4 декември, 2008 - 01:54
[веб кирилица]

Не е лесно да си работник во фиром

од гоце на 28 јул 2008 - 09:13

Донесен е нов закон за работни односи со кој се отвара простор на капиталистите да решаваат за благосостојбата на работниците. Еве јас како продолжена рака на капиталот ги имам следните опции на располагање:

1. Чим некој се курчи можам да го бапнам да иде трета смена нон-стоп
2. Ако продужи да се курчи можам да го избркам без да го известам. Може да се жали на суд ако сака, но и да добие џабе му е, за периодот кој бил избркан нема да му платам ќор денар. Ќе мора да го примам назад, но види следна точка
3. Можам да го избркам под изговор дека нема потреба више од неговото работно место. Се разбира дека нема да му дадам шанса да работи нешто друго. Наместо тоа ќе ја вработам онаа курвата што ни ги дудла на сите. Џабе му е да се жали на суд

За новите робови, овај работници е уште полесно

1. Онаа курвата од погоре ќе добие договор на неопределено време, ни мање, ни више 5 години. За тие 5 години нема да смее да затрудне пошто договорот ќе престане да важи.
2. Одмор ќе и забранувам усно со цел да не и го платам. За време на забраната ќе ги избришам сите логови од системот за пријава на работно време
3. Плата ко ќе бара поише ќе ја потсетувам на договорот
4. Ко ќе биде договорот пред истекување ќе и го пребацам у сестринската моја фирма каде што ќе и го ресетирам бројчаникот на нула

Да бев шефче у државна институција ќе можев точките 2 и 3 да ги упражњавам се додека не остане ниту еден комуњар.

Опции за гледање на коментари


сликата на GoodBytes
Забелешки - од GoodBytes на 28 јули, 2008 - 13:42

1. Непостоење релативна слобода за управување со сопственоста и работната сила, на начин на кој сопственикот го смета за ефикасен, нема да донесе странски инвестиции во државава. Дури и комуњарите тоа го сфатија по 60 години: сети се на изјавата на поранешниот министер за труд и социјални работи Стефче Јакимовски со работниците кои се „заштитени како мечки во шума“.

2. Втората наброена група од опции е директна реперкусија на високата невработеност која продуцира армија од очајници што би работеле под било кои услови за да преживеат. Таа невработеност може да се реши само со инвестиции (види точка 1).

3. Сите закони донесени од оваа или онаа власт се подложни на критики, кои ако се конструктивни, специфични и адресирани правилно, ќе донесат подобрувања на законите. Јас за добар закон го сметам тој кој ќе го даде најдобриот баланс меѓу слободата за управување и почитувањето на правата на работниците, односно заштита од нивна експлоатација. Со други зборови, ако во законот се вметнат клаузули за спречување несакани последици преку специфичен, хиерархиски структуриран систем за контрола и одговорност, во тој случај законот е ОК. Но, со обзир дека не знам право и не го знам законот, вистинскиот суд за ова ќе го оставам на тие кои знаат.

4. Со ништо Македонија не ти е крива, па да ја викаш „фиром“. Досега не сум чул ниеден паметен аргумент или дебата поведени од луѓе кои мазохистички си ја навредуваат сопствената држава. Тебе не те класифицирам во таа група, па затоа ова ме изненади.
--

сликата на гоце
1. Непостоењето - од гоце на 28 јули, 2008 - 14:07

1. Непостоењето на независно и ефикасно судство е причината зашто нема странски инвестиции, ниту ќе има. Донесувањето на феудални закони нема да помогне у таа насока. Државата треба да си ги штити граѓаните.

2. Види ти точка 1.

3. Од законот се избришани точки кои ги штитат работниците. Замисли што ќе им се дешава сеа на теткине што шијат за 100 € месечно.

4. Врло важно како ја викам државата кога од ден на ден гледам се помалку и помалку перспектива за мене и моите деца, гледам како стануваме шупакот на европа. Јас работам у државава со години, плаќам даноци за цркви и местени јавни набавки, плаќам за да ко ќе идам на доктор да имам избор или плати евра или умри, плаќам за да имам пензија со која се надевам ќе можам да платам сметки и храна.

--
Лоша вест: Македонија ќе се подели на два дела
Добра вест: Нашиот ќе биде поголем

сликата на GoodBytes
1. Твојата и - од GoodBytes на 28 јули, 2008 - 22:16

1. Твојата и мојата точка 1 не се анулираат, туку се надополнуваат. Не тврдиш белки дека не е важен факт во одлуката за инвестирање и законот кој ги регулира односите меѓу работодавачот и работниците. Покрај а) односите и б) судството, важни се и други фактори кои не ги спомнав: в) инфраструктура, г) образование на работната сила, д) просечна плата, ѓ) географска положба и други.

