Надобар филм од СФРЈ

Маратонците го трчаат последниот круг
19% (12 гласа)
Балкански шпиун
6% (4 гласа)
Ко то тамо пева
11% (7 гласа)
Тетовирање
26% (16 гласа)
Среќна нова '49
10% (6 гласа)
Татко на службен пат
0% (0 гласа)
Варљиво лето
2% (1 глас)
Дом за бесење
3% (2 гласа)
Друг
23% (14 гласа)
Вкупно гласови: 62

Опции за гледање на коментари

Избери го посакуваниот начин за прикажување на коментарите и кликни на „Активирај“ за да ги видиш измените.
Слика на fLeX

Kако је пропао

Kако је пропао Rock'n'Roll :D ама не сте ги стаиле...Све мислам дека беше сниман у СФРЈ.
Што и да мислиш, исто ти се фаќа:)

Слика на GoodBytes

Ако веќе цепидлачиме :-)

Фалат и „Ние не сме Ангели“, сите од Кустурица, Мис Стон, Фросина и Мирно лето, како и еден куп партизански: сите со име на река, Валтер го брани Сараево, Мирко Пазиметак и Славко, Бошко факин Буха, Партизанска ескадрила (знам дека беше серија), Солунски патрдии и секако, Отпишани! :-)

Јас гласав за „Ко то тамо пева“, затоа што најживо ми е останат во сеќавање. Инаку дефинитивно западњациве не можат да ја сфатат нашата филмска култура. Таму каде што ние гледаме мајсторски прикажани (стереотипни) ликови, тие кутрите сето го ставаат во еден куп: „варвари“. Нашето балканско варварство е премногу суптилно за белокожен капиталистички Западњак, кој си го има цел живот подредено кон правење повеќе пари. Освен тоа, никој не знае да мрзи како Балкан Бој/Грл.
--

Слика на excellent

Ангелите не ти

Ангелите не ти се у конкуренција, пошто првиот е снимен 1992. Него, викаш имало филм Солунски патрдии?

Флекс е у право: фали Како је пропао рокенрол.

Идам сега да размислам на кого ќе го дадам мојот ценет глас.

--------
Danger could be my middle name. But it's John.

Слика на miopa

Фалат и „Црно

Фалат и „Црно семе“, „Дечко који обећава“, „Вариола вера“.. одлични филмови се правеа во СФРЈ.

--
Краткиот живот гори појасно

Слика на GoodBytes

Ангелите не ти

excellent wrote:
Него, викаш имало филм Солунски патрдии?

Па нели имаше филм (во три дела од по 55 минути) со Џумерко (Итар Пејо), Гоце Тодоровски (ефенди Цанде), Димче Мешковски (Секула), Ванчо Петрушевски (Соте) итн?
--

Слика на toomuchisnotenough

Ако веќе цепидлачиме :-)

GoodBytes wrote:
Инаку дефинитивно западњациве не можат да ја сфатат нашата филмска култура. Таму каде што ние гледаме мајсторски прикажани (стереотипни) ликови, тие кутрите сето го ставаат во еден куп: „варвари“. Нашето балканско варварство е премногу суптилно за белокожен капиталистички Западњак, кој си го има цел живот подредено кон правење повеќе пари. Освен тоа, никој не знае да мрзи како Балкан Бој/Грл.

хммм... ме интересира од каде го имаш извлечено овој заклучок. од лични разговори со западњаци? со колку од нив? со читање на рецензии на балкански филмови во странски списанија? доколку навистина е така како што велиш, како тогаш би ја објаснил номинацијата за оскар (и дузината награди на меѓународни фестивали) на „пред дождот“ или пак оскарот и останатите меѓународни признанија за „ничија земља“ и слично?

мислам дека тешкотиите што западњаците ги имаат при сфаќањето на нашата филмска култура се во најмала рака исти (а јас би рекол дури и далеку помали) од тешкотиите што балканците ги имаат при сфаќањето на, не знам, јужноамериканската (или било која друга нехоливудска) филмска култура. обидите да се прикажат западњаците како особено неспособни за разбирање на туѓи култури се сосем неиздржани, па дури и спротивни на реалноста. идеата за мултикултурализам и толеранција потекнува токму од имигрантските земји како сад, канада, австралија итн. ако мислиш дека еден просечен крагујевчанец или кичевчанец има пософистициран синеастички и меѓукултуролошки сензибилитет од еден просечен ванкуверчанец или фениксчаненц, размисли уште еднаш.

Слика на GoodBytes

Коментот за калчро

Е, фак, ми отиде коментарот по врага и мака ми е да пишувам пак. Накратко, искуствата ми се во рангот на десетици, што луѓе кои сум ги запознавал како туристи дојдени во Охрид, а што мои колеги Амери на кои им препорачувам МК или ЈУ филмови. Може да се видат такви примери и ако се читаат коментарите на МК и ЈУ филмовите на IMDB или Amazon, на пример - дури и на тие на кои генерално им се допаднал филмот.

