4 декември, 2008 - 02:57
[веб кирилица]

Неверството на жената како реклама!

од гоце на 27 сеп 2001 - 19:19
Иако повреден поради тоа што жената го избеверила Робрт Софловски, трговец од Франција, одлучил јавно да ги покаже. Можеби малку претерал што го објавил името на нејзиниот љубовник на неонска реклама на својата продавница за домашни миленици. Кога дознал дека љубовникот на жена му е банкар на рекламата запишал: „Ако вашата жена има отворена сметка во банката Патрис Шопин нема само да се погрижи за нејзините пари. Него жените го интересираат и приватно“. Овој чин на нарушување на туѓата првиатност го чинел 50 000 франци, но 42 годишникот не сака да се заврши на тоа. „Јас сум изневерен и нема причини да ги кријам роговите“ рекол Софловски и најавил дека ќе продолжи да се бори во името на сите изневерени мажи од целиот свет. Дека основи за жалба има објаснил неговиот адвокат кои рекол дека Софловски не го доведува во прашање животот на љубовникот на неговата жена затоа што банкарот заведува жени додека е на работа, а тоа ја тангира јавноста.