3. Навистина не знам ништо за законов и не би го коментирал. Нормално дека не сакам никој да биде експлоатиран, но не сакам и да е безмалку невозможно да ги избркаш неработниците од работа. Е, за ова баш конкретно и знам еден ДОБАР пример: некои работодавци во Македонија, затоа што досегашниот закон (така сум начул) те штител и премногу, дури и ако си тотална мрза и неспособен, те тераат да потпишеш „бланко отказ“. Си чул за ова? Па така, ако му дојдеш преку глава на газдата, тој го депонира твојот „отказ“ даден веднаш по вработувањето и експресно те брка. Ова ти го кажувам како пример дека сепак е многу важен добриот баланс во овој закон, за да нема вакви принудувања. А верувај дека ќе ги има ако законот е премногу рестриктивен кон работодавците, во состојба на огромна невработеност. Ако би дошло до мене да пресудам колку е добар законов, со обзир дека не знам, јас би анкетирал засегнати од двете страни и би го сметал за фер оној закон за кој и двете страни сметаат дека има добри решенија, секако со одредени компромиси.

4. И јас исто, ама Македонија за тоа не ми е крива, затоа не ја ни вреѓам. Не ми е крив ни Охрид (тебе Скопје), ни мојата населба, ни улицата. „Ебати државата“ е најизлитеното клише пред кооперација и морав да реагирам бидејќи навистина не ти доликува ТЕБЕ. Сфати го како пријателска критика.
--

сликата на гоце
1. Сите овие - од гоце на 28 јули, 2008 - 23:00

1. Сите овие вгдѓ се релативно поволни. Само уште судството да се средеше ќе имаше инвестиции. Вака кумот претседател, се поништува одлука додека не се донесе таа што и одговара на владата. Јас не би инвестирал. Ти би?

2. Не ни беше невозможно да ги избркаш до сега. Се што требаше да се направи е да се даде опомена, па да се чека 30 дена, па да се избрка. Ова у приватни фирми. У државни е друга прича. Него што со трета смена нон-стоп? Јас сум идел трета, и не е баш лесно. Некои луѓе ќе идат цел живот трета. Кој треба да ги штити нив? Добрата воља на капиталистот?

4. ОК, се извинувам. Во Северна Македонија не е лесно да си работник [се смее]

--
Лоша вест: Македонија ќе се подели на два дела
Добра вест: Нашиот ќе биде поголем

сликата на GoodBytes
А. - од GoodBytes на 28 јули, 2008 - 23:28

А. Злоупотребите и понижувањата опаѓаат пропорционално со опаѓањето на невработеноста. Никој не може да си игра со тебе ако лесно можеш да најдеш друга работа. А сигурно дека и твојот газда во САД би сакал да му работиш 10 часа на ден, од понеделник до сабота, па и уште да не ти даде одмор ако може. Освен законите, го спречува и мислата дека нема да има вработени ако така продолжи. Значи, нашата состојба навистина ќе се промени најмногу со намалување на невработеноста, а фер закон за работни односи би бил чекор во тој правец (не тврдам дека овој е фер или дека не е фер). Знам дека во минатите години бизнисмените ја користеа секоја можност јавно да го критикуваат стариот закон, заради неговата наводна рестриктивност кон работодавците, а мораш да се сложиш дека нивниот глас е тој кој треба да се слуша за да се најде решение за невработеноста.

Б. Немој да мислиш дека јас сакам закон кој ќе им дава премногу права на работодавците и кој нема да ги штити вработените. Јас сум за правичен баланс кој точно ќе регулира онаму каде што треба да регулира. Еве да го земеме твојот пример со третата смена: ако ти си се сложил на такви работни услови (чувар, таксист а ла ДеНиро, наплатна рампа...), зошто закон да го ограничува работодавецот да ти дава таква работа? Кај другиот пример, со конфекциските работнички, законот треба да ги регулира условите во кои се работи (жешко, студено, загаден воздух, бучава...), како и да направи систем на паузи во сооднос со некаква категоризација на работните места според нивната психичка или физичка тежина за работникот.
--

сликата на Lans
1. Сите овие - од Lans на 6 август, 2008 - 03:09

гоце напиша:

1. Сите овие вгдѓ се релативно поволни. Само уште судството да се средеше ќе имаше инвестиции. Вака кумот претседател, се поништува одлука додека не се донесе таа што и одговара на владата. Јас не би инвестирал. Ти би?

