6 јули, 2008 - 06:51
[веб кирилица]

Прекршочни пријави за брачниот пар Фрчкоски

од Незнаен јунак на 8 мај 2008 - 19:43

Преземено од A1 [www.a1.com.mk]
__________________

Прекршочна пријава за физички напад и малтретирање против професорот по меѓународно право и екс министер за внатрешни и надворешни работи, Љубомир Фрчкоски.

Тој вчеравечер во близина на маркетот „Тинекс“, кај ССМ, со тупаници го нападнал Александар Блажевски, а неговата сопруга Катерина Вељановска ја влечел за коса.

Инцидентот се случил откако избила кавга, па тепачка меѓу Вељановска и сопругата на професорот, Ирена Фрчкоска, поради паркинг простор.

Двете дами започнале расправија, па тепачка откако Катерина Вељановска ја чекала сопругата на Фрчкоски 40 минути да излезе од маркетот и да ја тргне колата која го блокирала излезот.

Александар Блажевски се обидел да ги раздели агресивните жени. Тогаш пристигнал и Љубомир Фрчкоски, кој веднаш нападнал.

Во телефонски разговор за А1 Фрчкоски тврди: „Мојата сопруга беше нападната. Таа и моето дете беа преплашени. Му мавнав само две шлаканици, ништо повеќе“.

Полицијата тврди, Блажевски имал повреди на лицето, а морале да применат и зафат, таканаречен полуга, за да го смират некогашниот министер.

„Записникот којшто е направен во полиција, момчето бил нападнато со бокс и со шамари, додека неговата девојка била влечена за коса од страна на пријавениот за физички напад“, изјави Иво Котевски, портпарол на МВР.

Во полициската станица „Беко“ биле повикани сите четворица, да дадат изјави за настанот, по што сите си заминале на своја страна.

Покрај Фрчкоски, прекршочни пријави заработија и неговата сопруга Ирена и Катерина Вељановска за нарушување на јавен ред и мир и предизвикување тепачка.

Опции за гледање на коментари


сликата на Tapa user
Омекнал - од Tapa user на 8 мај, 2008 - 20:50

Омекнал фрчко...
_________________________________
Polygonum aviculare

сликата на GoodBytes
Зналац - интелектуалац - од GoodBytes на 8 мај, 2008 - 21:28

1. Паркира каде сака.
2. Решава спорови со тепање.
3. Пружа отпор и не соработува со полицијата.

И после ко ќе чујам „експерти“ и „интелектуалци“, ми доаѓа сите медиуми за коса да ги искубам (со лева) и да ги исшамарам (со десна).
--

сликата на Tapa user
Зналац - интелектуалац - од Tapa user на 8 мај, 2008 - 22:48

GoodBytes напиша:

И после ко ќе чујам „експерти“ и „интелектуалци“, ми доаѓа сите медиуми за коса да ги искубам (со лева) и да ги исшамарам (со десна).

Нашите експерти и интелектуалци се злато луѓе...Мирни, вредни работливи, луѓе кои знаат за што им е акалот и го користат за доброто на сите, не за џабе се предодредени да се експерти во некое поле...Овие самодекларирани...се џган.
_________________________________
Polygonum aviculare

сликата на гоце
Овој го - од гоце на 8 мај, 2008 - 21:30

Овој го истепал? Ако да свака част за мајсторот Фрчко!

Него на времето ко да се степа и со БЦ и толку му беше од политичката кариера.

Ако навистина - од aquawoman на 10 мај, 2008 - 00:22

Ако навистина го истепал овој, тогаш сум за петиција против подигање прекршочна пријава...иако сум разочарана што девојката му ја “влечел за коса“. Тоа личи на типично женски зафат.

сликата на Муцко

Дефинитивно, нè има повеќемина со име и презиме Александар Блажевски. Истепаниот е еден, новинарот на А1 е друг, јас сум трет (ејјј! си го открив идентитетот на нејќење! [намигнува] ), а знам дека постои и четврт тип – Охриѓанец кој е без В во презимето... Сигурно постојат уште 3-10 истоимени+истопрезимени; дел од кои имаат профили на Facebook, т.е. сигурно знам дека постојат...

