковски, жител од периферијата на градот, вели дека цело поле е под див коноп, го има каде и да одиш.Не е од сега, туку од турско. Но, не веруваме дека е марихуана, туку див коноп - вели тој. Од полицијата потврдуваат дека им е познато оти на повеќе места низ државата, па и во Битола, никнувал див канабис. Ова растение само никнува и се распространува низ цели подрачја зашто лесно се шири. Кога имаме сознанија за вакви појави, го известуваме Министерството за земјоделство, кое е надлежно за негово уништување. Доколку ние евидентираме лице што го собира, поднесуваме кривични пријави - изјави портпаролот на битолската полиција, Ѓоко Стрезовски.
Стручните служби во полицијата сметаат дека марихуаната, која најмногу ја има низ Градско Поле и кај Индустрискиот пат, не е со висок квалитет. Дрогата зафатила големи површини зашто лесно се размножува. Сепак, потенцираат дека ова е најкритичен период затоа што сега созрева и својствата и' се подобруваат. Досега се случувало да ја берат наркозависници, но и примери да се одгледува на зафрлени ниви или во домовите по саксии.Од полиција рекоа дека ќе го известат Министерството за земјоделство да се преземе акција за нејзино уништување, бидејќи оценуваат дека, без разлика на квалитетот, таа е опасна. Испитувањата покажале дека по вдишен чад од марихуана, за 12 секунди дразбата стигнува до централниот нервен систем предизвикувајќи еуфорично расположение. Тоа трае два-три часа, а потоа лицата запаѓаат во депресија и плачат. Од полицијата марихуаната ја сметаат за влез во светот на дрогата зашто оној што денес запалил една цигара, за два-три дена ќе побара 2-3, за една недела пет-шест итн.
Жанета Здравковска
Последни коментари