2. Не ни беше невозможно да ги избркаш до сега. Се што требаше да се направи е да се даде опомена, па да се чека 30 дена, па да се избрка. Ова у приватни фирми. У државни е друга прича. Него што со трета смена нон-стоп? Јас сум идел трета, и не е баш лесно. Некои луѓе ќе идат цел живот трета. Кој треба да ги штити нив? Добрата воља на капиталистот?

4. ОК, се извинувам. Во Северна Македонија не е лесно да си работник [се смее]

--
Лоша вест: Македонија ќе се подели на два дела
Добра вест: Нашиот ќе биде поголем

еј?нема инвестиции?е како бе така...
значи ова што го викаат ОнТел е само на хартија?нели словенци инвестираа таму?или судството во тој домен е таман како што треба?
или и ОнТел е поништен од претседателот...овај кумот на некој си?збунка...
крајот е близу.

Гоце, можеш да - од PetarK на 29 јули, 2008 - 21:38

Гоце, можеш да ми наброиш кои од поволностите од минатиот закон навистина важеа за тетките што земаат 100 евра?

сликата на гоце
На хартија, или - од гоце на 29 јули, 2008 - 23:47

На хартија, или у реалност? [се смее]

сликата на dimitar27
На хартија, или - од dimitar27 на 30 јули, 2008 - 07:33

гоце напиша:

На хартија, или у реалност? [се смее]

Кажи де, и на папир и у реалниот живот, како ако бил тој закон саглам, пак имаше работење у 3-та смена за 4000 МКД, и на Ден Илинден ?!?

De gustibus non est disputandum ! ! !

сликата на dimitar27
ГБ, ме насмеа со - од dimitar27 на 28 јули, 2008 - 20:51

ГБ, ме насмеа со последната реченица [се смее] Кажи дека се заебаваш?!?
Во саглам фирми, освен закон има и колективен договор во кој се доодредуваат правата и обвсрките на работодавецот и работникот.
Не знам како е во ФИРОМ кај Гоце, он работи бу Европска фирма, би требало да се почитуваат законите и да имаат бар некаков колективен договор, но се сомневам дека они таму и знаат што е тоа, а камо ли да се организирани на за нив застареното ниво на организирање на работниците во синдикати.
Во мојата скромна компанија, која брои нешто над 1300 вработени, целосно се почитува колективниот договор (автоматски и законот за РО), ова го кажувам како директно вклучен во надзорот за почитување на истиот. И кога некои колеги биле суспеднирани од работа, после жалбена постапка, биле враќани на истото раб место и сите плати им биле исплатени наназад.
Е сега, дека ако шефот те мрази, ке бидеш заебаван, тоа не е само кај нас, или кај Гоце у ФИРОМ, ами и во велелепната ни мила УСА, за Словенија ич да не праам муабет [се смее]
Така да . . држи прикаанава на ГБ, дека рџавом курцу и длаке сметају, ама па држи и Гоцевата приказна за ФИРОМ, дека не скеогаш работникот е заштитен.
Едвај чекам да влеземе у тоа НАТО и ЕУ, гарант одма боље ке ни биде, плус сите по 3000 еур плата . . .лепота . . .

De gustibus non est disputandum ! ! !

сликата на гоце
Не сите имаме - од гоце на 28 јули, 2008 - 21:07

Не сите имаме чест да работиме у саглам фирми, а Димо? Што со нашите сограѓани? Што со битлолчанките што работат за клетите грчишта?

--
Лоша вест: Македонија ќе се подели на два дела
Добра вест: Нашиот ќе биде поголем

сликата на Lans
чест или - од Lans на 28 јули, 2008 - 22:05

чест или волја?
лани 6 месеци додека си одев од градилиштето каде што работев го гледав кејот полн со џаболебари.
ситуацијата во македонија е `бегај работо, идат работници`
крајот е близу.

сликата на гоце
Чест, воља, - од гоце на 28 јули, 2008 - 23:52

Чест, воља, задоволство.

А што е проблем со џаболебарите? Да си имав наследство сигурно ќе бев и јас. Или ај у затвор да ги ставиме, ни го гнасат кејот [се смее]

--
Лоша вест: Македонија ќе се подели на два дела
Добра вест: Нашиот ќе биде поголем

сликата на Lans
сега можам - од Lans на 29 јули, 2008 - 17:48

сега можам комотно да го цитирам сељачиште со неговата фамозна
`ништо не си разбрал`.
1во...дали го знаеш составот на тие луѓе што дремат на кеј со 100 денари за едно кафе цел ден?
2ро...веруваш дека сите имаат наследство?
3то...баш тие што имаат наследство рмбаат да го зачуваат и не дремат на кеј.
4то...јас немам проблем со џаболебарите.имам проблем кога заради нивната неволност да работат, пцујат по државата дека нечини и самите не се свесни дека во истиот момент сами себе се пцујат.
крајот е близу.