сликата на Robomarket
Што може да - од Robomarket на 9 мај, 2008 - 07:13

Што може да очекува човек од главуч и џбитак...Фрчко ебате, муфљуз. Барем да беше добар говорник или аналитичар ама ни тоа не е, а за интелектуалец да не збориме, мислам тоа може да се измери од начинот на кој и пристапил на ситуацијата. Жал ми е што не изел ќотек.

сликата на Зелен
Сварно мене да - од Зелен на 9 мај, 2008 - 21:24

Сварно мене да ми се погодеше ке ми се напраеше мерак за сите години што ме нервира.

--
Linux is free, as long as your time has no value.

сликата на aleksandra85
Ајде де - од aleksandra85 на 9 мај, 2008 - 18:28

Од кај знаете како било...Како можел фрче сам да истепа и маж и жена...па не е тој Рамбо...него го боксал неја ја влечел за коса ...Сигурно не било така.Ова мене ми мириса на наместена сценирана работа....да да да
кога мудрецот ќе покаже кон месечината будалиот гледа само прст

сликата на SuperGirl
Ајде де - од SuperGirl на 10 мај, 2008 - 00:40

aleksandra85 напиша:

Од кај знаете како било...Како можел фрче сам да истепа и маж и жена...па не е тој Рамбо...

сликата на aleksandra85
Ова е добро - од aleksandra85 на 10 мај, 2008 - 02:10

Ова е добро....А емисијата со Миленко носо-чепкачо ја гледавте синоќа на канал 5

кога мудрецот ќе покаже кон месечината будалиот гледа само прст

сликата на Robomarket
Баха хаааа е - од Robomarket на 10 мај, 2008 - 04:12

Баха хаааа е супер си бе супергрл, хај фајв =)

сликата на GoodBytes
Сигурно? - од GoodBytes на 10 мај, 2008 - 20:46

aleksandra85 напиша:

Од кај знаете како било... Сигурно не било така...

Од каде знаеш дека сигурно не било така? Изјавите на очевидците велат дека е така. Имајќи го во предвид менталниот склоп на луѓето кои „далеку дотуркале“ во општеството, особено еден ваков бивш „шериф“ со големи уши и моќ, мене па сосем логично ми е да реагира препотентно. И исто, немам причина да не им верувам на полицајците дека морале да употребат сила за да го совладаат. Ако ништо друго, барем никој не тврдеше дека нешто сигурно се случило, нели?

aleksandra85 напиша:

наместена сценирана работа...

Ти и тој Докиќ го бранеше „по автоматизам“ кога го обвинуваа за корумпираност, нели? Зошто толку им веруваш на авторитетите? Еден „неспорен“ авторитет, Ајнштајн, рекол: „непромислена почит кон авторитетите е најголем непријател на вистината“.

Не те критикувам. Сакам само да ти укажам дека авторитетот не може да биде аргумент сам по себе, односно дека е здраво да се задржи резерва.
--

сликата на dimitar27
ГБ, се заебаваш - од dimitar27 на 12 мај, 2008 - 08:05

ГБ, се заебаваш ПРЗИНАЈ! ! !

Зема бе да дообјансува со Алекса, дека не треба априори да се почитуваат „авторитетите“.
Па Ајнштајн го цитира . . . Боже ма пази [се смее]

Туку за Фрчолина, пишав коментар, ама се загина низ вируелниов ни свет . . .падна у петокот ова конекцијава скапана [тажен]

Нема муабет дали било ил не било, и Фрчолина си призна дека поделил „2-3 шамара“ со образложение дека „тоа би го направил секој нормален човек кога би видел дека жената и детето (од кај па дете сега?!?) му се нападниати“
Така да, Алекса, си призна и Фрки, ко шо призна и Докторчето. Сичко шпте признаат, малку време уште само на ова ВМРОвсково племе, сите све ќе признаат, а баш така и треба.
Мене ми е криво за две работи:
Првата е што ЈАС не бев на местото на тој Александар, па со колегата Фрки да се разјанисме „фер и демократски“, онака „на ниво“. Имам и „алат“ у ауто за такви „дискусии“.
Втората е шо сега „професоров“ ќе фаќа кривини 30 год и нема да се појави на суд, а и кога ќе се појави, ке добие казна парична 4500 МКД.
Е тоа е муката во жална Македониа, а таа кутра ,таква е ко што е (жална) баш од професори од ваков „висок калибар“.
Оххх, НАРОДЕ МАКЕДОНСКИ, СО КАКВИ ИДЕИ СИ ТИ ???

