11 октомври, 2008 - 01:11
[веб кирилица]

Гласајте за ПЦЕР

од miopa на 30 мај 2008 - 13:09

Се ближат избори?
Разочарани сте?

Ве навјасува депресија при помислата дека удел во иднината на твојата држава ќе има некој од несреќните ликови што деновиве интензивно го загадуваат електромагнетниот спектар и ја валкаат хартијата?

Поминувате часови сериозно размислувајки дали ќе се чувствувате помалку лошо ако гласате за сељачиште или за лицемер, или пак се прашувате дали ако доволно искрено го игнорирате сето тоа - ќе го снема?

Гласајте за ПЦЕР.
Имаат конкретна програма и јасна цел. Барем на циганите да им биде подобро, кога веќе државата иде у курац.

Опции за гледање на коментари


сликата на miopa
Не се заебавам, - од miopa на 30 мај, 2008 - 13:13

Не се заебавам, јас за нив ќе гласам.

--
Краткиот живот гори појасно

Секогаш имаш - од Сељачиште на 30 мај, 2008 - 13:50

Секогаш имаш опција да не излезеш на гласање и воопшто да не учествуваш во оваа општонародна глупост наречена „демократија во Македонија“.

Секогаш имаш - од дамјан на 30 мај, 2008 - 18:36

која е логиката на таа опција??

Гласајте за ПЦЕР - од k1 на 30 мај, 2008 - 14:33

Добро бе miopa
Ти излезе поголем Циган од сите
што ти се криви сега циганите па да гласаш за ЦПЕР
еве ја сум по твое Циган по мое Ром
па не се замарам со глупости
политика не ме интересира
не излегувам на избори не се замарам
ама глупо вака кога немаш тема на разговор да играш кур за циганите
никој не те тебе замара не замарај и ти
писувај за кого сакаш само ако можеш не биди такој циник
извини ама
не мрси муда
и така

сликата на Tapa user
Гласајте за ПЦЕР - од Tapa user на 30 мај, 2008 - 19:21

k1 напиша:

еве ја сум по твое Циган по мое Ром

Рид онли [се смее]

Мене па ме интересира друга работа...Од каде доаѓа тоа „Ром“?
_________________________________
Polygonum aviculare

сликата на гоце
Од - од гоце на 30 мај, 2008 - 23:47
сликата на miopa
Не си сфатил. - од miopa на 30 мај, 2008 - 22:52

Не си сфатил.

Циганите (еве по твое Роми, пошто гледам дека зборовите ти пречат да ја видиш смислата) се хајлајтот на целата ситуација. Или имаш нешто против ПЦЕР конкретно?

Претпоставив дека може погрешно да се сфати муабетот, изгледа требаше да допишам и дека не бев ни циничен ни ироничен (а богами ни саркастичен). Значи, ПЦЕР е партија за која не сум тотално убеден дека е на погрешен пат, а еманципацијата на Ромите во Македонија е редок пример на нешто позитивно во оваа држава.

Друго.. како очекуваш некој нешто да се потруди да направи за тебе, твојата општина, или држава, ако тебе не те интересира политика?

--
Краткиот живот гори појасно

сликата на jordan23
како ли се - од jordan23 на 31 мај, 2008 - 22:51

како ли се разликувате само

http://imagechan.com/img/3303/got%20one/

forever pang forever yang

Не постои - од scaptomant на 30 мај, 2008 - 18:06

Не постои попичкарско нешто од не искачање на гласање. Тоа е појава која ја практикуваат само ситни души кои и очекуваат дека новата влада која ке дојде, која и да е кога и да е, да не направи ништо, па да се прават дека не учествувале уопште во процесот на бирање. За вакви гниди, не ни треба да постои демократијата, која не викам дека е на завидно ниво во Македонија, ама мислам дека сите треба да работиме на тоа да ја донесеме на ниво кое сакаме. Не гласањето е само помирување со состојбата и најниско повлекување пред политичарите, за кои тврдиме дека се поглупи и покриминално настроени од нас. Ако некој се согласува со потезите на оваа влада, треба да излезе и да ја подрзи, ако не, треба да излезе и да ја бутне, посто било што е боље од ништо.
Е после ова ке има коментари како "A, бе Скаптомант, 18 години гласаме и нишо не се подобрува. Шо аир од гласање?", па "Кој кур ти е, бе, па и негласањето е демократско право и ти не смееш да ми го одземеш...тра ла ла...тра ла ла". Гласот е оружје. Немојте да го повторувате вицот со Македонецот кој ја чува кубурата за "зорт време". Ваљда имате барем по некој здрав неврон во главите да направите математика и да се одлучите за некоја од опциите. Теоретски, треба да ги прочитате програмите на партиите и да се одлучите за некоја од нив. И пак "А бе, која партија не излажала за програмата? Ти да не им веруваш на партииве?". Мое е да гласам и да и го дадам гласот на некоја партија. Ако таа партија го изневери мојот глас и не ја оствари програмата, ке дојдат и следни избори, па гласот ке го дадам на други. Важно е да гласам. Си го ценам својот глас и АПСОЛУТНО ке го искористам во недела.

