Што ќе го убие Интернет
Спам
10% (5 гласа)
Вируси
8% (4 гласа)
Корисници
25% (13 гласа)
Микрософт
6% (3 гласа)
Закони за патенти
6% (3 гласа)
Закони за копирајт
12% (6 гласа)
Хакери
4% (2 гласа)
Цензура
31% (16 гласа)
Вкупно гласови: 52
»
- Додај нов коментар
- 2881 читања

Фали опција
Фали опција „ништо“.
Фали таа
Фали таа опција. Во нејзино отсуство гласам за Корисници.
--
Linux is free, as long as your time has no value.
Ништо нема да
Ништо нема да го уништи (што е тоа уништи ?!?), ама ако има некаква оопаснотс од некого, тоа е од полуписмени „интернетџии“ кои пишуваат вака како во прашањево за анкетава.Прво зошто е идиотско и неиздржано прашањето, а второ затоа што е напишано во стилот на „ја го удрив НА Зоки“ со нагласок на „НА“ :)
„Што ќе го убие Интернет“ ?!?
Ништо нема да
абе, ој си легни... :D
Ништо нема да
Ти не спаѓаш во нив? Не тврдам ништо, само те прашувам, ме интересира што ти самиот мислиш.
Дозволи ми да ти помогнам. Прашањето не е идиотско (претерано остро е тоа), но е неиздржано. Под „неиздржано“ се подразбира „содржи логичка грешка во аргументацијата“. Имено, формалниот проблем со конкретнава анкета стручно се нарекува Plurium Interrogationum. Таа грешка често се јавува во секојдневното маалско-семкарско дебатирање и се однесува на ситуацијата кога со самото прашање, без оглед каков е одговорот, всушност сакаш да сугерираш нешто. На пример, можеш во јавност, пред други луѓе, да прашаш некого „дали ако жена ти ти ја погоди супата нема да ја тепаш?“ Па... да, нема да ја тепам ако ми ја погоди супата... ама и ако не ми ја погоди пак нема да ја тепам! WTF? Некој посматрач од страна ќе помисли дека овој ја тепа жена му, а овој ниту ја тепа ниту ништо. Прашањето содржи претпоставка (дека типов ја млати жена му) чија што вистинитост воопшто не е утврдена. Прашањето е уствари обид да се протури теза, а не да се добие одговор. Исто и политичарите го прават ова охохооооо многу често. Ама кој да примети...
Еве уште еден пример: некој те прашува „до кога бе ќе се дрогираш“. Иако во сушина те прашува, него воопшто не го интересира времето, точниот датум кога ти ќе престанеш да се дрогираш“, туку со помош на прашањето сака да пласира тврдење - дека ти се дрогираш.
Претпоставката која ја содржи анкетава е дека нешто ќе го уништи интернет. Не е прашањето „дали“ туку „што“. Но тоа дали воопшто интернет ќе биде уништен или не допрва треба да се утврди. Не може да биде претпоставка на ништо, па ни на прашање. Да имаше само уште една опција („ништо“) оваа анкета ќе се извлечеше, но вака - јеби га - не чини.
И сето ова ти го пишувам пошто жена ми и малиот се излезени, јас сум сам дома, само што се вратив скапан од работа, у моментов немам ништо попаметно и плус обожавам да наоѓам системски грешки во што било. :-)
А што ако
А што ако „ништо“ е изоставено од причина сите што ќе гласаат за тоа? Тогаш нема да дознаеме од каде доаѓа најголемата опасност за интернетот гледано од аспект на багра посетителите.
Држи вода ова
Држи вода ова што го пишуваш, вака на прв поглед. Но, на втор, зошто да барам опасност која ја нема?
Не се коси, повеќе на д27 сакав да му пишам отколку што ми беше за анкетава...
Опасностите се
Опасностите се насекаде околу нас :-)
Според мене, најголема опасност на долгорочен план претставува напуштањето на принципот на "net neutrality", т.е. можноста на големите провајдери да пропуштаат сообраќај според сопствени критериуми и интереси. Конкретен пример е неодамнешната контроверзија со американскиот Comcast и закрчувањето на BitTorrent сообраќајот.