Во принцип, сакав да кажам дека мислев на културните разлики кои ни пречат да се разбереме со земји (и нивните филмови) кои се за нас далечни и чудни, а меѓу нив секако и прагот на толеранција на „варварското“ или премногу експлицитното. Можеби така зазвучи, но не ми беше целта да го споредувам капацитетот на културна толеранција меѓу Амер и Балканец (во тој контекст тежнеам да се согласам со тебе, ако заради ништо друго, тогаш барем заради хетерогеноста во која првиот живее).

Капитализмот и материјализмот го спомнав во контекст на уште едно множество разлики во општествените уредувања (меѓу СФРЈ и западните земји), кои резултираат со поинакви приоритети, критериуми и воопшто поинаков аспект на гледање на некои појави. На пример, материјалист ќе го доживее филмот „Долго топло лето“ како еден голем трошок за домаќините. ;-)

Религиозен (или само) моралист ќе го доживее Манданата од „Мис Стон“ како едно грубо старче кое сака да пијуцка и ги тера дамите во неморал. На повеќето Западњаци сликата на главата на војводата од „Прашина“, расцепена на каменот, крвава и со муви околу неа, ќе им биде доволно да го извадат ДВД-то од плеерот. А нивните жени не ќе можат да разберат зошто неговата жена му „дава“ во едно толку неромантично место, штала, во која патем го сместиле и гостинот од Америка, небаре е guest house! А што правиме со пукањето (во „Ране“) во најдобриот другар како одмазда за неговата грешка, додека овој стои и стиска заби? Да не ни одам на хард-кор сцените од Кустурица, како на пример држењето на „мртвиот“ дедо на мраз за да не се расипе свадбата во „Црна мачка, бел мачор“. Или „умирањето“ на членовите на семејството за да се земе социјална помош, во „Gypsy Magic“ од Столе Попов. :-)

Како и да е, не се работи за егзактна наука и секако не може да се влечат генерални заклучоци - факт е дека има Западно-европејци и Амери на кои им се допаѓаат ЈУ и МК филмовите, независно дали ги разбрале како нас Балканчеросите, односно како што биле правени за да се разберат.

Ај, рили сум писд оф шо ми венишна коментот.
--

Слика на toomuchisnotenough

фала за

фала за дообјаснувањето, а особено за повторното пишување на коментарот претходно изеден од црната интернет дупка. :)

Слика на дамјан

Ако веќе цепидлачиме :-)

GoodBytes wrote:
сите од Кустурица...

... треба да се уништат

Слика на Julls

Па тоа види

Па тоа види друже...ако тебе не ти се свиѓаат, не значи дека на сите не им се свиѓаат или треба да се уништат. Шо знам, јас лично не сум негов љубител, но тоа нема везе со моето мислење, дека не би требало да се уништат :)
Цепидлак ниеден!!! ;)

И така,го сретнав Фикрет и Фикрет ми даде нешто бело и ми рече,на пробај,у пизду материну е добро

Слика на TheWonderer

а Чаруга?

Хмммм... Покрај гореневедените филмови од горенаредените колеги, во списоков би можел да се смести и „Чаруга“. Филмот можеби е за нијанса понепознат од овие од списокот, но е подеднакво добар и забавен. И култен во одредени кругови.

Башка, мислам дека тоа е единствениот филм во кој се разголува Ена Беговиќ, што само по себе е доволно за да биде вечно споменуван по добро. :) А да не го спомнувам и одличниот кастинг, со животната улога на Петар Божовиќ (култна реплика „што би ја то јебооо“ - на адреса на споменатата Е. Беговиќ), или на нашиот (за жал одамна покоен) Ненад Стојановски, кој во тоа време се наоѓаше во најплодниот период на својата актерска кариера...

Life is a sexually transmitted disease

Слика на excellent

а Чаруга?

TheWonderer wrote:
Башка, мислам дека тоа е единствениот филм во кој се разголува Ена Беговиќ, што само по себе е доволно за да биде вечно споменуван по добро. :)

Се палиш на мртви, а? :)

--------
Danger could be my middle name. But it's John.

Слика на TheWonderer

Не се палам на

Не се палам на мртви. Додека беше жива се палев на неа.

Додуша, у тој период и немаше баш некој избор на кого да се пали младо дете како мене. Актуелни беа Ена, Мира Фурлан и Аница Добра. ОК, и Синоличка Трпкова, ама не заради „Бушава азбука“, туку заради „Дом за вешање“.

И ај после не се пали на Ена. Не само заради убавина. Комплетна појава беше, со харизма, пургерска култура... Феномен! :)

Life is a sexually transmitted disease

Слика на Zelka

“гомнар со

“гомнар со гомнарски цефки се ма`а!“
-Перо Арсов Среќна Нова '49

Агрегирање содржина