сликата на JohnFoe
литература - од JohnFoe на 30 мај, 2008 - 18:59

offtopic: Мислев да прашам тука и порано, меѓутоа не сакав да отварам нова тема само за тоа.. Вака ми дое ова као кец на десетка..

Има некој тука да ми препорача (било е-верзија, било книга, било напис) текст кој содржи информации за периодот непосредно пред и по осамостојувањето на МК, кој се задржува на политичката клима, главните актери, динамиката на релациите помеѓу нив, дефинирањето на "десницата" и "левицата", расположението кај граѓаните, зачетокот на плурализмот итн итн.. Објективни, субјективни текстови, сеедно...

сликата на Robomarket
Бранко и Киро. - од Robomarket на 31 мај, 2008 - 15:51

Бранко и Киро.

Каква црна левица и десница? Ти се молам, во Македонија не постои такво нешто.

сликата на JohnFoe
е да, затоа - од JohnFoe на 1 јуни, 2008 - 10:46

е да, затоа наводници...

Немој бе дечко - од TheWonderer на 2 јуни, 2008 - 18:04

Немој бе дечко такви работи да прашуваш [се смее]

Тоа не е баш омилена тема кај македонскиве политичари и „интелектуалци“, пошто не обичат некој да ги потсеќа кој за што се залагал во тоа време. И затоа никој и не го истражува сериозно тој период на Македонија. А и ако некој има желба, секогаш ќе се најде некој друг да му каже дека тоа и не е толку паметна работа.

Како и да е, и покрај тоа што нема лесно достапни квалитетни анализи за тој период, архивите се секогаш тука за тој што има време да истражува. Иди у Универзитетска библиотека, или барем у Градската „Браќа Миладиновци“ (кај Буњаковец) и побарај ги старите укоричени весници од тоа време. Најдобро побарај „Млад Борец“, а ако имаш време за губење, сакаш да читаш комунистички глупости, и те интересира што пишувале во тоа време некои денешни „новинарски бардови“, побарај и „Нова Македонија“ или „Вечер“. А може и „Комунист“, кој подоцна го прекрстија во „21“ (ваљда како асоцијација за директната линија до Бардовци).

А ако те интересира периодот од крајот на 1993 до 2002, ѕирни го сајтчево: http://www.aimpress.ch/dyn/pubs/archive/pubs-all-arch.htm И таму има мнооогу интересни работи [намигнува]

Life is a sexually transmitted disease

сликата на JohnFoe
данке ш`н - од JohnFoe на 2 јуни, 2008 - 18:19

данке ш`н

плус овие ми - од дамјан на 30 мај, 2008 - 19:00

плус овие ми личат добра опција... ТМОРО-ВЕП (Татковинска Македонска Организација за Радикална Обнова - Вардар-Егеј-Пирин) http://www.tmoro.org/
Страшо Ангеловски од секогаш бил постојан во своите ставови.

пс.
препорака за гледање на линканата Пирамида

плус овие ми - од METhAMORPH на 31 мај, 2008 - 10:10

дамјан напиша:

плус овие ми личат добра опција... ТМОРО-ВЕП (Татковинска Македонска Организација за Радикална Обнова - Вардар-Егеј-Пирин)

Многу ми се смешни кога ќе земат некој акроним од типот на ВМРО, ТМРО, ТМОРО и слични и смислуваат име на партија што ќе има баш таков акроним, а зборовите немаат врска. [се смее]

сликата на Tapa user
Навистина. Па - од Tapa user на 31 мај, 2008 - 14:03

Навистина. Па уште и ги нарекуваат...„вмровци“
_________________________________
Polygonum aviculare

м? што сакаш да - од дамјан на 1 јуни, 2008 - 21:36

м? што сакаш да кажеш??
Страшо Ангеловски е многу подоследен патриот отколку било кое ВМРО.

сликата на Tapa user
Па Гане - од Tapa user на 5 јуни, 2008 - 11:24

Па Гане Тодоровски е поголем...И?

А тек војвода Трепет...[плази јазик]
_________________________________
Polygonum aviculare

сликата на miopa
Се разочарав, - од miopa на 2 јуни, 2008 - 07:44

Се разочарав, првпат после 6 години стигнав да гласам, и ја немаше партијата во Чаир на листа.

--
Краткиот живот гори појасно

сликата на PassENGER
И они се - од PassENGER на 2 јуни, 2008 - 08:33

И они се доследни. И зашто им треба а богами и на нас- Затоа DPA.
-----
[i]Barba non facit philosophum