сликата на dimitar27
Не сите имаме - од dimitar27 на 29 јули, 2008 - 07:33

гоце напиша:

Не сите имаме чест да работиме у саглам фирми, а Димо? Што со нашите сограѓани? Што со битлолчанките што работат за клетите грчишта?

--
Лоша вест: Македонија ќе се подели на два дела
Добра вест: Нашиот ќе биде поголем

Прав си Гоце, не секој работи у фирма кај шо се почитуваат шравата.
И уште „поправ“ си дека све додека судството ние евакво, НЕ НЕ БИВА.
Е не си у право што мислиш дека судтсвото е ВМРОвско, секој шо иоле прател политика знае дека џабе е ВМРО на власт, се додека судиите се од џеплчето на БЦ вадени.
Ова со кумот на претседателот на собрание, кажав еднаш, никаква „сила“ не дава, едно што тоа не е „обичен “ суд, друго што таму се 7 судии, и „главниот“ е само да ги води и организира седниците, нема право на повеќе глас од другите.
Енглезите ми мили викаат дека треба „carrot and the stick“ на нашки, нешто напред да те лаже да трчаш, а од позади да те боцка у гз ако задоцниш. Тоа во нормалните земји е судот, па ако некого заебеш, или те заебе, плачеш на суд, и добијаш „правда“.
Кај анс е тоа сведено на заебацнија, до завчера се заебаваме „Пари преку Општински“-ти текнуе?
Јас не бев овде малку време, не знам дали има нов предлог закон, ама и да има, ебн веруем дека е ништо полош од претходниот, пошто у Македонија, веќе 20 години се уништува работничкото право.
Ако и за ова се криви сегачниве властодржци, тогаш забораваме кој ги направи обичните клошарчиња во УБЕР ГАЗДИ во РМ, нема валда да кажеш дека Грујо ги створил нашиве „тајкуни“ ?!? А токму поради нив, и од нивна страна се систематски уништувани правата на работницте кај нас.
Обемна е темава, не може со 3 реченици да се дообјанси, ама не мислам дека е издржано да се напагаат сегашниве мераклии на власт за она што е направено пред 15 год.
De gustibus non est disputandum ! ! !

сликата на Новица
капитализам.... - од Новица на 28 јули, 2008 - 14:08

суров, заебан... широко прифатен. [се смее]

--
Don't attribute to malice what can be explained by incompetence.

сликата на Новица
законот онлајн? - од Новица на 28 јули, 2008 - 14:58

а ги има ли измените онлајн некаде?

гуглав нешто и го најдов ова: http://star.on.net.mk/statija.asp?id=8327 [се смее]

но не и последните измени.

--
Don't attribute to malice what can be explained by incompetence.

сликата на Lans
далечната 2004 - од Lans на 28 јули, 2008 - 20:21

далечната 2004 година кога работев во една фирма...случајно се дрзнав да прашам за пријавување и придонеси.И од надлежниот ми беше пратен еден мејл сликовите да ми ја објаснат ситуацијата...
`си биле 5 мајмуни во кафез... The Monkey Experiment, (or) “Why Do We Do That?”

Start with a cage containing five monkeys. Inside the cage, hang a banana on a string and place a set of stairs under it. Before long, a monkey will go to the stairs and start to climb towards the banana. As soon as he touches the stairs, all of the other monkeys are sprayed with cold water. After a while, another monkey makes an attempt with the same result, and all the other monkeys are sprayed with cold water. Pretty soon the monkeys will try to prevent it.

Now, put away the cold water. Remove one monkey from the cage and replace it with a new one. The new monkey sees the banana and wants to climb the stairs. To his surprise and horror, all the other monkeys attack him. After another attempt and attack, he knows that if he tries to climb the stairs he will be attacked.

Next, remove another of the original five monkeys and replace it with a new one. The newcomer goes to the stairs and is attacked. The previous newcomer takes part in the punishment with enthusiasm! Likewise, replace a third original monkey with a new one, then a fourth, then the fifth.

