Преземено од Вечер [vecer.com.mk]
__________________
Новиот Латас е на повидок! Му посакуваме успешна кариера во Вечер и Скајнет, со искрени желби за емисја на МРТВ. Господ да му е на помош.
Јака им душа, у Орвеловото Министерство за Омраза имаа помалку работа во сецкањето исечоци од весници од архивите како никогаш и да не постоеле. Арно ама, човек сум, ме фрли секирација, Бранко анте портас - агејн, повторно? Ма не е страшно за нас, народот, нека му ја мислат повеќе од партијата му, туку, грст морбидни асоцијации ми полазаа низ грбот кога се сетив на повторното враќање на повеќе политичари во историјата. Никсон се врати и тресна вотергејтовски така силно да мораше да умре пред да го спомне некој во медиумите, Беназир Буто се обиде да се врати и заврши со успешен атентат врз неа, иако го преживеа првиот и имаше стотици жртви, не и дојде памет и продолжи до трагичниот исход, Љубчо Георгиевски денес, потполно исчезна како фактор од политичкиот живот после обидот со неговата партија да се врати назад, Тупурковски "прохујало са вихором", дури и еден Анте Марковиќ, кого сите го имаме во колективна свест како човекот кој ни ги наполни џебовите, не можеше да помисли дека би доживеал таков фијаско. Многу политичари во светот се обиделе истото - да се вратат и повторно да владеат како пред да го постигнат политичкиот зенит и завршиле со неуспех, но многу често и завршувале трагично.
Последни коментари