4 декември, 2008 - 03:59
[веб кирилица]

Во согласност со ситуацијата...

од scaptomant на 11 апр 2008 - 16:07

Последниов период, на Балканов владее период на (што би рекле Европјаните) преседани. Америте прогласија нова држава на Балканот, Грците ни ставија вето на нашата покана за во Нато, само на основа на "недоразбирањата" околу името и уште 300 глупости. Ама сепак најомилен феномен ми е, можеби единствениот случај во историјата, па и во географијата, кога опозицијата е против предвремени парламентарни избори. Да не е трагично, апсолутно ке беше смешно. Трикот е "Аман оставете не во опозиција. Убаво ни е тука, терајте си вие, ние таман си го стопливме местото и не се тргаме од тука." Како да не им се доаѓа на власт.

Е сеа тука има и математика. Ако и покрај "поразот" на оваа влада во Букурешт, опозицијата има црни проценки за исходот на изборите, тогаш веднаш нека седнат и нека помислат каде се. што прават, до кога планираат да го прават тоа, дали народот го прочитал нивниот план и дали во скоро време планираат да сменат нешто.Промена на врвот, на средината, на дното, на програмата, на сопствениот народ можеби.

Да се разбереме. Имам спомнато во една моја сторија дека не сум член на ниту една партија. Меѓутоа, овие апсурди и глупости на СДСМ, кои произлегуваат од нивниот низок рејтинг кај народот, само оставаат простор владата да се опушти и да навлезе во други нус-појави на моќта. Еве го градоначелникот на Аеродром. Ке почнат и други. Ништо без јака опозиција. Значи сум симпатизер на повекето потези на актуелната влада, но темпото на дејствување ке се забрза само со јака опозиција.

Следниве избори, на Македонската политичка сцена ке ги остави само "Големите Четворица". Во историјата ке отидат ЛДП, ВМРО-НП, ДОМ, НСДП, ЛП и сите други сателити на црвените или на плавите. Ке изумрат алтернативите на "неодлучените". Нивните гласови ке се поделат на големите партии, а овие ке си ги кренат акциите на загрозувачко ниво.

Како и да е, да не се одалечувам од темата. Поентата беше, СДСМ да ги ревидира ставовите околу главните прашања во Македонија. Ако остане вака, во иднината гледам "Голема Тројка" (колку Нострадамовски звучеше ова [се смее]).

сликата на Tapa user
Среќен пат - од Tapa user на 16 април, 2008 - 07:55

Среќен пат [хаос]
_________________________________
Polygonum aviculare