тестирања во школите
Испратено од Новица на 3 август, 2008 - 07:57
Барав некое инфо за тестирање за дроги во школо, и најдов еден линк од нетпрес: http://www.netpress.com.mk/vest.asp?id=33539&kategorija=7 - ќе тестираат дали се користат дроги преку правење тестови на предмети, облека, во простории...
Ова го прави некоја ваљда невладина организација. Имаат ли право да ја проверуваат облеката на децата без дозвола?
Знам дека порано имаше приказни дека во некои школи се тестирало и урина и крв. Овие постапки регулирани ли се на некој начин? Знае некој дали постојат законски правила дека школото може да те принуди на тест или не, дали има врска што се малолетни лица или не?
»
- Додај нов коментар
- 4393 читања

Веста е
Веста е конфузна, ама ако добро сфатив, тестот ќе го даваат на родителите, кои дома можеби тајно ќе ја тестираат облеката на децата.
Јас пак сфатив
Јас пак сфатив дека ќе тестираат прво во школи па ако најдат таму во училници и сл. тогаш на родителите од тоа школо ќе им дадат за дома.
--
Don't attribute to malice what can be explained by incompetence.
Занимљиво
Занимљивоооо....
Не ми е јасно како ке се испитува облеката...на база на мирис или остатоци од трафка.....ако е на база на мирис облеката може да поприми мирис и во некое кафуле или ако другарму пафкал така нешто,,,па тоа и не е баш доказ макар што родителот ке дознае во какви кругови му се движи детето...
И не ми е јасно за ова тука зборуваме за да ги предупредиме децава да ја проветруваат облеката.Или што?????
кога мудрецот ќе покаже кон месечината будалиот гледа само прст
тебе никогаш
тебе никогаш ништо не ти е јасно!