4 декември, 2008 - 02:10
[веб кирилица]

СКОПСКА ПИВАРА И КОКА КОЛА

од FELIKS на 31 јул 2008 - 20:14

Последниве два три месеци кока кола ?(скопска пивара скопје) или ја има изгубено лиценцата за работа и произведува фалсхива кока кола или продава увезена кока кола од некоја страна дрзава.пијалокот нема повеке ни вкус ни мирис ниту пак личи на стариот добар пијалок кока кола ,дали некој има слично осетено кај оваа наша компанија. и каде му е web страната на кока кола македонија,нас повеке воопсто не не пишува на оригиналната страница coca-cola.com. што се случува заправо???

Опции за гледање на коментари


сликата на Zelka
пиј сок од - од Zelka на 1 август, 2008 - 01:24

пиј сок од портокал...

сликата на GoodBytes
Шит кола - од GoodBytes на 1 август, 2008 - 10:12

Прочитај Panta Rei: Што ако испиеш Кока - Кола? за ефектите на таа хемикалија.

Природни сокови пиј си. За истите пари можеш да си купиш иста количина густ сок, препорачувам Таково од праска или кајсија, со минимум 50% овошна маса. Ако не се парите проблем, тогаш Фруктал 100% сокови или цеди си сам свежи. Од македонските, најубави ми се од БиФрут и од Пригат.

А ако сепак си по газираното, или по брендот/фабриката, тогаш ете ти Горско кое помалку ќе те иструе за истите пари.
--

сликата на гоце
Шит кола - од гоце на 1 август, 2008 - 11:53

GoodBytes напиша:

ете ти Горско кое помалку ќе те иструе за истите пари.

Јас па си мислев дека идеата е да се отруеш со повеќе алкохол, што не го добијаш со Горско [се смее]

--
Лоша вест: Македонија ќе се подели на два дела
Добра вест: Нашиот ќе биде поголем

Шит кола - од Сељачиште на 1 август, 2008 - 13:23

GoodBytes напиша:

Прочитај Panta Rei: Што ако испиеш Кока - Кола? за ефектите на таа хемикалија.

Природни сокови пиј си. За истите пари можеш да си купиш иста количина густ сок, препорачувам Таково од праска или кајсија, со минимум 50% овошна маса. Ако не се парите проблем, тогаш Фруктал 100% сокови или цеди си сам свежи. Од македонските, најубави ми се од БиФрут и од Пригат.

Сите сокови што ги наброја освен цедениот се онолку природни колку што е помфрит од мекдоналдс природен. Со други зборови - ич.

Нека не те залажуваат смирувачките сликички од овошја на амбалажата. Сите сокчиња се прават од маса од тиква (да, да!) а финалниот производ - бистар сок од „јаболка“, матен сок од „праска“ или сок од „портокал“ со парталчиња унутра - се само различни деривати на масата од тиква со додадени какви-ти-све-не вештачки адитиви, ароми, вкусови, Е3919043, XYZZYX3200-22R12 и што све не. И шеќер, многу шеќер. Ако се изземе ортофосфорната киселина, ништо од ова не е богзнае колку поздраво од црната кокакола. Консумент со свест за своето здравје би требало сите софт-дринкс да ги избегнува подеднаквоа, а не само кока-кола.

За гасење жед најубаво е чиста вода.

сликата на StormAngel
Шит кола - од StormAngel на 1 август, 2008 - 14:26

Сељачиште напиша:

За гасење жед најубаво е чиста вода.

Прашањето е колку е водата чиста. Ако у истите фабрики се произведуваат соковите кои што погоре ги наброја, нели е логично дека и со нормалната чиста вода и не е се толку чисто. Звучи параноично, знам, ама...
Се на се, пиј што ќе пиеш, готово се е чкарт.

We didn`t land on Plymouth Rock, Plymouth Rock landed on us.

сликата на гоце
Кока Кола има - од гоце на 1 август, 2008 - 14:38

Кока Кола има политика на фирмата да со помош на осмоза ја прочистува водата со цел да има ист вкус секаде.

--
Лоша вест: Македонија ќе се подели на два дела
Добра вест: Нашиот ќе биде поголем

сликата на GoodBytes
Aquafina е бренд на - од GoodBytes на 1 август, 2008 - 19:48

Aquafina е бренд на Pepsi, „прочистена вода од јавни извори“ или чешмовача. Отвори го сајтот и оди на How we purify (глуп Флеш).
--

сликата на GoodBytes
Не велам дека - од GoodBytes на 1 август, 2008 - 20:02

Не велам дека не си во право, Сељачиште, но заинтересиран од тоа што го напиша, го отворив сајтот на Фруктал и прочитав дека тие тврдат дека нивните сокови се прават 100% од овошје, без адитиви и без додаден шеќер.

