Преземено од A1 [a1.com.mk]
__________________
на.мрежа, кабелтел, новтел, новком, мак аутоѕвезда, следночуство, небо мрежа тв, е-продавница...
Стопанствениците што својот рекламен материјал ќе го напишат на латинично писмо ќе платат високи парични казни. Нема да бидат поштедени ниту оние кои, на пример, наместо продавница ќе напишат „шоп“.
Ваквата одлука нема да важи само за странските фирми, чиишто имиња се подеднакво исти насекаде во светот. На некои луѓе им пречат рекламите напишани на странски јазик затоа што не ги разбираат секогаш.
Новите измени во законот за употреба на македонскиот јазик ќе стапат во сила за неколку дена откако ќе се објават во службен весник.
Стопанствениците кои заклучиле дека името на нивната фирма звучи многу поубаво на странски јазик, доколку не го преведат, ќе платат казна од 2.500 €.
Последни коментари