Published on Опасна Багра (http://bagra.org)

За Брат Љубе и Јохан свинска глава на маса за Велики петок!?

Од
Креирано 24 апр 2008 - 00:18

Преземено од Вечер [1] [vecer.com.mk]
__________________

Македонците притворени во Хашкиот трибунал, заедно со притворените Срби ќе добијат печење и колачи на Велики петок (?!), денот на најголемиот православен пост, бидејќи катеринг службата во Шевенинген функционирала само за време на работни денови од неделата!

Во Хашкиот трибунал за воени злосторства сторени на територијата на бившата Југославија, се наоѓаат двајцата Македонци Љубе Бошковски и Јохан Тарчуловски. Водејќи се од информациите на сите оние што ги познаваат двајцата Македонци и Бошковски и Трчуловски, тие се дословни верници па ваквиот чин би ги нарушил нивните верски права.
Оваа неверојатна информација завчера ја соопштил Воислав Шешељ, кој го обвинил трибуналот дека на овој начин на него но и на останатите притворени со православна вероисповед им се нарушуваат верските права. Шешељ додал дека праксата била комплетно различна за оние притвореници од католичка вероисповест кои на 23-ти март точно во недела иако било викенд го добиле јадењето точно на верскиот празник.

Цитат:

Најнови вести:
http://vecer.com.mk/?ItemID=85695EEA9C6C2D428EC78B979CC78BBB [2]

Нема Велигден за Бошковски и Тарчуловски!?

Единствено Македонците Љубе Бошковски и на Јохан Тарчуловски кои се притворени во Шевенинген, за разлика од останатите православни притвореници односно Србите ќе им биде ускратена Велигденската литургија, дознава ВЕЧЕР. Во Хаг, само на Македонците во недела ќе им биде ускратено правото да присуствуваат на Велигденска литургија. Тоа ќе биде така сторено бидејќи не бил дозволен влез на православен македонски свештеник внатре во просториите на затворот.

Од друга страна пак Србите кои исто така се православни христијани без никаков проблем им било одобрено да присуствуваат на литургија на нивниот мајчин јазик, која ќе биде служена од православен свештеник од Ротердам.


Изворно URL:
http://bagra.org/node/8683