И овој сајт е со глуп Флеш затоа: отвори го сајтот на Фруктал, оди на English, па на The Fruits of our work, и на Fruit juices.
--

сликата на Chombe
Шит кола - од Chombe на 1 август, 2008 - 20:44

Сељачиште напиша:

Нека не те залажуваат смирувачките сликички од овошја на амбалажата. Сите сокчиња се прават од маса од тиква (да, да!)

Тиквата се става за да не се таложи сокот. Сигурно си приметил некои "румунски" сок од праска, горе бистра вода а доле муљ се стврднал.

сликата на dimitar27
Шит кола - од dimitar27 на 1 август, 2008 - 21:24

Chombe напиша:
Сељачиште напиша:

Нека не те залажуваат смирувачките сликички од овошја на амбалажата. Сите сокчиња се прават од маса од тиква (да, да!)

Тиквата се става за да не се таложи сокот. Сигурно си приметил некои "румунски" сок од праска, горе бистра вода а доле муљ се стврднал.

Немој така за Румините, они се у ЕУ [се смее] Ја така ден денес кажувам за нешо шо е лошо „бугарско“ ама ме карата милите ни комшии дека они се во Европејскија Сојуз [се смее]
Ја пијам вода чиста, па и чешмовача, додека другар ми со секое кафе нарачува и кокакола, дури и ако негде нема ко у БРОЗ на пример, не пие кокта ами не иде таму. Друг па другар, со кој сега скоро проведов неколку дена заедно на пат, е буквално зависен од кокаколата, купува пред да си легне шише, за да има за одсабајле?? КОга му реков да намали пошо има 120 кила, ми одговири „ти шо не оставиш цигарите“ ?!?
Не веруем дека соковите кои ни се продаваат ко природни се баш прирдони, ама дека се исти ко газираните, или ко кокаколата . . .не веруем ни тоа . . .
Имс право Сторми, параноично звучи ама да ти е страв било што да пиеш, бати веков бати [се смее]

De gustibus non est disputandum ! ! !

сликата на aleksandra85
Добар текст - од aleksandra85 на 3 август, 2008 - 22:02

Ова од Панта реи малку ми е лаички напишано...
вика вака:

Цитат:

По 20 минути: Нивото на шеќер во твојот крвоток добива амплитуда, што предизвикува наплив на инсулин. Твојот џигер одговара на овие брзи промени со тоа што го претвора целиот шеќер кој му е на располагање во маснотии. А има поприлично шеќер на располагање во моментот

Ова би требало вака некако да оди...
Зголемен внес на шекер,зголемено лачење на инсулин,зголемено искористување на шекерот(гликоза) од страна на клетките,претворање на гликозата во гликоген во црниот дроб (во панта реи џигер)
Поради што се намалува количеството на шекер во крвта па човекот парадоксално запага во хипогликемија која е пропратена со вртоглавица,премалеаност,главоболка,губење на концентрација така да самиот организам бара ново количество на шекер ,,зависност од кока кола,, поради хипокалиемијата се јавува тремор,раздразливост

Цитат:

По 60 минути: Фосфорната киселина ги врзува калциумот, магнезиумот и цинкот кои се преработуваат во твоите црева, со што дополнително се покачува метаболизмот. Тоа се комбинира и со високи дози шеќер и вештачки сладила, со што се зголемува исфрлањето на калциум по уринарен пат.

Ова е точно само што тој калциум не е толку потребен за генеза на коските колку што е потребен за правилно функционирање на клетките посебно на мускулните клетки а најповеке на срцевиот мускул.Хипокалцемијата е одговорна за зголемена нервно мускулна екцитабилност т.е раздразливост на мускулите.
Кога мудрецот ќе покаже кон месечината будалиот гледа само прст

сликата на aleksandra85
Вода - од aleksandra85 на 3 август, 2008 - 21:33

Вода флаширана...Роса е најубава...
И никако вода да се полни од извори ,помпи,чешми од сред село и итн...
Ставете газа на чешмата и по неколку дена ке видите колку е чиста Скопската вода,,,Бубрезите таму си ги оставив..
Што се тиче Кока Кола,,,штетна е навистина ама јас безнеа не можам...

Најздраво е своерачно цеден сок...

А таквите емулгатори јас како што имам читано некаде колку е поголемо бројчето до Е буквата толку се поканцерогени...
Е ај кажете ми што е подобро Кока КОла или овие густите сокови од 30 денари од ХЕДИС-маркети каков може да е тој сок ако е на 1/3 од цената на соковите на ФРУКЗТАЛ ИЛИ некоја друга фирма...Значи плати па клати ти е работава....
кога мудрецот ќе покаже кон месечината будалиот гледа само прст