--
Краткиот живот гори појасно
http://torrentfreak.com/bitto
http://torrentfreak.com/bittorrent-throttling-isps-exposed-080421/
Мамицата нивна.
Него ајде јунаци оценете ги нашите:
Help Azureus to Fight BitTorrent Throttling ISPs
Сељо, комплетно
Сељо, комплетно те контам и се согласувам со тебе за темева, точно така е.
И не, не се сметам за неписмен интернеџија, иако приглупото човеченце со долго име мисли така, тоа за жал не може да разликува грешки во пишување, скопски жаргон, заебанции и сл. од целосно непознавање на МК јазик, правопис и граматика.
Така му се дешава (случува?!?) да ми наога грешен збор у(во?!?) текст каде 50 до 60% од сите напишани се (намерно)погрешни (што жаргон, што србизми, што заебанции), и испаѓа смешен пред сите.
Затоа пак, се труди и троши време да изнајде нешто на семоќната ВИКИПЕДИЈА, да го преведе или само пастира, и да проба да излезе паметен.
Е сега, некому таквиот стил на изразување му изгледа високоинтелектуален и издржан, а мојот пак начин и стил на изразување го гледа како „маалско-семкарски“, и тоа е сосема во ред.
Што не е во ред (според мене) е да се правиш со сила нешто што не си, поготово на вакво виртуелно место (всушност само овде и може таква глума), притоа криејки се зад никот ко пичка под кошула, само и само да си докажеш себеси, и на својата огромна суета дека ете си подобар од маалско-семкарските глупаци од твоето бившо маало. Ова посебно потврдувајки го со фактот дека си успеал да киднеш од сјебаната ти родна грутка, и си стигнал во белиот свет, каде за 2 моргиџа можеш да живееш (или така да замислуваш) живот многукратно подобар од оној на твоите заостанати другарчиња од генерацијата, кои ете немале нит сила, нит знаење да „успеат“ во животот ко тебе.
Мислам ме разбра, или да се вратам да подисправам грешкиве и речникот?
И да, одам да си легнам (ха), да не биде дека сум ептен инает та не сакам да го послушам Тумачовски, башка сигурно ке најде некое текстче по нетов каде е убаво објаснето колку е корисно да се легнува порано :)
сељо, зошто д27
сељо, зошто д27 као одговара на твој пост, а у ствари се жали на мене? ко ти да си пинк пантер, а он офцата.
сељо, зошто д27
Па за да не одговарам на 100 поста поединечно, затоа у еден пост.
А ти се препозна?? Ту јаз'к :)
Туку, ја си легнав, те послушав, ти ќе ме послушаш па да дообјаниш како си се лизнал така да бараш правописни грешки во пост намерно напишан најгрешно што може??
ај за кока кола
ај за кока кола анкетата пуштете ја.
барем таа има некоја смисла.
?
Јас мислам дека само Гојко може да му доака! :)
Закони за
Закони за копирајт, дефинитивно. Законите за копирајт ќе ја уништат суштината на интернетот - размена на информации.
http://tb.polygonized.com
Ја па се се
Ја па се се мислам дека цензурата единствена убитачна сила тука. :)
Веќе и почнаа да цензурираат, у Турција на пример цел Ју Тјуб го ишљакаа (ако не и порано ова или слично у некои други земји).
We didn`t land on Plymouth Rock, Plymouth Rock landed on us.
Ќе преживее Интерното
Ја нема да преживеам, односно ќе ме умрат, во цветот на староста, спамојве.
До сега ми е пораснат наааа толкав, немам предвремени ејакулации и женската ми е од уво до уво задоволна и да Ролекс носам на сите раце, и дипломи имам од све, и апчиња пијам многу и редовно ... Да, и едно катрљон миљарди долари од браќата браон шо с е без мајка останати.
Све имам!
I'm Winston Wolf, I solve problems.
а ја иам
а ја иам престој у УСА у наредниве 34546954648420 години.
House music all night long...