Сидата повеќе не е смртоносна болест

Продолжувањето на животот на луѓето болни од сида е зголемено во просек за 13 години, сметајќи од крајот на 90-тите години, и тоа благодарение на постојаното усовршување на методите за лекување, пренесува Нетпрес.Според резултатите од испитувањата на британски научници, објавени во медицинското списание „Лансет“, синдромот на имунолошки недостаток денеска може да се смета за хронично заболување, а не за смртоносна болест. Експерти од универзитетот во британскиот град Бристол појаснуваат дека ако денеска се постави дијагноза на 20-годишен човек дека е заразен со сида, тој има шанса да живее уште 49 години. До овој резултат научниците дошле по анализирањето на податоци на повеќе од 43.000пациенти во земји со висок процент приходи на населението.

Слика на Obi

Од друга страна

Проценките на заболени беа пониски за 40% од реалната бројка а најзагрозени се црнците.
Така да...полека со тие црнците од Струмица

Слика на GoodBytes

Од World Community Grid

Од World Community Grid каде учествувам знам дека еден лек кој во моментов се бара би функционирал така што на молекуларно ниво би го попречил вирусот да созрева и да се размножува, со што во најлош случај болеста би се задржала на тој стадиум на кој би била откриена.

Кратко објаснување и линкови има тука: FightAIDS@Home.

# # #

World Community Grid е хумана мрежа каде го донираш времето од твојот неактивен процесор за да се извршуваат некакви пресметки. Научните институции конкурираат со свои медицински и научни проекти, од кои се избираат најважните и се пуштаат низ WCG мрежата. Ќе ја искористам можноста да го повторам апелот што повеќе луѓе да се вклучат во World Community Grid.
--

Слика на гоце

Колку кошта да

Колку кошта да живееш уште 50 години? :)

Слика на 3,14

Колку кошта да

гоце wrote:
Колку кошта да живееш уште 50 години? :)

$ 6 500 000

http://www.gsb.stanford.edu/news/research/zenios_valueoflife.html

Агрегирање содржина