Грција инсистира САД да бидат исклучени од НАТО

Грчката министерка за надворешни работи Дора Бакојани денес објави дека Грција ќе стави вето на постојното членство на САД во НАТО, доколку САД не го промени своето име во "Соединети Држави на Централна Северна Америка."

"Грција е конзистентна. Како што ставивме вето на FYROM (Former Yugoslav Republic of Macedonia) бидејќи сме единствени кои што имаат право на тоа има на целата територија на Македонија, исто така даваме вето на FBCOA (Former British Colony of America) кои полагаат права за користење на името 'Америка'," порача госпоѓа Бакојани на денешната прес конференција.

Таа истакна дека територијата на FBCOA покрива помалку од половина од континентот Северна Америка, што всушност е само еден од двата континенти Америка.

"Загрижени сме дека користењето на името 'Америка' од страна на FBCOA, што имплицира нејзина територијална претензија кон соседите," објаснила Бакојани.

Таа додала: "Лидерите на оваа нова земја со популација од 300 милиони, инсистираат својата татковина да ја викаат 'Америка,' и покрај тоа што тоа име е дел од индијанската култура и историја илјадници години наназад," притоа реторички прашувајќи, "Дали и Покахантас била Англо-саксонка?"

Медијаторот на О.Н. се обидува да најде решение за "проблемот со името," кое ќе биде прифатливо за двете страни, и кое ќе му дозволи на САД да остане во НАТО. Пратеникот на О.Н. Метју Нимиц, даде неколку предлози, вклучувајќи ги и "Демократски Соединети Американски Држави," "Нови Соединети Американски Држави," и "Соединети Американски Држави (Вашингтон Д.Ц)," меѓутоа сите беа одбиени од Атина.

Претседателот Џорџ Буш го прифати фактот дека оваа недела на самитот на НАТО во Букурешт, САД може да го изгуби своето членство во Алијансата доколку Грција инсистира на тоа.

"Ќе продолжиме да бараме заедничко решение за ова прашање," изјавил Буш.

Бакојани најавила дека Атина размислува да побара промена на името и од Обединетото Кралство, истакнувајќи дека "Британија" е името на соседниот француски административен регион. Постојат индикации и дека Грција може да инсистира Обединетото Кралство да биде преименувано во "Обединетото Кралство на Северна Британија и Северна Ирска," доколку сака да остане во НАТО. Атина допрва треба да го формализира ова барање.

 

Слика на Fluke

големо чудо

Драго ми е што сум антимилитарист.
Љубов и само љубов се друго може да оди у.....
:wink:

Слика на дамјан

Абе доста

Абе доста напињате со НАТО веќе преку такво.

Слика на fLeX

Ват иф! ))))) И

Ват иф! ;)))))) И грекосите одма срипале..паприка итинг есхолс;)))))))
Што и да мислиш, исто ти се фаќа:)

Слика на zlochko

Преведен на англиски и доработен

Еве ја англиската верзија од преведениот и малку модификуваниот текст:

КЛИКНИ МЕ!

Под него има копчиња од digg и reddit, така што - не заборавајте да гласате и да му го качите рејтингот.

Слика на aceva

Па па па!

И цук цук цук (се крсти еден некрстен одоваде)!
Кликнав. И прочитав тоа коментарите... Мачно, мачно.
Добро, умре ли душата на Балканов? Остана ли некој цел у глаата смешка да сфати?

I'm Winston Wolf, I solve problems.

Слика на vikky

Грција инсистира САД да бидат искл

цц ц цц
цепќи
смешно е вака, а у ствари тарзан трендо се поигрува со намачените души кои ова ќе го препричаваат како живи вистинииии еее

--Клукајдрвци ја издупија вилата на премиерот -- vest ! http://www.vest.com.mk/default.asp?id=128437

Слика на vikky

до кога бре

до кога бре хрсистијани Гоци ќе ве лажи???

--Клукајдрвци ја издупија вилата на премиерот -- vest ! http://www.vest.com.mk/default.asp?id=128437

Слика на gojko

Најубавиот автогол во животот

Ова е најубавиот автогол што сум го видел во животот. Не се ни свесни колку ова ќе ги чини, а колку ние во иднина само ќе си добиваме.А и драго ми е што е готово со туристичките аранжмани за таму, а тие што ќе одат се малцина и некој мал процент.
Друго ја сум на Космофон и ќе размислам дали да продолжам да објавувам реклами на тој број туку да си се префрлам на Т-мобиле, ако видам дека недела-две не ми вртат на тој број, зашто најавија бојкот на 075. Подобро брзо смени отколку да си во губиток.
:loshgjavol:

Агрегирање содржина