4 декември, 2008 - 01:45
[веб кирилица]

Сидата повеќе не е смртоносна болест

од Незнаен јунак на 30 јул 2008 - 14:45

Преземено од Дневник [www.dnevnik.com.mk]
__________________

Продолжувањето на животот на луѓето болни од сида е зголемено во просек за 13 години, сметајќи од крајот на 90-тите години, и тоа благодарение на постојаното усовршување на методите за лекување, пренесува Нетпрес.Според резултатите од испитувањата на британски научници, објавени во медицинското списание „Лансет“, синдромот на имунолошки недостаток денеска може да се смета за хронично заболување, а не за смртоносна болест. Експерти од универзитетот во британскиот град Бристол појаснуваат дека ако денеска се постави дијагноза на 20-годишен човек дека е заразен со сида, тој има шанса да живее уште 49 години. До овој резултат научниците дошле по анализирањето на податоци на повеќе од 43.000пациенти во земји со висок процент приходи на населението.

Опции за гледање на коментари


сликата на гоце
Колку кошта да - од гоце на 30 јули, 2008 - 14:48

Колку кошта да живееш уште 50 години? [се смее]

сликата на 3,14
Колку кошта да - од 3,14 на 31 јули, 2008 - 02:35

гоце напиша:

Колку кошта да живееш уште 50 години? [се смее]

$ 6 500 000

http://www.gsb.stanford.edu/news/research/zenios_valueoflife.html

сликата на GoodBytes
Од World Community Grid - од GoodBytes на 30 јули, 2008 - 16:39

Од World Community Grid каде учествувам знам дека еден лек кој во моментов се бара би функционирал така што на молекуларно ниво би го попречил вирусот да созрева и да се размножува, со што во најлош случај болеста би се задржала на тој стадиум на кој би била откриена.

Кратко објаснување и линкови има тука: FightAIDS@Home.

# # #

World Community Grid е хумана мрежа каде го донираш времето од твојот неактивен процесор за да се извршуваат некакви пресметки. Научните институции конкурираат со свои медицински и научни проекти, од кои се избираат најважните и се пуштаат низ WCG мрежата. Ќе ја искористам можноста да го повторам апелот што повеќе луѓе да се вклучат во World Community Grid.
--

Од друга страна - од Obi на 3 август, 2008 - 19:38

Проценките на заболени беа пониски за 40% од реалната бројка а најзагрозени се црнците.
Така да...полека со тие црнците од Струмица