По патот поплочен со гомненици
На првиот свиок после контејнерот, кој го спојуваше паркингот преку неколку метри калдрма со патот, веќе се забележуваа гомната во празнините меѓу коцките. Беа убаво истапкани, припитомени и троа исушени.
Патот беше полн, сообраќајот густ, колите брзи а возачите мизерни. Гомната се валкаа по патот, завземајќи позиција централно засебно на секоја лента, некаде помеѓу патеките на тркалата на брзите коли. Имаше гомна и од двете страни на патот, кон краевите на коловозот и издигнатоста на тротоарот.
Гомна имаше и на првиот семафор. Се мешаше миризбата од гомната со миризбата од старите издувни цевки. Брзото отпуштање на квачилото, комбинирано со длабокото притискање на гасот, ги корнеше гомната од асфалтот, ги расфрлаше низ воздухот и ги фрлаше врз возилата. Гомна имаше и малку понатаму, на патот од супермаркетот накај улицата со продавниците. Имаше многу гомна и на широката улица со три ленти. Беа некако подеднакво распоредени по сите три ленти, онака по средина на секоја. Гомната завршуваа некаде на самиот излез од урбаната средина, и течеа како делта кон еден земјен пат, нормален на асфалтираниот, спојувајќи се во земја-гомно-трева.
Лево веќе имаше чист истрошен асфалт, со дупки и со дупки пополнети со друг, понов асфалт. Патот полека но сигурно стануваше се пострмен. Секој нов свиок беше се поспирален. Како да се искачуваш на небото, во својот автомобил. Гомната полека но сигурно, се двоеја од тркалата, остануваа зад возилото.
Восхитувачки пејсаж, високи дрвја.. Сончеви зраци се пробиваа низ нив, и правeа лајт шоу врз твојот нов пар Gianfranco Ferre.
Усните ти преминуваaт во позиција на блага ненаметлива насмевка...
Ги отвараш широко очите, го спушташ стаклото од прозорецот, див воздух влегува и се меша со мувлосаниот внатре во возилото. Ти станува ладно, познато и природно ладно. Ја исклучуваш музиката. Тркалата зујат по истрошениот асфалт, звукот се одбива од карпата од лево и стигнува до твојата ушна школка, милувајќи ја како Латина. Секоја митохондрија е полна со АТП, твоето битие е во фаза на целосна подготвеност.. Твојот организам пумпа од секој свој клип.. Тука тој е дома! Крвта пулсира полнејќи го секој крвен сад, носејќи ти благопријатна топлина.. За момент, замелушеноста го достигнува твојот лимит, и на момент ги затвараш очите во своевидна пост-коитуална дремка.. Се сецкаш!
Почнуваш да си зборуваш себеси, поминуваш покрај стара црква. Како кога свадбена поворка се вкрстува со погребна, нештата стануваат јасни и фокусирани.. и премолчени.. Гомната остануваат далеку зад тебе, некаде во приквечерината наближуваш кон дестинацијата. Развиорено размислуваш за средбата која следува, и за впечатоците од твојот волшебен пат. Најблискиот оштар свиок, крие скршена банкина.
Додека леташ низ водухот во своето возило, немаш никакви флешбеци. Дивиот воздух кој струи покрај твојата глава, те тера да хипервентилираш, возбуден си! Гомнениците се далеку зад тебе, ако ништо друго...
Во една инсталација на Мајката Природа, Твоето возило со голема брзина се превртува низ локалната депонија сместена во провалијата. Животот - е лесен.
- Најавете се или регистрирајте се за да испраќате коментари
- 2926 читања

баахаха доста
баахаха
доста задоволливо
фала ти. ахој
ахој? ти не ќе
ахој?
ти не ќе да си у Словачка...
House music all night long...
нишо повели и
нишо повели и друг пат...