Министерстовото за љубов ни соопшти нова мерка со која вечниот народ македонски ќе почне да се коти ко зајци. Имено:
Цитат:
Правото на пензија ќе го имаат сите невработени мајки, а ќе го стекнат откако ќе навршат 62 години, а не откако ќе го родат четвртото дете. Веднаш по раѓањето на четвртата рожба, мајката секој месец 15 години ќе добива родителски додаток во висина од 70 отсто од просечната плата исплатена по вработен во претходната година - објаснува Душко Миновски, државен секретар во Министерството за труд и социјала. Првите пензионерки по оваа основа може да се очекуваат за 15 до 20 години. За раѓање трето дете додатокот ќе изнесува половина од просечната плата, а ќе се прима 10 години, а за второ дете мајката девет месеци ќе прима 30 отсто од просечната плата. Во мај годинава просечната плата изнесуваше 15.727 денари. Оваа бенефиција ќе им следува на сите мајки, без разлика на нивниот статус - дали се вработени или невработени. Единствен услов ќе биде да живеат во општина каде што природниот прираст е помал од 2,1 дете по жена.
http://dnevnik.com.mk/?ItemID=F15BD45FB474EC4F86CAC4F3640BA138
Покрај многуте успеси кои ги ниже државата македонска, како раст на животниот стандард, намален ДДВ за детски производи, поволни стамбени кредити за млади брачни парови, нови работни места, социјални реформи, зголемено породилно одсуство на родилките, скратување на максималниот период на договорите за работа итн, следи и оваа мерка со која ќе се обезбеди поголем раст на македонскиот народ и ќе се испегла дисбалансот на наталитетот кај Албанците.
Министерството за љубов изрази негодување од уставните рамки на овој закон со кој не е можно да се дава додаток само на граѓани од македонско потекло.
Ќе следи и нов пакет мерки со кој уште повеќе ќе се стимулира наталитетот како:
- Бесплатна крштевка за второто дето во храмот св. Никола на градскиот плоштад
- Бесплатна веронаука за децата од предшколска возраст
- Бесплатни часови во игротеката „Музеј на ВМРО“
Последни коментари