11 октомври, 2008 - 01:10
[веб кирилица]

НЕ САКАМ

од aquawoman на 7 јун 2008 - 19:35

Не сакам политика.
Не сакам вести, излитени новинари и презентери кои не разбираат што читаат.
Не сакам редици по шалтери и дишачи во врат во истите тие редици.
Не сакам турбо фолк.
Не сакам агресивни возачи.
Не сакам авиони.
Не сакам невоспитани деца, односно не ги сакам нивните невоспитани родители.
Не сакам газди на кучиња кои не го дигаат изметот на својот миленик од сред улица.
Не сакам семејни собири на кои мора да се смешкам.
Не сакам валкани улици и полни контејнери.
Не сакам акциони филмови.
Не сакам книги со блуткава содржина и пискарала кои мислат дека “пишуваат“.
Не сакам гужви од секаков тип, иако некогаш се чувствувам безбедно во нив.
Не сакам ефтини финти и вицови.
Не сакам глупи муабети.
Не сакам типови со добра фасада за сметка на испукана и огрдена душа.
Не сакам жени кои шетаат со напрчени усни од кои ништо паметно не излегува.
Не сакам луѓе што не си дозволуваат да бидат среќни.
Не сакам луѓе што се пасивно агресивни и кои што се само пасивни или само агресивни.
Не сакам кога се чувствувам осамено меѓу луѓе.
Не сакам кога се обидувам да бидам среќна, наместо само да сум среќна.
Единствено што сакам...сакам само да можам повторно да љубам.

Опции за гледање на коментари


сликата на Tapa user
Па љуби, кој ти - од Tapa user на 7 јуни, 2008 - 19:40

Па љуби, кој ти брани...
_________________________________
Polygonum aviculare

Ова спаѓа во - од Сељачиште на 7 јуни, 2008 - 19:54

Ова спаѓа во проза или поезија?

сликата на jordan23
што не шетнеш - од jordan23 на 7 јуни, 2008 - 20:14

што не шетнеш некаде бе аквавоман

или пробај го ова http://en.wikipedia.org/wiki/Paroxetine haha nemoj se zezam

forever pang forever yang

сликата на judge
Квиз - од judge на 7 јуни, 2008 - 22:46

Добро Аква, претпоставувам дека сакаш да те прашаме зошто не можеш повторно да љубиш?
За да ти олеснам (а и нам), само заокружи овде што е точно:

[ ] - Гомно едно, го видов со друга
[ ] - Гомно едно, го видов со друг
[ ] - Гомно едно, не ми купи ништо за роденден
[ ] - Гомно едно, не ми ја купи златната огрлица за роденден
[ ] - Гомно едно, се отсели во Австралија без да ме земе
[ ] - Гомно едно, се отсели во Скопје без да ме земе
[ ] - Гомно едно, само ми бара - само на тоа мисли
[ ] - Гомно едно, ич не му текнува
[ ] - Гомно едно, ми рече дека не му се допаѓала мојата поезија
[ ] - Гомно едно, ми рече дека му се допаѓала мојата поезија, но сфатив дека читал туѓа книга

Или текстов ти беше есеј - бунт против жабокречината на секојдневието, лицемерието на луѓето, лошотијата на светот и прекршувачите на изборниот закон?
[се смее]

па види, - од aquawoman на 8 јуни, 2008 - 02:19

гомно беше спомнато само кај кучешкиот пример...инаку, за жал не е никогаш толку едноставно како што имаш ти поедноставено. Ова беше само одраз на тоа што се повеќе го гледам околу себе...незадоволни луѓе, несреќни лица скриени позади наместени маски. Текстот не е проза, не е поезија, не е есеј и дефинитивно не е бунт. Текстот (ако може така да се нарече) е само чувство преточено во збор.

Инаку, никогаш не ми стана јасно зошто кога жена пишува вакво нешто мора да е поврзано со неговото величество “Мажот“...со ова мало појаснување се надевам дека ти олеснив.

