Дали треба маж да биде натеран да биде татко ако не сака? Сега на репродуктивниот избор се гледа исклучиво како на избор на жените. Ако очекуваме мажите да бидат одговорни тогаш треба да им се даде избор. Дали ако мажот и нагласи на девојката дека не сака деца, а она сепак забремени и го роди неговото дете, треба да плаќа алиментација?
Зошто на жените им се дават поголеми права за контрола на нивата репродукција и финансиска иднина? Жените можат да ја одвојат интимноста од размножувањето и се слободни од стравот за неуспех на контрацепцијата. Такви слободи мажите немаат. Единствена сигурна заштита е апстиненција. Затоа на мажите кои направиле обид за контрацепција треба да им се овозможи „финансиски абортус“ кој ќе ги ослободи од одговорноста за бебето.