Значи некој си академски сликар Атанас Ботев прави анти-НАТО и анти-Грчка изложба во клучни моменти за нашава земја (што не е дури ни забавно т.е саркастично). Низ целиот град виснале некои квази рекламни билборди, небаре рекламира паштета Аргета, кои во голем план го содржат грчкото знаме и една лоша монтажа на негова семејна фотографија (демек од Егејска Македонија) а главниот момент е свастиката или кукастиот крст кој се појавува наместо крстот на грчкото знаме.
Прво се прашувам кој ги финансира тие ѓубреџиски плакати што знаеме многу добро дека многу коштаат! И тоа во ваков момент кој е клучен момент за нашата земја. Немојте да се чудите ако за неколку години работите на фабрика на лента и немате за леб а камо ли за блутут и уајарлес...можете слободно да се обратите кај г-динот Ботев. Тој ќе ви каже дека неговото иселеничко семејство исто така немале леб да јадат кога ги избркале од родената земја. Што сега изгледа како логичен одговор, но како ли ќе изгледа кога мојот живот ќе биде сведен на просјачки стап.
Она што е интересно е дека нашата мила и драга 103ка ја рекламира изложбата на сликаров, во која се истакнува дека делата биле создавани под дејство на опиум. Значи и самата изложба е продукт на ОПИУМОТ! но очигледно оној најлошиот, средството на хегемоните и властодршците!
А тоа што најмногу ме изнервира е дека истиот тој засегнат академски сликар Танас, не застана позади провокацијата што ја прави (бидејќи не може да е ништо друго освен провокација )туку наместо тоа изјави дека кукастиот крст бил древен индиски симбол (!!) што означувал љубов, среќа и радост! Сеуште очигледно под дејство на политичкиот опиумски реквизит - си кажа што му дојде - љубов нешто, среќа, семејство...Се прашувам само дали сеуште функционираат инстиуциите за лечење во Кисела Вода? тоа за малце не го изјави пред камера, ама изгледа си знае.
Боже роди ме сликар и фрли ме во Македонија!!
Последни коментари