Published on Опасна Багра (http://bagra.org)

Буш: Бог ми рече да го нападнам Ирак

Од гоце
Креирано 19 мај 2008 - 23:13

Преземено од Шпиц [1] [spic.com.mk]
__________________

Одкога Израел направи гето по пример на варшавското и ги затвори сите Палестинци во логор, се јави Буш со утешителна порака...

Џорџ Буш, претседателот на САД, најмоќната светска сила, им се доверил на палестинскиот министер за внатрешни работи, Набил Шаат, и на сегашниот палестински претседател, Махмуд Абаз, дека Бог му рекол да ги нападне Ирак и Авганистан затоа што, според него, тоа е дел од божјата мисија за воспоставување мир на Блискиот Исток и сигурност во Израел и Палестина.

- Мене ме води божјата мисла, а Бог ми рече, Џорџ, оди и бори се против терористите во Авганистан, и јас тоа го направив. Потоа ми рече, оди и стави и крај на тиранијата во Ирак и јас и тоа го направив - им рекол Буш на Шаат и на Абаз.
Тој, исто така, им рекол дека повторно му се враќаат Божјите зборови, кои му велат да им помогне на Палестинците да добијат држава, да им ја врати сигурноста на Израелците, како и мирот на Блискиот Исток.


Изворно URL:
http://bagra.org/node/8697