Поздрав

сликата на judge
Не се лути Аква, - од judge на 8 јуни, 2008 - 08:59

Не се лути Аква, само се шегував ... [се смее]

сликата на Zelka
знаеш ли колку - од Zelka на 10 јуни, 2008 - 09:48

знаеш ли колку е гнсно да го собираш на песот гомното?
плус ако го оставиш ќе ја наѓубрува почвата... доколку не го згазиш истото.

е, гнасно е - од aquawoman на 10 јуни, 2008 - 09:54

ама е пожелно...плус тоа, не знам како ќе ѓубриш асфалт!

сликата на Zelka
мојот пес не - од Zelka на 10 јуни, 2008 - 11:28

мојот пес не ѓубри на асфалт, мора да има грмушка иначе не го фаќа серка.

знаеш ли колку - од дамјан на 11 јуни, 2008 - 14:24

Zelka напиша:

плус ако го оставиш ќе ја наѓубрува почвата... доколку не го згазиш истото.

шо знам, од мојата кучка ја гори тревата .. барем истата година.. а следната се појавува бусенче трева.

сликата на PLAYLIFE
На некој сајт - од PLAYLIFE на 11 јуни, 2008 - 20:30

На некој сајт читав дека треба пиво да се истури над пожолтената трева од изметот на животинчињата:) Пробајте, може ќе ви успее да го зачувате зеленилото:) Хехуехуеехеухех [се смее]

сликата на StormAngel
Само волкава - од StormAngel на 8 јуни, 2008 - 02:03

Само волкава листата? Ехееееј!!!
Ова у стилу:
Сакам секој да си има свој сопствен свет, за да мене ме остават на раат у мојот. [се смее]

We didn`t land on Plymouth Rock, Plymouth Rock landed on us.

сликата на aceva
Драга Водолијке - од aceva на 8 јуни, 2008 - 15:49

Свекрва ми кумановка би рекла на ова твоево - ’рџавом курцу и длаке сметају.
Ништо од тоа што си го набројала (а све држи вода и све е за несакање) не може да те спречи да си среќна. Сите тие несекалчиња се вон тебе. Значи, каде е проблемот?

I'm Winston Wolf, I solve problems.

сликата на Robomarket
За да љубиш - од Robomarket на 8 јуни, 2008 - 16:40

За да љубиш треба да си ја најдеш другата половина а тоа со среќа...во свет каде што се е шашардисано. Иќ не барај...само ќе си дојде.

сликата на Julls
Цитат: Инаку, - од Julls на 8 јуни, 2008 - 17:09

Цитат:

Инаку, никогаш не ми стана јасно зошто кога жена пишува вакво нешто мора да е поврзано со неговото величество “Мажот“...

И мене.
На темата,те заболе. Веројатно се тоа што наброја смета на сите, ама со куроболка се шетаат. Така и ти.

И така,го сретнав Фикрет и Фикрет ми даде нешто бело и ми рече,на пробај,у пизду материну е добро

сликата на PLAYLIFE
НЕ САКАМ - од PLAYLIFE на 8 јуни, 2008 - 21:29

aquawoman напиша:

Не сакам жени кои шетаат со напрчени усни од кои ништо паметно не излегува.

Хух, љубомора...[намигнува]

И не само тоа... - од aquawoman на 9 јуни, 2008 - 08:12

“Не сакам типови со добра фасада за сметка на испукана и огрдена душа“...а ова е дека сум ептен ружна па на никој не му се допаѓам [се смее]

сликата на Konstantin
НЕ САКАМ - од Konstantin на 9 јуни, 2008 - 11:33

aquawoman напиша:

Единствено што сакам...сакам само да можам повторно да љубам.

И ја исто! Каде да се договориме? [намигнува]
"Εν Τουτω Νικα"

сликата на GoodBytes
Не сакам - од GoodBytes на 9 јуни, 2008 - 11:48

Не сакам повторување. [се смее]
--

Не сакам да сум - од fLeX на 9 јуни, 2008 - 18:05

Не сакам да сум здрава, ама да ме боли душа.
Што и да мислиш, исто ти се фаќа:)