П.С.
И уше за едно ми е криво: фрки ми е комшија цел живот, на 20 метара од мене живее, и знам дека ко мал не го играле другарчињата у маало пошо носел шорцеви 3 броја поголеми па изгледало ко да се панталони, а плус сакал со лептир-машна да игра џамлии, а тоа е забрането СО МААЛСКИОТ ЗАКОН за Џамлијарење. Е, криво ми е шо не сум некоја година постар, та јас да му бев другарче, СИГРЕН сум ќе го оправев, па сега че беше многу подобар и како човек, и како професор [се смее]

сликата на GoodBytes
Шо знам - од GoodBytes на 12 мај, 2008 - 17:21

dimitar27 напиша:

ГБ, се заебаваш ПРЗИНАЈ!!! Зема бе да дообјансува со Алекса, дека не треба априори да се почитуваат „авторитетите“. Па Ајнштајн го цитира... Боже ма пази [се смее]

Шо знам, има и деца тука, читаат по Интернет и учат за животот, не е само докторката.

dimitar27 напиша:

Е, криво ми е шо не сум некоја година постар, та јас да му бев другарче, СИГРЕН сум ќе го оправев, па сега че беше многу подобар и како човек, и како професор.

Ете гледаш, и кај тебе има порив да земеш некого „под свое“. [се смее]
--

сликата на aleksandra85

Имам и „алат“ у ауто за такви „дискусии“.
Значи ти немало да постапиш исто на негово место.????
Нема да ја заштитиш сопругата...
ЈАс сум сигурна дека ситуацијата не била толку драматична ко што ја направија новинарите
кога мудрецот ќе покаже кон месечината будалиот гледа само прст

сликата на dimitar27

aleksandra85 напиша:

Имам и „алат“ у ауто за такви „дискусии“.
Значи ти немало да постапиш исто на негово место.????
Нема да ја заштитиш сопругата...
ЈАс сум сигурна дека ситуацијата не била толку драматична ко што ја направија новинарите
кога мудрецот ќе покаже кон месечината будалиот гледа само прст

Алекса, па ти си активна?? Мудрецот уште ли кон месечината покажува или го заблое рака? [се смее]

Не провали сите, нема сапас од интелектот твој, не сме му дораснати.
ДА, признавам, ќе призанаат и другите, јадеме бурек и за Фрчолина и за сите до сега (тука вклучувајќи го и твојот омилен Докиќ кој најверојатно ќе ти биде шеф у не така скора идиниа, односно кога ќе завршиш медицина) од проста причина што им завидиуваме. Посебно им завдиуваме на изгледот, и успехот кој го имаат кај такви јаки цури ко шпто си ти, тоа највише не боли.
Готово, разболичени сме . . .може комотно БАГРА да ја атвориме, нема веќе поента пишувањево . . .

сликата на Сељачиште
Сигурно? - од Сељачиште на 12 мај, 2008 - 22:23

GoodBytes напиша:

Не те критикувам. Сакам само да ти укажам дека авторитетот не може да биде аргумент сам по себе, односно дека е здраво да се задржи резерва.

Точно така: авторитетот сам по себе не може да биде аргумент.

Повикувањето на авторитет е еден од трите главни стожери на ненаучното познание. Другите два се повикувањето на догми и повикувањето на „здравиот разум“ (анг. common sense).

сликата на aleksandra85
Вака... - од aleksandra85 на 17 мај, 2008 - 00:16

А кој се тие авторитети нашите квази новинари кои и служат на власта...ИЛи Миленко од ланал 5..
ил ЛАтас...абе ајде...
Што се однесува до Докиќ не му можете на малиот прст неговиот пронајдок ,,вакцина,,поцна да се применува....Докиќ ке си се наполни пари...кои ги заслужик со својот интелект.
кога мудрецот ќе покаже кон месечината будалиот гледа само прст

[Мореее, како би - од fLeX на 18 мај, 2008 - 20:23

[Мореее, како би ги грабнала и двајцата , па удри онака по дебар маалски, до крв посеруње, пошо на вакви друго не им треба. Само ќутек. Ебате смрдените фраери.
i]Што и да мислиш, исто ти се фаќа:)[/i]