Власта го приведе струмичкиот Градоначалник Зоран Заеb под обвинение за корупциски скандал вреден 7 милиони € при градењето на трговскиот центар „Глобал“ на локацијата на струмичкиот пазар, заедно со уште четворица вработени од Општина Струмица. Неговата партија СДСМ протестираше пред Судот, па во напнатата атмосфера го пуштија да се брани од слобода... Но, наскоро Кривичниот Совет реши да тој се врати во притвор, па Заев одлучи „да се врати сам“ во истражниот затвор во Шутка, иако Струмичаните насобрани околу неговиот дом „не му дозволуваа“. До македонската јавност и меѓународните претставници во Македонија тој испрати Соопштение во стилот на „Сократовата одбрана“.
Но, тука не заврши претставата, ами се претвори во циркус! Граѓаните на Струмица протестираа со блокирање на патиштата, Сојузот на граѓанскиот сектор од Струмица (кој го сочинуваат 33 невладини организации) реагираше со циркуларно писмо, а СДСМ за денеска (четврток, 31-ви јули 2008) најави голем митинг во Струмица со присуство на свои симпатизери од цела Македонија.
Од друга страна, во тек е распитот на сведоците, во кој [некои од] фамилиите кои се жалеа дека не била извршена денационализација на земјиштето на „Глобус“ посведочија дека веќе примиле финансиска компензација и тоа во два наврати: еднаш со експропријацијата на земјиштето во социјализмот, и уште еднаш со денационализацијата пред неколку години. Па, зарем сакаат и по трет пат наплата за истото?!?
Јас нема да завземам став по овие прашања, не мешајќи се во Судската Власт (кон која отсекогаш сум изразувал резервираност). Само, изненаден сум со тоа што [иако не е почнато] судењево се претвори во циркус!!! Кло[в]нови навалете, иронично насмејте нè со вашата сатира!
Последни коментари