Преземено од A1 [1] [www.a1.com.mk]
__________________
Прекршочна пријава за физички напад и малтретирање против професорот по меѓународно право и екс министер за внатрешни и надворешни работи, Љубомир Фрчкоски.
Тој вчеравечер во близина на маркетот „Тинекс“, кај ССМ, со тупаници го нападнал Александар Блажевски, а неговата сопруга Катерина Вељановска ја влечел за коса.
Инцидентот се случил откако избила кавга, па тепачка меѓу Вељановска и сопругата на професорот, Ирена Фрчкоска, поради паркинг простор.
Двете дами започнале расправија, па тепачка откако Катерина Вељановска ја чекала сопругата на Фрчкоски 40 минути да излезе од маркетот и да ја тргне колата која го блокирала излезот.
Александар Блажевски се обидел да ги раздели агресивните жени. Тогаш пристигнал и Љубомир Фрчкоски, кој веднаш нападнал.
Во телефонски разговор за А1 Фрчкоски тврди: „Мојата сопруга беше нападната. Таа и моето дете беа преплашени. Му мавнав само две шлаканици, ништо повеќе“.
Полицијата тврди, Блажевски имал повреди на лицето, а морале да применат и зафат, таканаречен полуга, за да го смират некогашниот министер.
„Записникот којшто е направен во полиција, момчето бил нападнато со бокс и со шамари, додека неговата девојка била влечена за коса од страна на пријавениот за физички напад“, изјави Иво Котевски, портпарол на МВР.
Во полициската станица „Беко“ биле повикани сите четворица, да дадат изјави за настанот, по што сите си заминале на своја страна.
Покрај Фрчкоски, прекршочни пријави заработија и неговата сопруга Ирена и Катерина Вељановска за нарушување на јавен ред и мир и предизвикување тепачка.