Преземено од A1 [www.a1.com.mk]
__________________
Македонија остана без покана за прием во Алијансата на овој самит во Букурешт, но ќе има специјален билатерален договор со кој Америка ќе се обврзе да ја гарантира нејзината безбедност.
Овој договор ќе биде потпишан во наредните две недели, кога во Њујорк треба да отпатува министерот за надворешни работи Антонио Милошоски.
Тоа е епилогот од она што се случуваше денеска на самитот на НАТО во Букурешт. Во првите реакции претседателот Црвенковски и премиерот Груевски ја истакнаа цврстата определба на Македонија како држава да се продолжи на патот кон евроатлантските интеграции.
Претседателот Црвенковски по средбата со американскиот претседател Џорџ Буш изјави дека никој и ништо нема да ја спречи Македонија на патот кон создавање модерна, европска држава и вклучување во евроатлантските интеграции.
Премиерот Груевски нагласи дека Македонија како држава минала низ многу тешки периоди и дека ќе го надмине и овој тежок, историски час во кој се најде по самитот во Букурешт. Во тоа ќе и помогнат нејзините сојузници во Алијансата.
Никола Груевски упати јавна благодарност до американскиот претседател Џорџ Буш за сето она што САД го прават и ќе го прават за Македонија.
Последни коментари