Every time the newest monkey takes to the stairs, he is attacked. Most of the monkeys that are beating him have no idea why they were not permitted to climb the stairs or why they are participating in the beating of the newest monkey. After replacing all the original monkeys, none of the remaining monkeys have ever been sprayed with cold water. Nevertheless, no monkey ever again approaches the stairs to try for the banana.

Why not? Because as far as they know, that’s the way it’s always been done around there.

во кратки црти `не барај преку леб погача`.
тогаш на власт беа некои други ликови па немаше вакви коментари.ништо не се сменило само што сега се пцуе и се фрла камења и дрвја по актуелните.
тогаш 2004 година немаше закон за робовладетелство па сепак се применуваше робовладеењто.и гоце...што се смени од 2004 до денес?
патем...со кој памет некој би барал надомест за оние денови за кои седел дома т.е. додека бил избркан?работел во фирмата?НЕ.создал некоја вредност или услуга?НЕ.епа кој надомест и за што надомест?
и да не заборавам....истата таа фирма успеа да го изгуби најдобриот вработен само неколку месеци од кога беше прогласен за таков на свечена церемонија во еден хотел.talk about slavery...
робовладетелството не се воведува со закони.робовладетелството постоело далеку пред овој закон.само незнам од кај сега ова толку бунење.поголемо робовладетелство до тоа да работиш со сите `привилегии` и да не ти бидат платени придонесите нема.и тоа во државни фирми.а сите добро знаеме кои се `државотворците` во Македонија.а така се работи од 1991 па наваму.
опа...ќе заборавев...абе да не ги укинаа придонесите за нововработени т.е. да се намали работењето на црно?или се лажам?или тоа не е вредно за плукање овај...спомнување?
крајот е близу.

сликата на гоце
далечната 2004 - од гоце на 28 јули, 2008 - 21:01

Ха, плагијатори незаедни. Ова на багра беше у 2003-та!
http://www.bagra.org/node/1056

Иначе не си ја разбрал друже. Мајмуни има колку сакаш, па дури и такви што им се даваат награди од типот работник на година, месец, деценија итн. Сите мајмуни се заменливи, вклучително со мајмунот што пишува овде.

Мене овој закон не ме тангира, но ја тангира мојата фамилија, моите роднини, и многу луѓе кои не ги познавам.

Ми спомињаш 2004-та. Ме боли курот мене за 2004-та. Најди постови од тогаш ќе видиш дека исто сум пљукал и по тие. За разлика од тебе, кој немаш доблест да признаеш дека ова што го направија не е добро ни за мене, ни за тебе, ни за нашите фамилиим, јас можам да воочам кога се кршат нашите човекови и граѓански права. А ти криј се у својата малодушност и радуј се на затварањето на клетите државотворни комуњари, радуј се на законите кои ги прават капиталистите, радуј се кога таквите ко мене ќе почнат да си идат од фиром. Можда така ќе се отворат повеќе места за проверените партиски кадри, на кој ми заличуваш и ти. И не заборавај, чим нешто ќе кажат од партијата ти така мораш да почнеш да мислиш иначе,

бтњ, замисли брат ти работи у јавна администрација, дојде некој бивши чистач кој станал директор благодарение на црвената книшка, и го избрка од работа под образложение дека не му била врзана десната кондура. Според тебе нема право да си побара на суд плата за месеците кои бил избркан?

далечната 2004 - од Сељачиште на 28 јули, 2008 - 21:06

Lans напиша:

во кратки црти `не барај преку леб погача`.

Ништо не си разбрал.

сликата на Evil_Genius
Од една страна - од Evil_Genius на 29 јули, 2008 - 11:19

Од една страна радници у позиција на заштита ко панда мечиња,
од другата страна работници од икс-ипсилон причини приморани да трпат експлатација и нечовечки услови, од една страна директори шо неможат да интервенираат да снема некој дибек шо доаѓа у 8 а си иде у 4 а у меѓувреме ни кафето што го пиел сам не го направил, од друга страна експлататори кај кои пиењето кафе у работно време е фикција....

Е па закони имало и ќе има у земјава, добри или лоши јебига не се осеќам компетентен да коментирам, само имам некоја мисла дека ќе е подобро да некој ги почитуваше и спроведуваше во целос и за сите, се мислам дека така подобро ќе беше.
И успат една можда утописка идеја, а народов секој сам или организирано да мрднеше со малиот прст нешто да направи за сам себе, да нечека некој друг да дојде да му даде да работи и да јаде.
И за крај, кога бе ќе сватат луѓево дека 300-400 и 500 евра месечно не е некоја којзнае каква плата за која треба да се скрши кичма бе....

_______________________________________________________________
It's nice to be important, But it's more important to be nice...