4 декември, 2008 - 04:06
[веб кирилица]

Не добивме покана за НАТО - животот продолжува!

од gojko на 3 апр 2008 - 14:19

Последните денови се насетуваше каков ќе биде исходот од непримањето во НАТО,а поупатените стручњаци верувам одсекогаш знаеја каков ќе биде исходот но мудро молчеа кога виша сила е во прашање. Сепак во спорењето и расправиите по медиуми, во приватниот живот меѓу луѓето на крај излегоа во право тие што тврдеа дека со Грција слично како Палестина и Израел скоро никогаш нема да биде решен проблемот со името и дека името не е клучниот проблем туку зад него се кријат други намери, а тоа е да не постоиме при тоа грците веќе се уиграа на континуирана силна кампања против нашиот идентитет. И затоа е во ред написот во ВЕСТ дека ни се наш единствен “вистински“ непријател.
Сега секој и малку паметен ќе разбере ако некој политичар ќе нападне друг затоа што не се успеало е само нечесна игра на партијата за побргу да дојде на власт, а баш му е гајле за подобрување на животот на народот.
Би предложил да си се свртиме кон упорна работа на економско, културно, спортско и друго поле и како што размислуваа одредени граѓани по медиумите “не да ги бојкотираме грчките фирми затоа што таму има полно македонски производи туку да ги бојкотираме само грчките производи“. Еден ден и ние да целиме да отвориме некоја фирма во Солун и во таа насока да ја водиме борбата со нив. Без никакво насилие. Да бидеме над нив. Во Европа сигурно ќе бидеме, не мораме одма во НАТО. Ние само ќе бидеме поддржувачи, а верувам еден ден и ќе се изменат законите во Европа, не треба ништо трагично да разбираме.
Како пример кога ќе имаме спортско натпреварување со нив да не подлегнуваме на нивните провокации, туку само да си ги развиориме знамињата да навиваме на глас МАКЕДОНИЈА со музика и тапани “никако навредливи пароли со бедни шиптари и чиста Македонија“ и да не искажуваме јавно на собири ами само да работиме месеци, години и повеќе да си го подобриме имиџот како вреден и весел народ подобрувајќи си го земјоделието и туризмот, а другото само по себе неусетно ќе си дојде. Само да се настроиме позитивно и топките сами ќе си се наместат. Со насилие, хулиганство или јавно искажани националистички ставови на собири и медиуми само ќе ни штетат и треба што побрзо да ги отстрануваме и казнуваме таквите појави кај нас за доброто на нашата иднина.
Значи и покрај учеството во мировните мисии и придонесите што ги правевме победи минатото форсирано од грчката пропаганда и со тоа губи и Грција индиректно и цел регион, плус ова е еден вид и удар на алијансата. И не обвинија за иредентизам и подло ни местеа и ни правеа фотомонтажи. Како тргнало во нивните историски читанки и со опасност така да не претставуваат во светот.
Суспендирани се човековите права и меѓународното право......
Време е за поинаква стратегија, а единствен излез е да си се свртиме кон себе си да си го олеснуваме нашиот живот.