4 декември, 2008 - 04:04
[веб кирилица]

Свирка за одбележување на 1968: Fighting Windmills + PMG пред споменикот на Кирил и Методиј 25.06 (среда)

од кучевина.млаз на 21 јун 2008 - 13:29

Преземено од Блог [vuna.info]
__________________

Може да биде јако..

На 25 јуни 2008, среда, со почеток во 13.00 часот пред споменикот на св. Кирил и Методиј, на просторот на универзитетскиот кампус помеѓу Филозофскиот, Правниот и Економскиот факултет ќе се одржи уште еден во низата настани за одбележување на 40годишнината од студентските и општонародните протести ширум светот кои се разгореа во 1968мата. Се разбира, 1968 е само повод; вистинската цел на сите овие настани е инспирирање и поттикнување на здраво студентско (и не само студентско) движење кое ќе застане на барикадите и ќе се обиде да промени нешто во општеството!

Овој пат, организираме не отворена трибина, туку отворена свирка за сите отворени луѓе за покренување движење. Ќе настапат Fighting Windmills, свој DJ сет ќе има Мирко Попов, а настап ќе имаат и PMG Collective.

Прашањата кои сакаме да ги покренеме се оние кои ги засегаат сите студенти: укинување на партиципацијата на факултетите кои се финансираат од државниот буџет; итно преземање на чекори за подобрување на ситуацијата во која се студентските домови и воопшто подобрување на студентскиот стандард; трансформирање на универзитетот во автономна јавна образовна институција на која непосредно ќе одлучуваат студентите, а не сомнителни студентски сојузи…

Ова е покана до сите оние кои што сметаат дека нешто шкрипи и дека нешто треба да се преземе во врска со тоа, не само во врска со студентското живеење, туку воопшто со било кој сегмент на нашето постоење овде и сега! Можеби ви звучиме идеалистички, но свирка на факултет, кој веруваше во тоа ?! Сега за сега правиме малку, но најлошото што може да го направиме, е да престанеме и тоа малку да го правиме.. и не заборавајте, од 1968 до денес, ниту една мисла не може да предизвика поголемо тектонско поместување на свеста отколку паролата:

РЕАЛНИ СМЕ, ГО БАРАМЕ НЕВОЗМОЖНОТО!

Затоа, во среда, во 13.00, да застанеме заедно и да демонстрираме свест за фактичката состојба, совест за сопственото постоење, одговорност за својата судбина, но најмногу од се – солидарност и поддршка во борбата за подобар свет!

сликата на Tapa user
По повод - од Tapa user на 21 јуни, 2008 - 14:28

По повод протестите кои во Скопје не се одржаа.

По повод желбата за промена на светот by Хавиер Солана, Јошка Фишер, Кушнер и уште неколу тогаш, „најгласни“ а сега се косат со своите тогашни убедувања, многу...

Журкајте се...
_________________________________
Polygonum aviculare